Да, имуностимулатор е, со бета глукан. Три месеци ќе давам, па пауза месец до два ќе правам. Али си давам и Babyvit витамини плус.
Јас и давам сабајле на гладно, 3мл пред да тргне во градинка. А попладне кога ќе се врати витамините. Така ме советуваа од аптека, па така почнав.
Што е најефикасно да користам за црвенило и осип на пеленска регија? Скоро девет месеци еднаш сме немале проблем, денес првпат го задржаа подолго во градинка и одма ми го вратија партал газето и се околу него
миење со вода место влажни бар дур не е во градинка и крема со цинк - кај нас веледата обично помагала многу. Други се фалат со судокрем, јас лично не сум пробала. Инаку ако е црвен осип баш со брунчиња може да е и кандида па во таа ситуција мора и канестен да се мачка но мислам дека тоа обично не се појавува така одма во еден ден.
Црвено е и има ситни црвени точки, ќе следам утре да видам дали ќе има промена. А сабајле го пратив без ништо, по 5-6 саати беше веќе со осип. Судокрем не би, има цинк оксид ама има и парафин. Веледа до скоро користевме, сега последно сменив ама изгледа ќе мора да се вратам на неа.
Од кандидата осипот е баш јаки црвени вжарени брунчиња, на прв поглед мене ми изгледаше како обичен пеленски осип но после веќе вториот пат кога се повтори знаев да препознаам.
Канестен и Белогент маст по многу малку да иземешаш и да мачкаш. Два пати на ден максимум три дена , со комбинација на судокрем. Добитна комбинација за Дарија. Да им нагласиш да не користат други памперси и влажни освен вашите . Тој памперс што го носиш во ранчето за резерва , означи го со маркер.
Мојата во 16м само два пати имала црвено доле, вториот пат пред да се разболе со тт од систина педијатарот ми рече намалување на имунитетот и одма се исфрлила, кај нас помогна маст за потпарено од еурофарм околу 350ден беше и канестен
Да не ве тагнувам сите посебно. За потпарено газе, црвенила , рани во делот на пеленска регија. Ако имате некој од Берово, да ви ја земе и прати кремата, ќе се препородите и се што имате од креми ќе заборавите.Навечер мачкам, сабајлето е стакло. Лек 5 пари чини. Ја прават во аптека Софора мислам се вика. Спас е за се.
Здраво Би сакала да слушнам мислење од вас околу распоредот на бебиња што одат од 9-10 месеци во градинка. Моето би почнало тогаш, и не знам колку дремки ќе има, ама сигурно нема да е со една. Тоа едно, друго околу ручекот. Ручкаат нели пред дремка, и после дома што правите? Уште еден ручек и вечера, иили? И најважното, за тиа што ви заспиваст во раце малите. Таму сигурно нема тоа да го практикуват, ама како ги одвикнувате од тоа? Ви благодарам
Моето јаде многу во градинка, така ми кажуваат и претпоставувам дека е вистина зошто е јадач, а дома ручек не ми сака. Му давав до година млеко после градинка па вечера. Сега нешто ужинка па вечера. Не сака и ручек и вечера да јаде. Инаку моето почна на 11 месеци, сега е 13 ама уште е на 2 дремки. Од старт успева да седи буден до после ручек и таму има 1 дремка, а дома уште една накај 17ч кратка. Таму ако заспијат претходно ги оставаат да дремнат, ама не многу зошто после нема да спијат со останатите. А за нишање, не го одвикнав. Дома уште се гушкаме. Таму го тапкале по газето само и заспивал.
После во колку ти заспива навечер? Мојава не е некој спијач,спие во градинка ама ете да кажам еден саат. После тоа накај 18 е веќе готова и почнува да кризира за спиење.. Ја држам до кај 19:30 и ја успивам
Па најчесто до 21:30 е веќе заспан. После 21 заспива обично. Сака да спие преку ден он, го гледам и кога сме дома, над 3 часа ги тепа во денот уште..
Мојата ќерка оди од 8 месеци. Во градинка, регуларната дремка е од 12 ч. Ама неа и даваа да дремне 20тина минути околу 10-10:15 ч. Претходно имаше доручек и ужинка, кратка дремка и ручек, па главната дремка. Па ужина и рана вечера имаше на градинка. Инаку на почеток кога ја зимавме околу 17 ч, имаше кратка дремка од 30тина минути дома, после градинка. А за јадење дома после градинка околу 18 ч и дававме зеленчук со парче месо, зеленчук со јајца, ориз со месо и сл. А пред спиење некогаш и гриз, млеко и бисквити, смути - зависи како е гладна.
Еве уште едно искуство од мајка на бебе неспијач и бебе што никако, ама никако не заспива само, туку исклучиво во раце и со нишкање. На 8 месеци почнавме и после адаптацијата кога почна да седи повеќе 2 недели никако неќеше да спие, а во раце го држеа и секој обид да го спуштат беше неуспешен. После две недели почна да се навикнува, или барем така сега ми кажуваат дека спиел. Сигурно не два саати како што тие сакаат ама саат - саат ипол спие. Еее после дома кога ќе си дојде до 6 се молиме за уште една дремка и баш ќе ми заспие во ниедно време кај 6 за после да не можам до 9-10 да го легнам. За јадењето кога ќе го земеме цица најчесто и после му давам вечера (ако во градинка немале месо му давам месо).