Точно е дека дури август ги прават групите, ама би требало и сега да може да се почне што знам. Ние од раѓање сме запишани, и почна на неполни 9 месеци Декември.
Во август се прават групи, точно. Обично се запишуваат од раѓање. А дали ќе ги примат одма, дали ќе ги примат воопшто зависи прво дали има место, второ дали имаш врски. Ако имаш врски кога сакаш ќе ја пуштиш и кога сакаш ќе ја запишеш и никој ништо нема да каже. Е сега во некои општини ни врски не палат, зашто има по милион деца на листа за чекање и сите се со врски. Ова за Аеродром. Зависи која општина си, мислам од Скопје беше.
Женски мора по лична карта да се водат родителите во одредена општина за да може бебето да се запише во државна градинка во истата?
Ти кажав јас еднаш баш тука, само со врски, така ако чекаш нема ни да ти се јават и смао ќе си чекаш. Може имал некој среќа ама тешко.
Набрзина пишувам извини на печатни грешки. Одговорот мие точен бидејки јаслите се препуни. Незнам како е во вашата општина нека каже некој но еве кај нас е многу голем проблем. Со највисоки врски сега бебето го запишувам е до толку е. За во градинката кај син ми со врски од две места не го примаат и готово. За големиот една година ме маткаа откако не се отиде исто повисоко абер немаше да го примат. И тоа во две градинки имав апликација уште кога имаше 2 месеци од едната не ми се ни јавија никогаш.
И мене верувај и глава ме боли секој ден бидејки еве и уште ми се немаат јавено од градинката а он треба да почне за скоро. Пренаселено е, згради се градат и градат а градинки не се градат групи нема нови.
Зависи која општина сте. Кис вода и Аеродром е хаос знам. Ама па и таму и сегде, само врски и тоа ептен јаки. Убаво пишала другава членка. Таа е реалноста. Којзнае дали е така и по другиве градови.
Ние се запишавме на 3 месеци, денес сме 5+++ со врски ова за Аеродром почнуваме на една недела пред 8 м. Значи баталете август групи ова она. Немаш врски нема место. И секако голема улога игра 2 ја вработени. Ебате државата да молам ојлевцини дојлевци за дете да ми оди во градинка.
Скроз си во право. Мојава не е ни запишана. Зашто имам врски, ми рекоа донеси документите една недела пред да почнеш да ја носиш. Ама па па друга страна има место во нашава градинка, 12 дечиња се.
Исто е, дури полошо. Битола бев да го запишам на 2 месеци, директорката беше тука и прашувам дали има шанси да почни на 9 месеци. Таа ми вика да не те лажам, шанси нема, барај си врски ако ти е хитно. Замисли и тоа дека како можност пишав дека ми одговараат 3 градинки со локација. Листата на чекање била многу долга. За Охрид и Струга знам дека е катастрофа. Внук ми запишан од раѓање, сега на 5години го викнаа да почни и почна. Претходно цело време прашуваа, преполно било. Врски не побараа, имаше кој да го чува.
Ne e tocno, prvata nedela jas ja nosev posle koa ostanuvase poveke maz mi. Nego mu zvonea go vidoa deka e pofleksibilen so rab vreme. On nosi on zima bebe,mene ne me videle cela nedela. Use cekam u viber grupata mamicki da go staat
Znaci adaptacija 2 nedeli. Doduse zaviis od bebeto ama eden den mora i ti da preseces ako ispadne nejke da odi. Moeto bebe veke cet i pet sedi po skoro cel den 10.30-3.30 zaso na maz taka mu odgovara da ja nosi/zima
Мене уште не ми се јавиле а он ќе треба да почне за скоро. Мене нема да ме сакаат со сигурност ти кажувам. Пошто нема шанси да им искачам од раб, сега нели ако рече има темп повраќа тоа нормално.