Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Секој ден упорно одете без разлика на време какво е, топло ладно дожд не е битно. Утре ако ти речат половина час ти појди за 40 мин, и секој ден продолжувај за 10 мин. Ќе плаче сигурно, оставај и излегувај. Нас некаде не фати 3 недели, дента кога почнував со работа ја оставив цел ден и толку беше, никој не ме побара.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Леле исти сме
    Ова му е трета недела како оди и тоа по 2 саати едвај
    Се јавив денес дали може повеќе да седи во среда, може вика ама носето му течело
    Ете го само кива и му тече носето и нема да го носам утре
    Па пак ќе треба отпочеток
    И да, не бил спремен за оставање на спиење оти кенкал денес а ни на носење ни на земање плаче
    И незнам како да постапам
     
    На Slonce91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Немам намера, а ни време за да се адаптира со месеци. Им кажав дека имаме 3 недели и тоа е тоа.
    Нормално е да покенка, бебе е, се му е ново. Само да не плаче цело време, ќе им го оставам подолго секој ден и ќе си се навикне :)

    Само нека ни оздрават побрзо :inlove:
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Na dete vo gradinka ili tece nos ili e zatnato nema zaso doma da go cuvas. Inace normalno e da kenka i za spienje i da ne spie ama mora upornost inace nema da se adaptira
     
    На BezglasnaBukva и Lea.Messi им се допаѓа ова.
  5. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    834
    Абе на сите им тече нос, појачајте на витамин ц, така ми кажа мене матичната, без разлика дали во капки или овошје само.
    Ова зборувам ако не се обоени мрсулчињата (зелени,жолти), туку се бели како водичка. Ако се обоени, најдобронамерен совет брис да направите.
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Не се избоени, како вода се
    Еве го денес нема ништо ама дека почеток и знаете како мафтаат само да оди по малку време
    А не е убаво така ни за бебо ни за нас
    Се испаничив цела вчера дека може е настинат ама нема ништо
     
  7. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    834
    Многу е веројатно дека нема ништо и не престанувајте да го носите, тоа кај за викенд си викаат супер е нема градинка, па уште и други денови ако не го носиш, многу трауматично ќе си го сфаќа секое повторно тргнување.
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Mamicki nie oficijalno startuvame od prvi vo gradinka, 14 meseci sme. Kako gi oblekuvate za tamu decinjata ? Po kratki ili po dolgi gore ?
     
  9. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    834
    Тренерки доле, горе боди на прерамки и одозгора тенко блузиче на долги. Во ранче ставам секогаш резерва = на тоа ти носи + маичка по кратки ако сметаат дека му е топло да може да го преслечат.
     
    На Iva Mitrevski му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    За запишување, пријавување, како и да е, не бараат никаков документ, ништо? Се јавив да прашам, ми рекоа само матичен број, мој мобилен, име и презиме дека ќе треба и дека морало во живо.
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Да, откако ќе биде примено детето ќе ти кажат кои документи треба да ги однесеш.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    А мора да појде од септември? :^) Малку не ми е логично, ама така ми рекоа, порано од септември не може. Ај јас дури касно се јавувам, ама една познаничка го пријавила во март, ѝ рекле во септември да појде.
     
  13. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    На лице место појдов во администрација, со лична карта. Ме најдоа по адреса и ми кажаа кога може да почне и што да понесам. Успат ми ги покажаа и занималните
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Па и јас овој период го пријавив и ми рекоа дека групите ги прават од септември и така и беше. Во август ми се јавија дека е примен, 2 недели рок ми дадоа за мрп и тргна средина на септември. Дали може порано не знам, можеби зависи од градинката и дали има место.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    А ако не ја прими вакцоната, нема да го примат воопшто?
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Моето немаше да го примат зашто нема медицинска препрека да не ја прими вакцината. Ако си имаш потврда од доктор дека не смее да ја прима тогаш само треба да се однесе во градинката и нема проблем. Неофицијално, со врски може слободно да си оди и без вакцината :)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ako imas vrski ke go nosis koga sakas poso odma ke go primat
     
    На nevermet18 и Tea SK им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.231
    Допаѓања:
    8.003
    Пол:
    Женски
    Со врски може кога сакаш, без врски од септември.
    Мојава од средина на јули ќе почне адаптација.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Од скоро искуство. Го пријавив во декември, за да почне од април (во апликацијата бараа да наведам кога сакам да почне). До април никој не ми се јави, ги побарав јас, само ми рекоа нема шанси, нема место. Почнав да вртам по сите луѓе што ги знам, да најдам врски, затоа што во мај требаше да почнам со работа. Стигнав некако до директори, до градоначалник, молев буквално. На 30ти април петок, ми се јавија дека е примен, за од 3ти мај вторник да почне.
    Само врски! Почни со време да си бараш :)

    Едит: за аплицирање не ми бараа никакви документи, само отидов таму и пополнив апликација со лични податоци.
    Кога ми јавија дека е примен, отидов земав договор и листа со потребни документи. Бараа потврда дека сме вработени, потврда за здравствена состојба и за примени вакцини.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lilyen

    lilyen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Што е подобар избор за бебе кога мама ќе почне со работа ги имаме и двете опции и некој да го чува и да оди во градинка (приватна со малку деца)? Многу се мислам што е подобро. Како е вашето искуство со толку мали бебиња во градинка?