Моето почна од 9 месеци во градинка а јас цел месец бев дома дека стар одмор имав па го адаптиравме пополека а на спиење не почнавме сеуште Мајками од оваа недела е на одмор и јас требаше од понеделникот на работа ама ми се разболи и земав боледување па ќе видиме , ќе тераме Да оздрави па ќе го носи мајками на спиење да се адаптира во градинка Колку помало толку подобро и полесно, може со болести ама ќе помине ..
Па и јас некако повеќе сум за во градинка за да се навикне дури е помало и ќе си биде со други деца ама многу ме плашат настинки, бактерии кај толку мало бебе. Беше настинат пред некој период многу тешко поминавме се изнамачи и тој и ние.
Мојата оди од 9пол месеци во приватна градинка. Презадоволна сум. Јас сум секогаш повеќе за градинка него жена. Ем си стекнува навика детето ем има социјализација. Мојата многу брзо се навикна и почна да седи по цел ден. По 3 недели одење се разболе па бевме недела ипол дома. Па по една недела во градинка пак се разболе па уште две недели седеше дома. Ама еве од тогаш месец дена си оди и супер си е. До пред да тргне во градинка се немаше ич разболено освен растечено носе. Ама факт е дека за имунитет да се створи мора да се поминат вируси и бактерии.
Колку време трае период на адаптација? Конечно го пријавив, поради ситуацијата ми рекоа дека ќе има предност пред другите да појде, па ќе видеме дали ќе може од септември да почне.
Зависи од детето. Моето после 3 дена седење по 1 саат почна со доручек и ручек и веќе од утре со спиење. Плачливото бебе мое таму е бубалче си јаде си пие си игра. Дури по две тањирчиња си јадело од ручекот.
Многу зависи и од детето и од воспитувачките во градиката! Првиот ден седи 15 минути, следниот околу пола саат 40 минути. Ако е ок првите 2 дена, третиот се остава саат време да седи. Ако без проблем седи саат се продолжува на 2-3 саати зависи. Е сега пак ќе кажам многу зависи и од воспитувачките. Познавам многу што ми се жалат дека им плачеле бебињата ама во градинките ги ставале во креветче и така ги оставале. Нормлано така дека ќе плаче. Треба да го заиграат, да му направат да му биде интересно. Во приватните градинки тоа е предноста што има малку дечиња и повеќе воспитувачки па вистински можат да се посветат на децата.
Јас избрав да почекам пред да го пуштам во градинка. Да, секако ќе треба да помине и болести и настинки, ама избрав тоа да го помине малку поголем, да наполни барем 2 години. Би сакала да ги заобиколам јаслите и да почне во група со мали деца. Приватните градинки си имаат свои предности, кои лично мислам дека се изразени во јасли, ете како што кажа Ивана погоре да ми го држи цел ден бебето в раце оти плачи. Ама сметам дека во поголемите групи каде што дечињата се веќе поголеми, знаат да си играат и може да се спроведуваат активности и едукација веќе се изедначува државна со приватна градинка. Секако ова е само мое мислење, искуство немам. За разболување ќе се разболува и таму и таму, со таа разлика што во приватните пуштаат невакцинирани деца, деца без чисти брисеви од нос и грло и на крај и болни деца. Ако веќе давам пари за приватна градинка, би платила жена, па кон 2-2 и пол години би го запишала во државна. Ова е само мој став. Инаку кога веќе ги имаш двете опции, можеш да почнеш во градинка, па ако нешто не оди по план, имаш бек ап.
Секое дете си е различно, а во градинките гледаат да го продолжат периодот. Јас откако им кажав готово, почнувам на работа, нема кој да го чува одма го адаптираа и сега си седи од 7:30 до 15:30. Вкупно периодот на адаптација траеше 1 месец, додека да почне да седи цел ден. Со тоа што во тој месец една недела одеше, па една дома болен, па пак една одеше, една болен. Не беше ништо страшно. Сега му е веќе трета недела, фала богу добар си е. На оставање плаче, ама внатре одма се заигрувал и цел ден си е расположен.
I jas mnogu se mislev sto da.pravam i resiv da probam so drzavna. Za zena nemav verba, privatna nekako ne mi bese opravdan trosok, babite ni rabotat. Za privatnite skroz se slagam so @IRBBB vo odnos na rizik od nevakvinirani i bolni deca. Prvo pocnavme vo edna ama dur se adaptirase kupivme stan na drugo mesto i odma ja prefrlivme. Mozam da kazam deka ima razlika sto verojatno se dolzi na personalot. Vo prvata imase edna namkor zena bebe use od start na prv pogled placese od nea i ne prekina za mesec ipol kolku sto bese tamu. Pelenska regija brisena nedobrisena za krema da ne praime muabet se zacrveni ko majmunce, nosot sekogas i bese neizbrisan pun ne znam kako disela. Vo vtorata bebevo si odi so kejf nit place na odenje nit na zimanje. Posabajle doma sama go zima ranceto i odi nakaj vrata. Cista i na gaze i vo nosot najvise sto sum videla e pokapano od jadenje na obleka. Iako zenive sami pobaraa ligavce da odneseme. Deteto mi e srekno i zadovolno tamu i nie sme srekni so seto toa. Moeto pocna da odi na 11 meseci vo gradinka. I vo prvata gradinka fati i nekoja bakterija i sipanici...da ne ja podrecam 3 nedeli post sipanici odi bez problem...nosot i e podzatnat ama nit kiva nit kasla ne e bolno
Фала ви на сите за споделените искуства, значи зависи од повеќе фактори како ќе се прилагоди бебето. Можеби ќе пробаме прво во градинка да видиме како ќе биде па ако не како што пиша членката секогаш ја имаме втората опција.
А ја само да прашам онака ме интересира, во кои приватни градинки примаат болни деца, невакцинирани и без чисти брисеви?
Moe licno mislenje e deka vo poveketo. Barem za vakcinite. Nie pred da ja zapiseme prasuvavme po privatnite sto e kako e direktno vo sekoja...stom spomnes vakcini dali se zadolzitelni vikaat toa so gazdite ke se dogovorite...mene vakov odgovor ne mi dade verba deka baraat vaknica iako se obvrzani ama znaeme kako funkcionira drzavickava
Во таа кај шо ја носи @kostovaivana ни вакцини, ни чисти брисеви им бараат. Мислам дека црвенкапа се вика градинката. Влези во темата за приватни градинки и ќе видиш дека им примаат и болни деца, со сируп ги носеле, ќе прочиташ точно и во кои.
Мене на запишување само усно ме прашаа дали е вакцинирано детето и ми побараа чисти брисеви. А кога се разболе и кога пиеше антибиотик, откако тргна пак во градинка само тогаш не ми побараа брисеви. И за вакцини ми кажаа дека бараат да биде како што е по картон за возраст, од аспект ммр не ја бараат да ја прими детето на 9 месеци.
E ова кога се случува во државните сите се бунат овде, а во приватните не е проблем. Бтв и во државните ммр може до 15м да се толерира, а на 9м никој не ја става
Толеранција до одредена возраст, да, ама толеранција никој да не побара доказ за вакцинација не. Тоа е мојот став за моето дете. Секој знае што е најдобро за своето. А сите знаеме дека родителите што не ги вакцинираат децата, небитно дали само ммр или сите, ги запишуваат дечињата во приватни, а не во државни градинки. Не зборувам за деца со контраиндикација. А не дека нема предности во приватните, далеку од тоа. Дека во државна некоја воспитувачка ќе го тинтри цел ден в раце моето дете, а треба да трча по 20 други, мало морген. Или ете на форумов искуства кога прашував што со децата шо се алергични на млечни производи, дали има посебен оброк во државните, некои мајки ми рекоа дека за замена им давале леб и маргарин. Верувам дека во приватните имаат подобра алтернатива. Затоа велам, на крајот на денот секој одбира тоа шо смета дека е најдобро за своето дете.
Се ова е во ред. Јас не го спорам тоа дека приватните се подобри од аспект на чување. Само ми боде очи тоа што овде се потенцира тоа дека мајките ги носат болни децата во државна градинка, а кога се збори за приватна градинка најнормално е да се носат болни деца дури и сирупи да им даваат негувателките. Не е фер нели.
Мајки здраво! Бебе во август ќе ми е 9 месеци јас на работа тоа во градинка приватна. Прво баравме жена за чување но многу тешко одеше тој процес, прво немаше слободни второ тие што ги видов дел не ми се допаднаа, трето не се погодивме за цената. Не знам дали само јас налетав на такви но бараа плата повисока од надоместокот во приватна градинка кој не можам да си го дозволам. Бабите не се опција не живееме во ист град. Падна одлука да оди во градинка. Мајки како ја одбравме градинката ни за тоа немаше многу избор, јас се срушив. Си го гледам детево и си плачам. Многу сум со грижа на совест и некако многу ми е страв дека ќе пати. Си се тешам дека ете со дечиња ќе расте, нема да е сам дома со баба/жена, ќе си игра, па и моментот дека помал полесно ќе се адаптира, ќе ги помине помал настинки, вируси. Ама пусто душава ме боли. Дајте кажете како да се помине преку овој момент. Знам дека некогаш мора да се случи дали сега дали подоцна ама јас некако тешко се справувам уште од сега а има уште два месеци. Извинете ако сум офф топик ако има друга соодветна тема упатете ме тамо. Фала мајки
Мама скроз те разбирам. Месец дена пред да тргне малава во градинка и јас на работа бев во депресија. Секој ден си ја гушкав дома и си плачев дека ќе се разделиме. И милион мисли низ глава ми поминуваа, како ќе биде, дали ќе се навикне, дали ќе биде добра, дали ќе се разболува. И мислам дека е сосем нормално чувство и дека секоја мајка поминува низ истото. Мене тој период многу ми помагаше да му се жалам и да му кукам на маж ми . Па он ме тешеше дека и него му е исто секој ден кога оди на работа и дека и него секое сабајле срце му се кине. Ама верувај дека маката е приот ајде ќе речам месец дека откако ќе тргне. Тогаш цело време ќе ја мислиш како е што е, што прави, како ја чуваат. Ама баш тогаш ќе видиш и ќе ги запознаеш и воспитувачките и ќе видиш како се однесува детето дома кога ќе си дојде. Башка слики ќе ти праќаат да ја/го гледаш. И ќе се навикнеш. После па кога ќе влезете во шема сосем нормално ќе ти биде и нема да мислиш и да се секираш. Немој да се секираш мајка, се ќе биде добро, верувај
Ти благодарам мама. Убаво е да знаеш дека не си сам. Му кукам на мм ехее и него му е тешко секако. Мм работеше од дома и некако детево се навикна да не гледа двајцата. Го оставам со баби дедовци сам кога сме Охрид седи тоа ме теши дека може да остане сам некое време да не не гледа нас двајца. Многу ми е мал некако тоа најмногу ме тишти. Да беше поголем можеби полесно ќе ми беше вака 9 месеци сам беспомошен. Ама пак од друга страна ќе се испили ќе се научи да се бори сам за себе. Ќе фати ред. Ние возрасните ќе поплачеме малку не вака ќе се пожалиме ќе помине ваљда. Фала мама уште еднаш Ќе видиме