Леле и јас велам барем еднаш месечно да е иначе незнам што ќе правиме. Јас одмор не користам сега, ќе го оставам за понатаму, боледување исто не можам да користам. На работа можам да го земам, ама не е решение тоа. Татко му па нема шанси да отсуствува. Едната баба оди на работа, другата е далеку, стварно незнам каде би оставила. Моето заспива со татко му и со мене само со друг никој. Тешко ќе биди сигурно...
А имате ли аплицирано за градинка? Јас имам во 2 различни градинки што ми се во близина уште малото кога ми беше 2 месеци и добив информација дека нема место, имало многу деца на листа пред нас и дека нема да може да почне од јануари, така што не знам што ќе правам.
Толерираат до 15 месеци ммр сега со ковидот, еве бебе мое оди во градинка од 8 месеци, само што наполни 16 и сеуште не е вакцинирана до сега ништо не ми рекле планирам да терам така дури не ми речат нешто, а и се е со растечен нос, за вакцина дете треба да биде здраво. Инаку за адаптација ич да не се плашите јас колку бев под стрес за моето ни јадеше, ни спиеше, ниту беше делена од мене и дружена со други луѓе, одлично помина, на почеток првите месец два се случуваше и цел ден да биде гладна да не јаде ништо ама после се си прифати сега ја викаат шефица во градинка
Животот наш е ролеркостер. Толку сме хаос што ни сега знам кај сме, уште помалку по 3 месеци кај ќе бидиме. Ако сме бт, најблиска ни е таа кај Даме Груев (мислам дека Пролет се вика), ама мм работи на другата страна на градот, така да ич нема да ни сменува и во друга да е. Ако сме ск ќе мора во приватна, оти тука нема шанси да добиеме место во државна. И ваму и таму, во иста ситуација ко вас сме, освен нас и градинка, нема кој да го чува ни на еден ден. Едит по милионити пат @Oneo вас за кај ви е планот? Да си сме искрени, дебели врски да бараш ако си во можност. Баш скоро, на блиски детето преку влијателни врски од другиот ден го запишаа и почна да оди в градинка. Дури и си бираше која сака (во ск).
ние треба да почнеме со адаптација неделава или наредната, не верувам дека ќе има проблем да биде одделена од мене, но очекувам маки за заспивање затоа што само на цицка заспива. ќе седи таму будна до максимум осеќам. или ако ни се посреќи, баш во градинка да се научи да заспива сама. ова се молам.
Леле мачно ќе биди многу. Јас претходно работев и од дома неколку дена, ама сега ќе работам друго место, во истата фирма и нема опција за од дома. И да сум дома сакам да оди во градинка ама барем ќе бев со него кога е болен. Два месеци ќе е тука сестра му на мм ама таа е мала за да чува болно бебе. Стварно незнам како ќе се одвива се. Јас размислувам за две опции едната е државната во Карпош(одма е до нас) или приватна. Само се двоумам за приватната да не ја плаќаме за џабе а тој дома болен да е. Немам памет што викаат старите, да одлучам како е најдобро.
Kako im se odviva denot na bebinjava vo gradinka? Tamu imaat dorucek rucek? Mleko im se pakuva li na primer molzeno vo sise....i mojata treba da odi od mart...11 mes ke e i ic ne mi e jasno sto ke i se desava tamu? Dali da ja ucam da pie od sise ili samo od casa....
Ние појдовме од 10м бидејќи не работев па го навикнува по полека 3 дена по пола час, 3дена по еден час, недела дена по 2 часа, недела по 3, па после речиси цел месец до 12, и после до 14. Но откако појде се е болен една недела во градинка една дома ии многу сум нервозна сега појдов на работа и кога е болен нема кој да го чува мајка ми е ако не е на работа го носам таму ама тоа не ми е ништо сигурно и таа си оди на работа аа и не сакам никого да обавезувам не знам како ќе биде. Баш се мислам како други се снаоѓаат кои немат на кого да го остават детето освен во градинка
Ne moze da zabranat boleduvanje da otvoris koga ti e bolno deteto. Ama pa si vlijae i na rabotata se zavisi kolku ima razbiranje rabotodavacot
Јас ќе ти кажам за во нашата градинка. Имаат појадок, ручек и ужина. Млеко не пијат, а мислам дека од дома не смеат да носат, јас не носам. Ручат исто што и поголемите само пасирано, а за појадок имаат гриз, палента, инстант каши. Мојата почна од 8м,а сите се поголеми од неа таму.
I kako e mleko glavna hrana do 1 god ondak A smee li da dojdes da si go nadois vo predvidenata pauza za doenje sto ni sleduva do 1 god?
Па млеко дома ќе пие. Моево е со 250-300мл млеко дневно, па што да правам кога не сака повеќе. За другото не знам да ти кажам. Првата ќерка до 2г ја доев ама во градинка не сум одела да ја доам. Ама не знам ни дали може
Исто како кај @forumce и во нашата градинка е. Прашав за млеко не се носело. Само пола саат оди и незнам точно како им оди денот уште. Мојава цица исто ама и кога би можело да се дои не би одела мислам дека само ќе ја вознемирам дополнително. Двапати ќе треба да си кажуваме чао
Pa drzavna planirav taa sto mi e najblisku do doma. A dali moze na pr da se nosi deteto okolu 10-11 namesto od pocetok i da si go zemes vo 4.30? Niso ne znam sto se desava Ne znam koj poveke ke treba da se adaptira bebe ili mama...idam da si go gusnam bebevo od muabetive