Toa deka ve nasetile oti mozete.porano da go zemate. Zvonea i kaj nas ama 2 pati rekovme ne mozeme na rabota sme, tretiot maz otisol kaj rakovoditelkata da ja prasa stoe tolku problematicno negovoto bebe sto ne mozat da go zgrizat i ako e taka da kazat deka ne moze da odi vo gradinka pa da vidime sto ke pravime.veke ne se javija a i bebe si se naviknq super i e
Моето во ноември ќе е 10 месеци и цело време се мислам како да направам да не трга сред зима. Дека мал и повеќе настинки...не знам. Жена тешко се наоѓа освен ептен да ни се посреќи нешто. Има ли некој толку мало дете пратено во зима?
И ние на апликација пишавме 01.10. И она би имала 10 полни месеци.Последно ни пратија абер да сме бркале врски кај градоначалникот. Малце изненадена пошто не сме во атрактивниве населби Али ај ќе видиме. Ако ја примат би ја пуштила некој ден. Си викам болештиите ќе мора да ги помине дали лето или зима. Јас ќе бидам дома додека не се исчеличи.
Лично јас мислам дека лето зима исто е, зависи од детето. Моево почна во мај на адаптација со полни 9 месеци, не успеавме ни да се адаптираме, третата недела се разболе и еве уште е на антибиотик. Да не зборам дека во две недели стигнавме само до ручек, а и тоа им беше многу. Да оздрави и мора пак од ново на адаптација.
Офф нека врви само. Со лесно да е. Мислев во зима повеќе се настинува ама со градинкиве секогаш е сезона изгледа
Какво искуство имате со 8 март во Расадник... И како ги запишувате, врски нешто? Ние треба од септември да тргнеме, само слушам за уписи само со врски
Моето оди таму во јасли, задоволна сум многу брзо се адаптира тргна на 1 јуни веќе си седи цел ден, си јаде си пие нема мука. Искрено ние едвај и со врски успеавме да го запишеме.
Не да нема крај со вирусиве. Зимата подобро мислам пројдовме. Со ова кашлицата незнам веќе што е работа... Нека поминува со лесно само мене коса ми обеле веќе.
Не знам дома сите кашламе и по работа сите ги испозаразив никаков симптом немам само сува кашлиц суво грло . Отсабајле и малово почна суво да кашла. Кој и да ми се јави кашла периодов
И ние бевме сите исто, сува непрекината кашлица, поголемово подолго му трае ама пројде без антибиотик, малово спушти на плуќа. Скоро месец дена не можат да оздрават. Секој можен вирус ги помина. Гревчиња
Искуство со градинката во Влае, Пролет мислам се вика? Сега се доселивме тука, чекам документи да средиме и да ја запишам малата. Јас од декември се враќам на работа, а планирам од ноември да ја пуштам (ако не примаат) на адаптација 1 месец, а ќе биде 7+++месеци Како е со примање таму? Се чека цела година за да ја примаат?
Во нашата градинка ми рекоа дека со полни 9 месеци може да почне, порано не. Ама секаде е различно така да да си прашаш најубаво.
Со оглед на фактот дека се изгласа сите деца кои не се од Карпош да бидат отпишани од градинките, не би требало да е проблем. Таа во Влае беше проблематична зашто многу деца од Хром беа запишани ама веќе не би требало да е проблем. Сепак поднесете си со време документи.
Никако, пушти ја два дена после болна две недели, со бактерии, секрет вадење, дига температура, високо црп и антибиотици, ми се смучи. Ја носевме накај 9, после два саата ќе се јавеја земете си ја, плаче и нејќе да спие. И среќа што или мм е дома или свеки да ја земат. Сега дома си седи, мм и свеки идат во смени на работа па ја чуваме така. Знам така се ојачува и стекнува имунитет ама три пати пробуваме и отпосле цел месец се мачиме со оздравување.
Па кај имаат толку контакт бебиња. Ја ги мислев во јасли помалку болни се. Они нека стекнуваат имунитет ама па на 9 месеци и на 2 години не е исто, и мене од тоа ми е страв. А колкави им се групите по колку деца?
Ај да споделам мое искуство - 2 недели пред да тргнам на работа, беба со полни 9 месеци тргна во градинка. Одеше 2 дена и фати некоја бактерија сосе кашлање и секрети. Не одеше 2 недели. После тоа пак тргна. Одеше 4 дена и фати некоја алергија што му се префрли на дишните патишта. Бидејќи се ближеше Велигден некои родендени на пријатели и неговиот роденден, решивме да не го пуштиме. Јас и сопругот сме сами, сва среќа што секогаш обратни ни се смените и сами го чувавме. Пред неполн месец наполни една година и решивме пак да го пуштиме. Фала богу еве втора недела како оди. Идејата ми е да не се обесхрабрувате, за се треба време, а богами и живци .
Мајки не знам дали сум во соодветна тема ама ќе прашам сепак. Синко последно време за заспивање денски бара да цица не заспиваше со цицање сега многу често заспива само со цицање. Значи ручекот муне во 13 од прилика а заспивањето половина час или час после тоа. Му давам цуцла не ја сака. Е сега август ќе тргне градинка дали да го учам од сега да не заспива денски со цицање или не. Од една страна не сакам да го одбивам за цицање ама од друга страна кога ќе тргне градинка како ќе им заспива. Дали можеби пошто ќе ме нема мене нема да бара не знам. Некоја со слично искуство да сподели совет.