Јас имам искуство со 2 бебиња (една год ми се разлика). Поголемиот тргна во јасли во февруари, само што оздраве од ковид и иде скоро 5 месеци. До сега од градинка закачи конјуктивит, рота и коксаки што мислам дека се неизбежни. Често затнато носе, без кашлање или тт. Проблемот ми беше што пренесуваше се на помалото бебе кое имаше 6/7/8 месеци и паралелно со него и он ги пројде овие вируси. Плус, знаел да добие тт или дијареа а на поголемиот не му е ништо. Еве и помалото иде скоро месец во јасли, има 9 месеци и пројде една недела адаптација, па продолжи со спиење и ручек. Задоволна сум, со оглед на тоа што лази и нон стоп е на земја, а и во фаза е каде се става во уста, па добро проаѓа со бактерии. Не знам на што се должи, ама мислам дека супер проаѓаме. И ете една паралела каде едно тргнало во зима а друго на лето.
@Bubamaricka Не верувам да биде проблем, и мојата цица, дома само и исклучиво со цицање заспива, па во градинка до сега ниту еднаш не направила проблем. И други кога ја чувале сестра ми, тетка никогаш не им правела проблем, си заспива најнормално. Цицањето сигурно го поврзуваат со личноста, и кога те нема тебе нема да бара да цица.
Се надевам дека така ќе биде не ми се одбива некако, многу ми е убаво кога цица и мене и него се смее кога го местам, а и полесно заспива без нервоза без плачење. Фала мајка
Знам мајка, мојата од 9 месеци оди во градинка, сега има 15 месеци сеуште ја немам одбиено. И искрејно уште сега ме фаќа страв за одбивањето, ама повеќе мислам дека јас не сум спремна за тој момент. И мене преубава ми е поврзаноста кога цица како се мази и гали, незнам како ќе се успиваме без цице. Цуцла не фати никогаш.
Исто и синко од 9 месеци ќе тргне градинка, план ми е да цица сабајле пред да оди и попладне и вечер. Постепено мама со одбивањето кога ќе сте спремни двете тогаш. Успивање со гушкање со тапкање ќе се најде начин.
Ми се јавија утрово дека ја примиле во градинка од 01.09 на мое огромно изненадување. Мене породилно ми е со крај на август и потоа не продолжувам со работа туку ќе започнам со барање нова се надевам далеку подобра. Прашањето ми е дали периодот на адаптација можеме да го тераме споро со оглед на тоа дека е лепешка за мене а и јас ќе бидам дома барем два месеци сигурно ?
Мене од градинка ми објаснија дека секој процес на адаптација зависи од самото бебе. Ми кажаа дека кај некој е подолго, кај некој пократко ама за тие лепешките ми вика максимум месец дена им требало да се одлепат
Браво, и ние чекаме гледам и другарка и се јавиле. Јас си ангажира жена за чување ама чекам да сее јават, за од септември
Во септември можно е да ти побараат потврда за редовен работен однос. Не брзај со отказ и слично. Инаку мојава не беше лепенка па и требаа 3 недели за адаптација, додека има лепенки кои за 3 дена се навикнуваат. Различно е за секое дете.
Кога го оставав пократко ми рекоа нема потреба. Веќе кога почна по 2-3 саати носев и ранче. Ставам 5-6 пелени, 3 бодиња, шорцеви, кога беше поладно тренерки и чорапчиња, шише за вода и влажни. Во некои градинки си се договараат на почеток на месец да однесеш пакет пелени, па кога ќе снема тогаш носиш нови. Некои носат ранче во понеделник, со пелени и облека за цела недела, па во петок си ги зимаат. Како и да е, прв ден секако нема да седи повеќе од пола саат, а за после таму ќе ти кажат се што треба
Na adaptacija ne, ke ti kazat koga ke pocne da ostanuva posle rucek veke ke treba. Inaku vo rance stavam za presoblakanje obleka, peleni, krema za gaz i sise voda. Vlazni i brisaci im ostavame mesecnk
Здраво мамички дали има некоја искуство со градинката Калинка во Аеродром за јасли,сакаме таму да аплицираме за бепка па ме интересира искуства.
Таму најтешко за примање, освен ако имаш многу јаки врски. Инаку занималните биле малечки, а учителките не знам.
Нас ни одговара или таму или во Црвенкапа зошто тие ни се најблиску ама незнам какви се, немам слушнато искуства за таму.
@Bubamaricka мами мојава е 13 месеци, уште малку 14. Од 9 оди во градинка и никогаш не ми ни падна на памет да ја одбивам. Еве и ден денес си цица. Цица сабајле пред да оди во градинка. Кога ќе се вратам од работа одвај чека, дури се тресе од што не може да дочека да се соблечам. После цица уште еднаш убаво накај 7 и во 9 за заспивање. А уз пат знае на помини замини да си подцицне и да продужи да си игра. Во градинка и дома еве сега супер си јаде. Така да апсолутно нема потреба да се одбивате пошто оди/ќе оди во градинка.
Мама јас за одбивање мислев за денски периодот да го научам дека нема да цица додека е градинка, а и јас да немам мака со градите на работа. Да цица сабајле пред да оди и после тоа дома кога сака. За целосно одбивање воопшто не помислив , ама сега си ги прочитав мислењето и јас нејасно сум напишала. Ме фати страв дека последно денски само со цицање заспива, да не не им заспива градинка. Ова од што ми се ближи времето за почнување изгледа не сум со сите хахаха. Мислам дека ти најмногу кураж ми даде овде за градинката ти благодарам мама