Мојава почна на 8 месеци и првите месец дена по два пати спиеше ама неа не и сметаше галамата од другите деца што играат. Со тек на време премина на една дремка во градинка. Викенд дома знае и два пати да преспие зависи кога станала а веќе е година и пол. Ќе влезе во шема, ако почнеш да го оставаш со спиење таман ќе му биде.
После колку време адаптација ги остававте со јадење? 4 дена беше прошла недела, саат седеше. Неделава планирам повеќе ама не знам колку, липта после градинка
Неделава сигурно до ручек ќе ја остават, некаде после две недели пробуваат да им дадат да јадат ако не се плачливи. Не форсирај за храна, заш ако старта со одбивност на храна во градинка ќе си имаш мака, освен ако не е јадачко бебе.
Ептен е јадачка, ужива во храна. Затоа се мислев да им речам да пробаат да и дадат да види и таму дека се јаде, па со мерак да иде. Ќе ми речам на маж негде среда да им рече да пробаат, така се мислев.
2 nedeli ja adaptirav i posle.po cel den sedese...e sea na pocrtokot ne jadela bas i ne spiese eden period ama se navinka
Поднесовме во канцеларија кај мајчин дом, во фебруари, ми рекоа после 22 авг да одам да ми кажат за која градинка, јас аплицирав за црвенкапа ама не е готова
Има некоја што малку пред година вакцинирала МРП? И јас бебе ќе го пуштам од 1ви септември а дури на 15ти ќе прави годинка. Не се плашам од вакцината, само ме интересира искуство. Поголемиот го вакцинирав кога имаше година и пол, тогаш и тргна во градинка.
А зошто сакаш да го вакцинираш пред година? Нели по календар МРП е со направени 15 месеци? Моја беба оди во градинка од 9 месеци и дури сега на година ипол планирам да и ја ставам МРП. Се плашиш од евентуална зараза па превентивно сакаш да вакцинираш? Освен кога има епидемија незнам колку дозволуваат така рано да се стави вакцината.
Поднесов за во градинка и ми рекоа список крај на август дека ќе објават. Е сега тие што ќе ги има на список за од септември ќе бидат примени? Бебе средина на септември ќе прави 6 месеци, јас планирав од ноември-декември да почне а никаде не потенцирав.
Не вакцинираат во диспанзер пред година, само во услови на епидемија. И јас се распрашував, со тоа што мојава почна на 8 месеци, ама после година и ставив.
Имаше ли некои реакции после тоа? Иако сите деца се различни де Моето е 13ипол месеци, на 15 септември ќе прави 15 и до тогаш мора да ја ставиме па ме интересира искуства Оти ме разубедуваат да не сум ја ставала дури не прозборел, оди од 11 месеци, си збори по негово нешто, мама вика, се разбира, незнае да каже со збор ама ќе ми покаже ќе ми донесе што треба И незнам што да правам, а ако па не ја ставиме ќе го отпишат од градинка
Блиски пријатели роднини што имаат дечиња на иста возраст како моето До сега сите вакцини му ги ставив, некои од нив немаат ни една примено Познавале дечиња што после вакцината добиле аутизам Затоа немало да ја стават до 5 години, а зошто јас да сум ја ставала кога не зборело сеуште Знам, не треба да слушам ама ете