Месечно носиме 2 паковања влажни, 1 павловичева, 1 брисач. Пелени ни рекоа како сакате или месечно или секој ден. Јас и ставам по 5 секој ден, најчесто 3 се потрошени. И пакувам и шише со вода, и даваат да пие, комплетче за пресоблекување и цуцлата. Ама цуцлата не и ја даваат изгледа за спиење, не сум прашала. Пижами не ти требаат.
Мајки како ги оставате бебушите градинка, боси овој период? Мојов дома нон стоп е бос, е сега за таму не знам дали исто бос или со чорапчиња? Малку глупичко прашањево знам ама ај дајте ум.
облекувам чорапчиња, но таму им ги соблекуваат, исто и по боди се само, соблекуваат кратки пантолончиња
Во чорапи во градинка. Ем нон стоп се на клима ем надвор демек ја паткале. Него ја да си прашам, на сите ви се разболуваат кога ќе тргнат во градинка? 3 дена оди, 3 дена е дома. Носот откако тргна, не и е прекинат да тече.
мислам дека да, се соочува детето со вируси што до сега не ги ,,поминало,, совет од педијатар бидете среќни мајки кога минете само со растечен нос, да не е бактериски или јака вироза.. иначе искуствено од повеќе мајки дека детето се ,,разболува,, настинува најмногу првите 6 месеци откако ке почне во градинка, но зависи и од возраста на детето, мојата голема почна на 2 и 4 мес и се разболи 2-3 пати со по една недела температура и кашлица, во текот на цела година, малата почна точно на година, 3 месеци беше постојано тргни застани на 3 дена, настинки во глобала, еднаш уринарна инфекција со висока темп и високо црп, осип пеленски скоро постојано, последниве 5, 6 недели е супер ништо нема закачено, во меѓувреме давам флорадикс сируп, нз колку влијае тоа ама сега за сега е добра. 3 педијатри ми рекоа се додека хемоглобинот е низок (кај неа беше на долна граница) ќе закачува вируси, некои потешко некои полесно ќе ги минува.
Ние мајка следна недела стартуваме па ќе ти кажам како ќе биде со вируси. Но очекувам дека ќе биде болен на почеток.
Тргна на 18ти јули, ај на почеток по саат два. Одеше прошла недела асално 2 дена, третиот ми се јавија пролив имала, седеа со татко и 2 дена дома. Тргна сега во понеделникот, денес ми се јавуваат има 37.5. Ја им викам не е тоа температура, неее не смееме со над 37 да ги држиме. Еве ја цел ден никава температура. Ме слжаа изгледа, гарант им досаѓала. А носот си тече цело време ама среќа Носко си купивме
Те верувам сите се жалат дека некогаш им се јавуваат дека не се добри, а дома после тоа се супер. Не знам и нив да ги разбереш одговорни се за децата недај боже од 37.5 наеднаш да скокне 39 па после па тие криви не приметиле дека има детето 37 температура. Барем јас од оваа гледна точка се трудам да ги сфатам, засега, ќе видиме понатака дали исто ќе мислам. Само се надевам дека работодавачите ќе имаат разбирање за чести боледувања.
витамински тоник плус железо за деца од 1 година, еднаш дневно по 5мл, пакувањето е од 250 мл и трае подолго, иначе го пиев и јас за време бременост и после тоа и ептен ми беше убаво од него, ми даваше енергија еве состав: Со органско железо, витамин Ц, комплекс на витамин Б и билни екстракти. Има пријатен вкус и не предизвикува дигестивни пречки. Придонесува за нормална функија на имунолошкиот систем и отстранување на чуството на замор и исцрпеност.
Ќе сака ли некоја мајка да ми каже што да очекувам од јасли. Како се ближи времето некако ме фаќа жал што ќе го пратам. Си мислам да не се како во затвор таму. Само во креветче и да плачат без никакви активности. Имаат ли време да им обрнат внимание таму или само ги оставаат да преплачат?
Мајки, од септември го пуштам дечкото у градинка, ќе има неполни 10 месеци. Уште сме со доење, преку ден само за заспивање. Како се навикнаа вашите на заспивање во градинка без града или без нишкање ? Страв ме фаќа за заспивањето највеќе затоа што не знае сам да заспие... И дали ако бебето лази, движи, се исправа го ставаат на под или се цело време во креветче ? Споделете искуства како се навикнале вашите бебушки воопшто на градинката толку мали
Баш денес прашував за заспивањето сама заспивала ќерка ми. Дома татко и ја нишка, јас ја тапкам по газе, и со цуцла обавезно. Таму ни цуцла ни ништо сама заспивала. На под ја оставаат, доказ се хеланките со розеви ја праќам, со сиви се враќа. Тргна на 11 мес, за неполни 2 недели веќе остана и со спиење. Колку помало толку побрзо се навикнува. Вриштеше првите денови ама и пројде брзо.
Ооо дај боже, мојов заспива на цицка или во раце, цуцла не сака, со тапкање по газ боже сачувај. 24/7 е со мене, страв ме фаќа како ќе биде, се надевам нема предолго да трае адаптацијата.
Зависи од воспитувачките ама од нашето искуство така беше баш. Сите седнати во креветчиња и плачат. Едно ако плачи се вознеморуваат и другите, и тие плачат. Дозволуваа една омилена играчка да си носи. Ако некое лази или оди го вадеа понекогаш, мојата зошто ни лазеше ни одеше седеше по цел ден в креветче. Јас ја прашав воспитувачката и вака ми кажа
Други деца се во градинка, ми вика накај 9ипол си продрема во количка, а накај 12 си заспа сама. Не ми се веруваше.
Да. Се плашеше од децата зашто плачеле многу, па предложија со количка да ја оставаме. Како сигурност и е.
Шо пие кафана, беба ја примија во градинка И сеа да прашам дали од таму ќе ми кажат што треба да и ставам во ранче? И ранчиња какви имате? Од каде? Која големина?