1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Да не се погодат заедно нашиве:D
    Мислам дека си ни во комшии те познав по фенсито количка:$
    Има одреден термин.
    Син ми кога беше во јасли беше прием од 20 за 8 до 8 и 20.
    Покасно мислам нема да ти дозволат,ама можеш да си прашаш.
     
  2. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Epa kaj opstinata vo k voda ne znam kako se vika gradinkata...kazi drugpat ke setame zaedno:)
     
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Весели Цветови ама клонот неми текнува како се викаше.
    Комшика го носеше таму малото од 9 месеци и е задоволна.
    Ние сме во 8 март.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Извинете што ви се мешам во муабетот. Ме интересира стрикно за таа градинка , дали има гужва и од кога да ја запишам? Пријателка во Ѓорче чекаше 3 години , кај нас колку се чека? Благодарам
     
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    За 8 март прашуваш?
     
  6. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Во кисела вода кај општината или таа малце подоле кај училиштето што е
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Кај општината е јасли а таа кај школот е над 3 години
    Само врски да бидам искрена.
    Ние прво таму аплициравме и една година чекав и не се јавија.
    После средивме за во другата и одма го примија.
    Сега со бебево ќе видиме како ќе биде.
    Ако имате познат некој само преку општина пробајте.
     
    На Pacient srna и fificaaa им се допаѓа ова.
  8. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Јас се уште не сум породена , ама ме загрижува како функционира системот кај нас. Ќе треба кога ќе се породам да ја запишам одма , инаку нема кој да ја чува
     
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Kaj nas sekoj sistem funkcionira najubavo so vrski....kako @monik55 taka i nie se zapisavme
     
    На tina2018, monik55 и fificaaa им се допаѓа ова.
  10. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Супер за темата, јас лично пишував во темата децата и градинките која реално се однесува на поголеми деца. Еве накратко ќе го раскажам нашето искуство со градинка кое се надевам за некого ќе биде од некаква помош или утеха... Најпрво страшно е какви врски ни беа потребни за упис, бебето ми е родено во декември ние веќе од март почнавме да бараме да се стави на листа на која знаевме дека има многу деца пред нас. Некако успеавме да го запишат ама цело време со знак ? и јасен одговор дека ако има повлијателни со појаки врски од нас нашето бебе ќе отпадне. Така вака со вртење секој месец и молење дојде 1ви септември. Извадивме потврди од работа и јас и сопругот, земавме образец кој го пополнува матичната, им доставив од вакцинално датум за МРП одма штом наполни годинка и тргнавме во клон Калинка - Срничка со неполни 9 месеци. Првата недела остануваше само по пола саат и тој пола саат плачки. Потоа втората недела еден саат, пак плачеше, ама јадел, малку си играл, па замолив барем саат ипол пошто ми се гледаше дека вечно ќе се адаптира. стигнавме до 2 саати седење плачки на одење - оставање, а таму периодично плачел, но и си заигрувал малце, а јадеше цело време се што ќе му дадат. Таман бев решена да барам да останува барем до ручек, едната од негувателките излезе позитивна и останавме 2 недели во изолација. За мене многу разочарувачки бидејќи мислев дека никогаш нема да се научи да седи. Поминаа и тие 2 недели дома и во меѓувреме почна да лази и кога се врати на градинка беше подобро. Почна да се приврзува со една од тетките и за 2-3 дена ми рекоа да остане до ручек, а веќе наредната недела и да пробаме со спиење. Моето дете заспива само со цицање, ама таму изморен, најаден заспива со шише чај, компот или вода (да не ве загрижува тоа). Одеше така една недела и се разболе, па пак 2 недели беше дома и сега од понеделникот тргна ама тешко со плачки пак, бидејќи морам на работа, нема кој да го зема порано и останува до 3ч.
    Постот ми е предолг, ама сакам да биде една утеха за сите мајки бидејќи периодот на адаптирање во градинка е многу тежок за секоја од нас и стресен и добро е да се сподели.
     
    На sencuk, marija99992, Dee*Tee и 19 други им се допаѓа ова.
  11. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    495
    Некој има искуство со приватна градинка во Скопје ?
     
  12. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Моето тргна на 9 месеци , без неколку дена .. најпрво по пола час првиот ден со многу плачење , постепено секој ден зголемував така скоро 2 недели пред да се вратам на работа за да дојдеме до период од седење цел ден ...Можам да кажам дека после 1вата недела прекина да плаче цело време, само на оставање а потоа после 1 ипол месец се навикна да не плаче и на оставање , од старт си јаде , проблеми малце со спиење малку спие но и дома е така ,во мегу време од тој месец ипол -2 пати ми се разболе и имавме прекин од неколку дена ..Тежок е тој период како за детето така и за мајката , и плус со разболувањето уште потешко но тоа е што е , кога се мора се мора ..
     
    На Fatalnata, Klara91, rainbow_bb и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Ај ја да прашам, мојава само со цицање заспива. Како се вашите шо заспиваат со цицање, спијат во градинка?

    Лееле ми иде отказ да си дадам да си ја чувам барем до 2 години ;(
     
    На Madam S, Nefertiti., i13dk и 2 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Поголемата така само со цицање ми заспиваше ама се научи таму сама да си заспива. Исто и малово со шише млеко заспива дома,, а таму нема млеко. Не се грижи, ќе се навикне, не е страшно
     
    На rainbow_bb, IRBBB, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Леле и јас секој ден размислувам дали да дадам отказ..
     
    На Nefertiti., CareTee и kostovaivana им се допаѓа ова.
  16. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Ми се плаче значи ;(. Дур спие 2 саати ми фали, само идам ја гледам а не па 8 разделени. Не знам како ќе се одделам. И не знам на кого ќе му е потешко. Си ја обожавам работата ама... офффф :worried:
     
    На Oneo и CareTee им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.572
    Пол:
    Женски
    Изгледа сите не фаќа истата криза.
     
    На Nefertiti., i13dk, Oneo и 2 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Јас му кажав на шефот дека ќе земам одмор за да се навикне малата во градинка, ама откако почна уште втората недела да седи цел ден, го откажав одморот:D
     
    На Fatalnata, IRBBB, CareTee и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Ние потешко изгледа ќе се навикнуваме од децата ;(
    Ајде ќе речам океј дури е во градинка разделени, ама дури е болно да не сум со него незнам како ќе издржам. Не верувам од работа да можам да отсуствувам цело време. Колегите штом побараа слободни денови за болно дете, директорот им викаше не можи цело време, донеси го тука. Си ги земаа децата со нив, зошто повеќето немаа каде да го остават. Ама поголеми се, јас не можам бебе да носам.
    Главата му ја пукнав на мм со истите муабети, а има уште 2 ипол месеци до тогаш. Ако ме читате за брзо во брачни совети да не се чудите што се случува :whew:
     
    На Fatalnata, Klara91, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. hammer

    hammer Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво, да не има некој информација кога ќе се зголеми бројот на деца во јасли, т.е. ќе се врати како порано? Ќерка ми ја запишавме во градинка пред 8 месеци, уште е на листа на чекање :(