Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Може некоја мајка што е повеќе запознаена да ми објасни малку што прават во јасли? По цел ден ги оставаат во креветче да плачат?
    Денес поседе околу 45 минути. Ми рекоа дека цело време плачел и да не речам ама ме избркаа набрзински. Ништо не ми кажаа.
    Кога го оставив од врата видов едно помалечко, веројатно 9 мес беше оставено во креветче и плачеше. Кога го земав и моето заедно со тоа беше во истото креветче, и двајцата плачеа. Другите беа пуштени да одат, ама и тие плачеа избезумени. Срце ми се скина...
    Едит: дури кога се вративме ми текна дека со него носеше играчка, не ми ја вратија. Утре ќе си ја побарам.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    1.348
    И моето е исто , си плачеше... подруго е во приватните градинки , си ги анимираат децата ( барем имам таков случај ) а тука во државнава се обидуваат ама ништо, си плаче пошо имало и други деца и неможеле цело време со него бла бла.. исто и нас ни ги забораваат играчките па морам да им пишам или во живо им кажувам да вратат..
    Па го однесовме релексаторот во градинка дека го користеше на другото дете и сеуште го користат , во него го заспаа
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Би требало да ги играат или да ги анимираат сите заедно, ама ваљда зависи од градинка до градинка. Штом е таква работата, ич да не мислам да го запишувам и моето таму
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Ќе пратам ситуација дали ќе има некој напредок, па ќе ти кажам.
    Ама прв впечаток катастрофа. А не беа многу деца, 5-6 беа... Не можеш да речеш дека не можат да се справат со сите. Не ми ни кажаа дали јадел нешто, што јадел. Откако го земав цело време само ждригнува и прде, тешко му е. Сигурно му дале нешто. Ама затоа вода му немаа дадено.
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    8.766
    Пол:
    Женски
    Многу размислувам на темава деновиве. Требаше денеска да ја пуштам ама ќе ја пуштам на крај на месец барем 10 месеци да наполни. Си викам како бе ке идам и само ќе ја оставам, нит знам каде ја оставам ниту на кој. Пристапот на градинките е лош. Абе земи свикај една средба со родители да видат со кој и каде ќе дреме бебе секој ден. Барем тие основни сомнежи да ти се тргнат.
    Сега почнувам да го тренирам мајнсетот за помали очекувања.
    Колку помалку очекуваш толку помалку ќе се разочаруваш. За жал е така. Сега очекувам само најдена и преоблечена да ми ја вратат. Анимирање и педагогија можеби во подобри времиња.
    Си викам па толку бебиња поминале низ тоа па и моево ќе помине а нормално и мајки.
     
    На Oneo, Madrugada, marijamarkoska и 6 други им се допаѓа ова.
  6. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    834
    И моето си плачеше многу на почетокот, веќе оди 5 месеци и насабајле уште си плаче и се држи ко коала за мене.;( Пошто беше таква ситуацијата скоро цела недела на адаптација, и секој ден се жалеа дека не престанува да плаче, им реков да престанат да го држат во креветче да го пуштат да си лази наоколу, на што ми одговараа дека не оди па да не го удрат другите деца вака така. Им реков ќе пазите, ваша работа е да се снајдете, не сакам да видам во креветче да биде затворен. Чим почнаа да го пуштаат да се движи одма беше подобро, не се осеќаше ваљда дека го држат затворен, вака си беше слободен, си играше и не плачеше толку. Фала богу нит го удри некое дете, нит имаше било каков проблем.
    Иначе држењето во креветче им е пракса...не знам како не им е жал.
     
    На Калатеа и nevermet18 им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    4.722
    леле таман се помирив дека мора да оди сеа ова читам....:drunk:
    мојата од понеделник почнува, нема уште ни 9 месеци... ќе си пукнам
     
    На LiquidLuna и nevermet18 им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Моето оди, ама не ме прашаа, а не ми ни текна дека нема да го пуштат, туку ќе го треснат во креветче...
     
  9. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    1.348
    За се што ве интересира прашувајте ги инаку нема шанси да кажат .. Нивна работа е да ги анимираат или било што , затоа прашувајте дали се јадени / спиени ... јас ги имам и броевите на учителките во секој случај. Мене ме замараат дека многу касно го зимам, и јас јасно им реков дека сите сме на работа освен ако има нешто итна потреба тогаш во ред ама вака.. нема шанси
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    8.133
    Пол:
    Женски
    Не се потресувај, прв ден му е.
    Вриштеше мојава 5 дена, после една недела остануваше со спиење, со се и супер и беше. Највеќе зависи од негователката. Нашата е топ, млада, модерна, бебе ја обожава.
    Не се цел ден во креветче, не се секирај. Кога ја земам сиви и се хеланките од лазење.
    П.с. да му е среќен роденденот, да расте голем и да ја радува мама најмногу :hug:
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    На иста мака сме сите, мојата почна крај на мај на нецели 9 месеци, 2 недели адаптација, се разболе, цел месец дома, спушти на плуќа, со антибиотик се опорави. Почна пак адаптација од ново, мешани групи, учителки ротираат, хаос! По 3 недели почна да седи цел ден, мрсули и кашлање стандард, секој ден чистење носе, инхалации, стомачен и се помина летово. За седењето во креветче и јас не можев да се помирам, многу е жално што им ја ограничуваат слободата, ама по сите разболувања се помирив и со седењето во креветче, сега велам нека седи и во креветче само да е здрава. Мислам дека цел ден го поминува во креветче, иако кога ќе прашам ми викаат дека ја пуштале и надвор, ама чисто сумјам. Денес се префрлија бебињата во друга група, само помали, и ми рекоа дека сите се на под бидејќи се слична возраст, околу годинка и дека биле 8 бебиња.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Abe mojata odi malce zatnat nos malce se zakasluva ama nema temp ne e za doma sedenje i ne e za vakc primanje. Inace davam kapki nature aids vit c i zink. Maticnata ni gi preporacs rece samo vit c i zink treba niso drugo.
    Epten ambiciozno ti mesec dva....probaj god dve:D
     
    На Tea SK и Tiny Love им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Фала ти, да сте живи и здрави. :hug:
    Тука се 2 негувателки, една помлада, друга постара.
    @sani99
    Сите ми велат стискај заби и ќути си, ништо не прашувај, ништо не им кажувај, барем првиот месец. Оти ако им преречеш нешто нема да ти го погледнуваат детето. (facepalm) Аха, сигурно.
     
  14. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Mami, razlika megju jasli 1 i jasli 2? Od juni do vcera odese u jasli 1, denes koga ja odtaiv mi kazaa prefrlena e u pogolema grupa, nemalo krevetcinja i boksovi i samo igracki imalo… od koja vozrast se nosat u jasli 2? Nie sme 17 meseci
     
    На Passionfruit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Veze neam i nasava viber grupa bez ucitelkite ostana site cekame info ili novi viber grupi da napraat. Moeto e 17mes skoro
     
    На Iva Mitrevski му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Мислам од 17 месеци до 2 години е јасли 2... И ние сме скоро 17 месеци почнува во јасли 2.
     
    На Iva Mitrevski му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Jas mng bev zadovolna znaci deteto mi se adaptirase za dve nedeli, trgna na godina i tri meseci, sega sekoe sabajle ja sreduvam i ceka pred vrata da odime u gradinka dodeka jas se sreduvam… sve e do ucitelkite, samo pofalni zborovi za peperutka 3 u kis voda, ni place na ostavanje ni nisto, ke vidime denes kako prosla so pogolemite
     
    На nevermet18 и lovely91 им се допаѓа ова.
  18. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Имаш право, не го размислив ова. Сега кога ве читам колку често се разболуваат во градинка сепак најдобро ќе биде прво да го вакцинираме па да почне во градинка. Ќе мора да се снајдеме некако со чување до тогаш.
     
    На nevermet18, lovely91 и Iva Mitrevski им се допаѓа ова.
  19. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Jas taka napraviv, mrp pa posle dve nedeli trgna u gradinka, mrp si ja primi standard na 13 mes
     
    На nevermet18, Anaroz1, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    2.860
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од воспитувачките. Мојата кога почна ни лазеше, ни одеше. Отворено ми кажа дека цел ден 9ч е во креветче. Тие што лазеле одвреме навреме ги пуштале едно по едно. Макар не верував многу, зошто тогаш ги земавме од собата каде што се, не беа заклучени и на секое ги начекував како воспитувачките си седат на телефон, а децата плачат. Барем едно бебе да земат да го држат пример, да пробат да го смират. Потоа ставија клуч и кој знај како беше.

    За тоа како го поминал денот, јадел, спиел мора да ти кажат. Знам дека и нив им е хаос со толку бебиња кои се прв пат в градинка и веројатно сите плачат и брзаат да ти го дадат и да се вратат назад, ама ако не прашаш некои нема да ти кажат. А можи и да прашаш па да ти кажат дека се јадел, било супер, а тоа да нема врска. Битно се да си прашаш.

    Кажи им дека лази/оди обавезно, па прашај како функционираат, дали ги вадат од креветче.

    А тоа да не преречеш е до некаде точно зошто не знеаш со колкаво его си фаќаш работа. Ова само додека не почне да зборува па колку толку ќе ти пренеси тогаш. Ама тоа не значи да молчиш, туку на фин и пријателсли начин да го кажиш и најлошото.

    А за денес прв ден е, нормално дека ќе плачи. Прв пат без мама, не знае ни кога ќе дојди, ни дали ке дојди ;(, ама па среќа брзо се адаптираат на нови ситуации.
     
    На LazaLaza и nevermet18 им се допаѓа ова.