Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.099
    Допаѓања:
    6.924
    Од тоа стискање заби дојде до ова ниво да не се замараат и да ги мачат бебињата.
    Не може да не ти го погледнуваат, на глава ќе им се качам ако треба, посебно на толку мала група бебиња, да се 20 па да речам ајде не стигнале.

    Тек допрва доаѓа моето искуство, ама како со се друго во државава, ако не се побуниш и не бидеш дрска ништо нема да добиеш.
    Без навреда ако некој е засегнат ама многу вработени на државно мислат дека се главни и недостижни и дека никој ништо не им може па се понашаат арогантно.
     
    На zverkica, nevermet18 и lovely91 им се допаѓа ова.
  2. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    834
    Утре ти кажи им дека оди, нека го пуштат да си шета, полесно ќе се навикне.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    8.133
    Пол:
    Женски
    Како бе да ги мачат бебињата?
    Зарем со таа мисла ги пуштате децата во градинка?
    Па тие жени таму ваљда не ја избрале таа професија зашто мрзат деца. Ја избрале зашто сакаат.
    Факт е дека 2 негователки на 15 деца се малце и дека не може максимално да се посветат на секое дете ама далеку од тоа дека се запуштени бебињата во градинка. Ќерка ми дур не се навикна, цел ден ја држеа во раце. Еднаш не сум ја земала со црвен газ. Секогаш била пресоблечена, најадена, наспана.
    Имало утки не викам не. И дадоа јајце иако знаат дека е алергична. Ама сигурно нема да идам лом да се правам таму. Утре пак треба да го однесам детето. Нема да се колам со жената што цел ден ми го чува.
    Многу некако негативно настроени сите кон негователките. На крај краева си има и приватни градинки. Таму и слики добивате на вибер, и репорт секој саат што правеле, и анимации, и една негователка на 3 деца.
     
    На Fraxinus, MinnieM, Lizi и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.099
    Допаѓања:
    6.924
    Самата членка пиша погоре дека негователката седела на телефон додека децата вриштат.

    Да бидеме реални, 90% од вработените во градинка се партиски кадар кој не е толку заинтересиран да ја врши работата правилно, него да отседи работни часови.
    Љубов према децата и работата можеби имаат мал процент и тоа оние помладите, кои се едуцирале за тоа а не земале обука од неколку месеци да фатат место само.

    Ти не си имала проблем, си имала среќа па можеби затоа си со ок мислење, ама да знам дека дете ми плаче цел ден во креветче, а госпожа седи на телефон итекако има да се расправам.

    Плаќам придонеси со таа намена, за они да си ја вршат работата совесно, а не да се молам да ми е детето ок згрижено.
    Не барам да го анимира толку ама нема шанса толку да не постига и да ги остава по цел ден да плачат.

    Ако укинат придонеси ќе си плаќам приватна, се додека плаќам на државата ќе барам човечки третман за детето.
    А ако им е мала плата или многу деца, нека го решат сами со протести, барања и останати начини.
     
    На Madrugada, joy1, Палчовка и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    8.133
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални за 1500ден не можеш да очекуваш ист третман на детето како за 18000.
    Во нашава градинка, ај да бидам попрецизна, во на ќерка ми групата конкретно, не се затворени во креветче цел ден. Ќерка ми не оди, па никој не ја држи во затвор. Пуштена е и лази по занимална и по ходник. Кога ги носат надвор, со количка ја носат, не ја оставаат затворена во креветче.
    Фала богу дека има чакнати што дремат на телефон ама па ако таква и е негователката сигурно нема да се расправам со нејзе. Утре пак ќе ја однесам да не ќе ја гледа подобро, зашто јас сум се карала. Не. Контраефект ќе има само. Ќе ја остаи со пелената несменета пола ден, рецимо. Ќе фатам ќе ја упишам во Колорес и пријатно. Не ќе се оправам со жена со која и го доверувам животот на сопственото дете.
     
    На Палчовка и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  6. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам кажано, ама ќе си кажам пак: Капа доле и поклон до земја за жените што ни ги чуваат децата во градинка! :bow:

    И не, немам никој близок што работи во градинка.

    Да бидеме искрени, секоја од нас барем еднаш тука се има пожалено колку е тешко со бебе. Замислете само како им е нив две со 20 деца.

    Од мое искуство, секоја замерка кажете си ја, со убаво, најчесто ќе биде прифатена.
     
    На MinnieM, Lalalupsi, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.099
    Допаѓања:
    6.924
    Теа не очекувам ист, јас едукативниот дел сама ќе го завршам, очекувам пристоен каде детето нема да плаче постојано зошто ја мрзи да го земе.

    Факт е дека ќе плаче, нова средина, мама и тато ги нема, не очекувам да му се тресат него, ама се повеќе и повеќе си се ослободуваат од одговорностите.

    Зошто да ја праќам во Колорес, зошто да им се плашам? Ако не со неа директно, на кој одговорен и да му кажеш ќе стигне до неа.
    Не е до парите, до личноста е.
    Државата таа сума ја одредила и за таа сума ветува одредени работи кои треба да се исполнат, нега и грижа на дете.

    Има добри воспитувачки, имам пријателки кои се многу задоволни и децата им се среќни, имам и такви кои ми се жалеле дека децата им се скубени, штипени.
    Ама факт е дека не треба да им се тресам и да ќутам за "да не стане полошо". Не смее да стане полошо.
    Во темине за здравје ги бодриме жените да пријавуваат лош однос во болници, а за децата ај ќе премолчиме, и така оди до недоглед.
     
    На Madrugada, MinnieM, mommy's love и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Не може да се зборува генерално за сите негувателки. Секакви искуства имам слушнато, и позитивни и негативни.
    Пример внук ми е нетолерантен на лактоза и секој ден им се кажуваше на негувателките дека кога другите деца ќе пијат млеко или јогурт, на него да му даваат чај или вода. Тие се спротивставиле, тоа им било тешко, и на детето не му давале воопшто течности сѐ додека еден ден не се исповраќа детето од нервоза зашто си барало вода а овие му забранувале, па стигнаа до жалби кај директорката. Другиот внук си доаѓа веќе со месеци уназад изгризан целиот, некое дете ги напаѓало сите деца, воспитачки, негувателки, никому ништо, не можеле ништо да преземат. Ова сѐ во истата градинка.
     
    На Палчовка и Калатеа им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    8.133
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се чудам како некој може во градинка да работи. Најсериозно.
    Мене милион евра да ми да дадеш не би работела.
    Затоа идам со претпоставка дека треба ептееееееееен да сакаш деца за да можеш тоа да го работиш. Ако нејќеш деца и работиш во градинка си мазохист реално.
    А за случаеви како што ги пишувате @Калатеа и @nevermet18 со скубење и недавање вода јас во полиција би ја пријавила, не да идам да се расправам.
     
    На Oneo, BezglasnaBukva, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Bidete realni malce nikoj nema da se rasprava. Koa ke dojde denot da ostavas bebe sto ne zbori ke se razmislis 100pati kako da kazes na kogo da kazes. Nasive ucitelki niti imaat obrazovanie ko sto treba niti pregolema zelba za rabota. Poveketo nemaat izbor i se so mantrata najubo na drzacno da si.
    Ako primetuvas neso ke se bunis onolku kolku sto ti se vrskite u gradinkata realni da bideme. Kaj nas tie ne gi brkaat od rabota pak ke cuva necie dete takov e sistemot trul. Poveke ke resis na drug nacin so fino i so sitni cesti pokloncinja nego so karanje.
    Pak ke kazam moeto odese vo k voda vo gradinka mesec ipol negde adaptacijata projde nekako pa nejkese da spie. Ja zimas i paga glavata deka ne mozele da uspijat bebe 8 saati ne veruvam. Gazot crven nosot zacementiran ednaa ne i go izbrisale. Im ukazuvas aha dobro i si teraat isto. Sreka ja prefrliv vo druga isto drzavna ama 100pati razlicna. Corapite cisti i se koga doaga doma a odi. Srekna vesela cista nosot sekogas izbrisan. Ne se site isti ne bidete so negativen stav od start
     
    На Maca Macka, Палчовка, Cherry79 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    17.106
    Познаничка почна да оди на обука за работа во јасли, и баш кажа дека не им дозволуваат да ги земаат бебињата што плачат во раце :(
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Втор ден. Негувателката се пожали дека цело време плачел, поради него плачеле и другите деца. Не сакал да јаде, денес имале гриз и леб, ништо не каснал. Им кажав дека не јаде каши, ми велат па ако не јаде каши и манџи ќе си јаде само суб леб. (facepalm) Не им давал на негувателките да му се приближат, кога ќе го земеле ги буткал да го пуштат. (facepalm)
    Вода пак не му дале. Барем го преслекле.
     
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    40.331
    Пол:
    Женски
    Не спорам дека има и лоши негувателки, само едно ќе ве потсетам. Септември во јасли е период кога одат на адаптација речиси цели групи. И реално секое дете бара внимание, а не можат тоа да го собијат од 2-3 жени кои притоа имаат режим и распоред кога се ранат деца, кога се менуваат пелени и сл.
    Јас мојот го пуштив во Мај, ај демек и да избегнам групни плачки. За жал се погоди 5 нови деца на адаптација да се баш тогаш. Не можам да ви опишам со што се соочуваа негувателките(ова беше пред короната и влез на родители беше дозволен скоро до врата). Ѕвонам јас за да ми го подадат детето. Како се отвора врата така имаш јуриш од расплакани деца кои сакаат да излезат од врата и да бегаат. Еве кажете ми како вие би се справиле со ова? Јас за жените во нашата градинка само :bow:. А за инцидентите нормално треба да се пријавуваат, ама прво премерете ја ситуацијата.
    :!: за телефонит во рака. Кога ниедна од вас нема да очекува рапорт за нејзиното дете, слики и вибер комукикација со учителката во работно време, ќе можете да кажете дека висат на телефони. А се додека има мајки/таткивци што типкаат и очекуваат одговор во секое време, ќе има и негувателки со телефонот во рака.
     
    На Cherry79, lovely91, BezglasnaBukva и 6 други им се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Мајки какви топлинки земавте за тазе проодени дечиња?
     
  15. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    :nod: да се пријавам во тие мајки.
    Не дека барам и очекувам, ама од почеток сами почнаа да ми пишуваат, уште додека беше на адаптација. Ми пишуваа дали јадел, дали спиел, па кога плачел. Сега веќе е ептен ретко, ама пак се случува да ми пишат, па некогаш и слики праќаат :)
     
  16. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Јас од кеги му земав со лепенка, многу се меки убави, темно плави, 1800 мислам беа
    И др деца носеа такви затоа
    Ама ги изнаносе
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Ова во државна или приватна градинка?
     
  18. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Во државна. Се погоди жената ептен, заљубена е во син ми, а и он во неа :rofl:
     
    На marijamarkoska и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.201
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило. Ја уште не знам ни како се викаат негувателките, не па да имам контакт од нив.
     
    На Madrugada и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  20. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Не чекај на нив, во понеделник побарај им број, за секој случај. Кога ќе почне подолго да седи ќе ти треба.
    Јас не побарав, она сама почна да ми пишува. Кога рековме да пробаме за ручек да остане, па да го земам, ми пиша да не доаѓам затоа што не сакал да јаде и ѝ заспал во раце :)
     
    На Pacient srna и nevermet18 им се допаѓа ова.