Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Да не мислиш на проодувалките со патент?
    Има такви за надвор мислев некој мекички топлинки.
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    https://kegishoes.com/производ/patiki-prooduvalki-vicco-gray/
    Vakvi se nasite, samo teget, prooduvalki bile ama premeki se
    Toplinkite bea po kruti nekako a ovie se vitkaat celi i lesni se
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    http://www.hippo.mk/mali-princezi-2

    Види ги овие, кожни, меки.
    Јас ја чекам мојава да прооди да и земам вакви, преубави ми се.
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Мало бројче се овие. :?: Ааа грешка, имало и до 24.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.258
    Пол:
    Женски
    Да ја пријавам беба дека денес прв ден беше во градинка. Прв ден = 25 минути. Дома ровари, партал прави таму многу нежна и се видела на негувателката па женава си ја држела во раце и и зборела, мојава си разгледувала наоколу :rofl:
    Па и врвот беше дека не сакаше да се пушти, јас и пружам раце да ја земам оваа во негувателката се загледала.
    Мислев ќе биде плачење, молење ама не. Како смо се надали, добро смо се удали муабетов :rofl:

    Прв впечаток од градинката, одличен. Ми кажаа дека ги распоредуваат новите бебиња, не доаѓаат сите наеднаш за да не има колективно вриштење што ми се допадна. Негувателката исто ми остави пријатен впечаток, во очи и се гледа колку многу сака бебиња.
    Се надевам дека и вака ќе си остане се во ред понатаму :inlove:
     
    На Oneo, IRBBB, Maca Macka и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    И ние се сефтосавме денес, како за прв ден супер, ни рекоа 15 мин, а седеше 45 , од тоа што можев да видам беше најмалото бебе таму, негователките ги запознавме двете, на прв впечаток фини, е сега бебево мое не плачело ич, ми рекоа дека ја седнале на под и дале играчки и си гледала напколу си играла, она во суштина кога не е гладна и не си и се спие знае и сама дома да се заигра, а ептен е социјализирана и од мала со луѓе, немаме проблем да ја оставиме било каде, ние претпоставуваме и дека така ќе биде, ама сепак таму сите плачеа, негователката кога ми ја врати ме гледаше некако чудно што била толку мирна, како да нешто не е во ред:?::?::?:, ептен ме стави во мисли... има ли друго бебе ко моево што вака се понашало прв ден??? ми рекоа утре да ја оставиме саат ипол, два да видиме да не било денес почетничка среќа :?:
     
    На Oneo, IRBBB, Maca Macka и 8 други им се допаѓа ова.
  7. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам...
    Денес прв ден, го зема воспитувачката без проблем отиде ама беше збунет, мислев ќе биде ок ама после почнал да плаче. 1ч од старт остана бидејќи ни е кратко времето за адаптација, си плачел скоро цело време, плачел - се смирувал и така во круг. Кога ме виде кога ми се закачи, како мајмунче ме гушна и онака жално си липташе, срце да ти се скине ама тоа е, мора да се навикне...
     
    На IRBBB, Keri, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Ние денеска 3 ден, добро поминавме. :D Седеше 2 саати. Не плачел, сега се карал малку. :D Уште не сака да јаде таму, си доаѓа дома прегладнет... Се надевам дека како ќе седе повеќе ќе почне да јаде.
     
    На Oneo, IRBBB, pamelche и 8 други им се допаѓа ова.
  9. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    494
    Што правите во случај кога ве лажат? Го оставив два часа денес и му оставив вода во шише имаше точно 200 мл, кога ја прашав што правел ми рече дека плачел малце и му дала два пати вода кога си дојдов дома водата беше цела во шишето а не е дека не пие вода само тоа сака,сок не пие дали да и спомнам за ова утре или да не си направам проблем
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.258
    Пол:
    Женски
    Па да не му дале од нешто друго? Овде ми спомнаа дека им давале и од пластични чаши да пијат..
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Не им даваат од нивната вода. Не знам зошто носиме шишиња, секогаш ми го враќаат исто полно колку што сум го однела. Таму им даваат друга вода од чаша.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Мене денес ми рекоа дека му понудиле со надеж дека ќе се смири ама не сакал да пие...
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.013
    Допаѓања:
    40.336
    Пол:
    Женски
    Им даваат од пластични чаши.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Твојата со мојот батко ќе бидат тандем:inlove:
    Од 4 ден остана со јадење и спиење апсолутно нема никаква мака.
    Учителките викаат вакво дете е реткост.
    Сега има нова учителка со неа од одма се пружа во раце кога ќе го зима,од 10 месеци точно тргна.
    Јас сум презадоволна од нашата градинка и учителките.
    Вода му даваат и нова му ставаат во шишето.
     
    На Oneo, CareTee, marijamarkoska и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Вас ви ѕвонат да си ги земете? Бевме договорени во 10 да си го земам, во 9 30 ми ѕвонат "одма доаѓај, многу плаче детево, додуша сега веќе не плаче ама сигурно пак ќе се расплаче, веднаш да си го земеш". Идам таму, детето си седе со другата негувателка во скут, мирен како бубалче. Таа ми вика дека не плачел многу денеска, бил мирен.
     
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    20.258
    Пол:
    Женски
    Лол. Ај нека се одлучат. Плаче или не плаче (facepalm)
     
    На Pacient srna, IRBBB и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Дали ти им кажа дека не работиш?
    Сега на почеток акде нека е вака една недела ама после јасно ќе си кажеш јас сум на работа и толку.
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Ништо не сум им кажала. На адаптација е, ми рекоа 2-3 недели додека свикне, после ќе си седе по цел ден.
    Ама ме изненади тоа што ми велат секој ден по повеќе дека ќе седе за да се свикне, а сега ѕвонат доаѓај одма, саат и пол едвај поседе. (facepalm)
     
  19. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    2.861
    Пол:
    Женски
    @Anaroz1
    Мојата беше таква.
    Првиот ден требаше да остани 30-45 минути. Оставив број да ми се јават. Се јавија по 3 и пол часа. Дури тогаш почнала да се буни па се јавија за да ја земиме да не и дојди наеднаш многу време. Немаше проблем за адаптација никаков, само јас ја адаптирав многу долго 3 месеци некаде затоа што бев во можност да ја земам, а и така сакав затоа што кога ќе почнев со работа требаше да седи од 7-17ч па не сакав наеднаш туку зголемував по 1ч постепено.
    По 15ч ја чуваа дежурните воспитувачки и само тогаш имаше проблем.

    @nevermet18
    Ако си во можност постепено да го зголемуваш времето мислам дека е најдобро така. Прашај кога ги заспиваат па на почеток земај го тогаш. Најчесто се јавуваат ако дојди време за спиење па некое дете плачи и автоматски не можи никој да спие. Ама пак ќе кажам многу зависи и од воспитувачките. Јас им кажав дека 3 месеци ќе можам да ја земам и порано ако има потреба, па тие сами ми кажаја еден ден дека сакаат да пробаат да ја заспијат и мислат дека е веќе спремна и така и беше. Сепак многу деца изгледале и знаат добро да проценат.
     
    На Anaroz1 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Истото мене денес ми се случи. Го оставив во 10 и требаше за 1ч да го земам кога во 10:30 ми се јавуваат плаче никако не се смирува дојди да го земеш. Отидов кога го изнесоа не беше расплакан и воопшто не личеше како да плачел цело време. Денес ни е втор ден, вчера беше 1ч и кога го изнесоа беше расплакан ама денес не беше како вчера а ми се јавија и ми викаат утре пак пола саат. Ама утре уште пред да ми кажат пола саат јас ќе им кажам одам на работа ќе гледам до 12 да стигнам па ќе видиме дали ќе се јават...

    Да се редактирам : уште вчера од сам старт им беше кажано дека ми е кратко времето за адаптација и дека планирам здравје од понеделник со спиење да останува и ајде од старт 1ч кога денес за пола саат се јавуваат и ми викаат и утре пола саат мајка, место да идеме напред со времето ние назад се враќаме...
    А од 4ти август требаше да почнам на работа ама бидејќи го примија од 01.09. во градинка имам можност и работам од дома. Фала богу имам разбрани газди што ми се најдоа ептен ама нема смисла веќе да одолговлекувам...
    Дефинитивно треба строг пристап со воспитувачките за да се навикне побрзо детето иначе ќе не мафтосуваат со месеци
     
    Последна измена: 6 септември 2022
    На nevermet18 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.