Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Во раце до кола и од кола до градинка. На почетокот се нервирав, ама веќе не се замарам, на работа ме научија сите дека сум згужвана зошто носам дете во раце (facepalm)
     
    На S.J.Parker и sani99 им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    17.133
    Некоја мајка искуство во градинката во Хром?
     
  3. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Прв ден во градинка. Мајкава повеќе плачеше од детето (не сум нормална, знам (facepalm)). Изгледа дека побрзо тој ќе се навикне отколку јас. :) Учителките ми оставија добар впечаток за почеток, тие се пооптимисти од мене дека брзо ќе се адаптираме во градинка:).
    Сакав да прашам од топлинките од Кеги дали сте задоволни или некои други да препорачате?
    Исто, заборавив да прашам денес - крема за газе носите во ранче или нема потреба?
     
  4. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Да не има некој инфо кога ќе се отвори новата црвенкапа во аеродром ни трага ни глас од таму
     
  5. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Јас му земав од кеги ама не биле топлинки туку проодувалки,ама за годинка се работеше, уште ги носи тие ама кај и да е треба нови да земеме
    Крема носиме една на почеток на месец, ова за во срничка
     
    На Lilijan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Бидна и првиот ден.
    Требаше во понеделник да ја пуштам ама дури во неделата и прекинаа мрсулите па ај викам среда за среќно да и биде.
    Ми земаа документите, ми земаа детето и ми вика почекај 20 минути.
    И ај цигара, две, помина и пола саат ја нема. Ми ја изнесоа после 45 минути извештерена од плачење.:( Јас си реков ваљда не рика чим ја држат повеќе. Негувателката така фино девојче ми вика ако здраво е да плаче при разделба. Си ја земав, се гушкавме до дома и еве ја нана уморена.
    Ах бре....
     
    На zverkica, CareTee, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Со среќа, дај боже брзо да се адаптира.

    Моево па таман се адаптираше, почна да останува на спиење, вчера ми ѕвонат да си го земам оти не бил арен. Демек стомачен вирус имал, пролив, изнемоштен. Го носам на лекар, на детето ништо не му е. Ниеднаш немаше течна столица од вчера навака, нити е раздразнет, нити е поспан. :^) Ама требало да одмараат тетките, нека го дома (заклучок на матичниот дека не им се работи, му праќале постојано здрави деца). Пола група не е во градинка од вчера, поштено ќе се одморат со 4 - 5 деца само.
    Па и вчера кога да го земам, едната негувателка лагано си спиеше на работното место додека спиеја другите деца. Шо убаво. (facepalm)
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Извади потврда од матичен дека детето е здраво и однеси го утре во градинка.
     
    На Tea SK, LiquidLuna, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    20.342
    Пол:
    Женски
    Како бе си спиела (facepalm)
    Овие тука растрчани се 200, 12 дечиња имаат моментално. Цело време прават распореди, за секое дете посебно како се адаптира, кога да го носат и кога да го земаат и цело време објаснуваат зашо вака, зашо така. Еве денес прв пат остана со спиење, и тоа сами ми кажаа дека е спремна, не ги ни замарав јас.:^)
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    8.231
    Пол:
    Женски
    Мене вака ми правеа на почетокот. Ќе се јават има температура ја носам дома на лекат ништо не и е. И така 4 дена по ред, инат ме фати секој ден вадев потврда и секој ден им ја носев, они јави се, ја земи ја однеси ја на лекар извади потврда, врати им ја. Од тогаш не ми се јавиле.
     
    На IRBBB, nevermet18, Em4e711 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Не е многу трет ден адаптација саат и пол да седи, а плаче 99%од времето?
    Ми се изнасмеа негувателката на реакцијата ама јас малце се исплашив.
    Она вика таман ќе преплаче:?:
    Не очекував ваква драма Квин да бидам упм
     
  12. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Не е многу :)
    Јас од прв ден го оставав по саат, па после 2-2 и пол до после ручек.
    Оваа му е втора недела и веќе го носам во 8 а го зимам кога ќе стане од спиење...
    Уште не е навикнат, плаче ама морам да форсирам бидејќи после завршување на породилното плус 2 месеци останав од дома да работам, и оваа недела почнав со физичко присуство и излегувам кога ќе се јават.
    Од понеделник веќе ќе седи повеќе јас ќе бидам фул работно време на работа
     
  13. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Абе изгледа мене ми е многу пошто сум дома. Што вика мајка дека си немаш работа па ја мислиш.
    И ја оставив лажливката а ја користиме само за спиење. Може малце ќе ја утеши
     
    На WhiteAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    И јас бев дома првата недела ама морав да форсирам од старт повеќе да останува за да се навикне побрзо бидејќи времето за адаптација ми беше кратко.
    Ние почнавме уште на 05.09. ама одеше 3 дена и го фати стомачен и направивме прекин од цела недела и затоа морав да убрзам пошто веќе почнаа и на работа да ме бараат, а немам никој за чување...
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Јас планирам да барам работа од нова година. И јас немам кој да ја чува и затоа одлучивме да дадам отказ и некој месец да останам дома за да се привикне и да ги поминуваме болештиите.
    А што ме нервираат па моите реагираат божем сум ја пуштила да се бори на фронт. Па мала е, па грота е...повеќе секирации ме прават они
     
    На lovely91 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    леле мене веќе секој човек со муабетов:drunk: ме нервираат искрено, иначе не се секирај мојата од втор ден седеше по 2 ипол саати и првата недела беше со плачки малце, од втората веќе супер, мн брзо се адаптираше ни плаче ни ништо, ја се вратив на работа сега маж ми ја зима он порано завршува, вика идам таму ми викаат детево како да е растено тука со нас, ни плаче, јаде се без проблем, спие си игра, искрено 4 та недела завршува како оди денес, супер и е, освен носот што и тече малце откако тргна ништо друго, иначе тргна на неполни 9
     
  17. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа сега дека била изгледа многу приврзана за мене, само она мама мама. Ќе видиме од понеделник.
     
  18. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Мајка нема дете што не е приврзано за родителите, што знам вакви констатации ми немаат смисла. Па со кој да биде приврзано детето ако не со родителите?
    Немој да се секираш, и мојата беше таква напочетокот. Буквално 9 месеци 24 часа константно само мене ме гледаше никој друг, само јас. Почнав со работа она во градинка, но добро е што ме толерираа и баш полека одеше адаптацијата, додека да наполни една година стигнавме да седи цел ден со спиење. Сега веќе е 19 месеци буквално со трчање оди во градинка, кога и да ја прашаш дали сакаш да одиш во градинка, дали ти е убаво таму, секогаш вика да. Подава раце по негователките, се приметува дека детето е среќно таму.
    Знам како ти е сега, иста бев и јас, но каде стигнавме сега многу сум среќна и задоволна. Ќе биде подобро и полесно со текот на времето. (fingers)
     
    На Keri, nevermet18, Speechless и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Уууффф фала многу. Ми ја стопли малце душичката:)
     
    На Jordanovska-K, CareTee и sani99 им се допаѓа ова.
  20. Candyyy

    Candyyy Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Zdravo, moze li da mi kazete sto se e potrebno za bebe vo gradinka, vo smisla toplinki, pizami takvi raboti, i dali ostanuva tamu pa na primer ednas nedelno zemate doma ili kako se organiziraat tie raboti

    Blagodaram odnapred