Зависи од градинката и колкаво е детето. Ние месечно носиме 2 паковања влажни, 1 крема, брисач. Секој ден и ставам во ранче 5 пелени, шише вода, и за пресоблакање, 2 пара хеланки, 2 блузи, 1 боди, 1 чорапи.На нозе носи чорапи со кожа место топлинки. Пижами не ти требаат.
Toplinkite i stojat tamu dur ne se smalat pa nosis novi. Jas ednas mesecno nosam pakovanje peleni, 2 vlazni, brisac. Sekoj ponedelnik spremam rance so nekolku kombinacii za presoblakanje i krema za gaz. Ranceto go vrakaat u petok ili porano ako neso se isprljalo. Pizami ne treba ne gi presoblakaat za spienje
До колку месеци се јасли? Во градинка се праат многу паметни, демек нема веќе место, дури од следен септември. Па нели ако во текот на годината детето направи соодветни месеци се префрла од јасли во соодветна група? Мојата логика е таа или грешам?! Како шо сум гневна периодов на оваа тема, аууу...и на баби, и познаници и шефови на градинки.
Јасно како ден, така знам по некоја логика, ама ај демек пријатели па сами се понудија пре извесно време.... на пријателска база.. да, може ама од следен септември. Абе за плачење работава.
Не префрлаат на сред година. Групите се прават по година на раѓање. Ама прием треба да има цело време. Малиот мој кога почнуваше во Мај почна.
Mom's Во петокот кога ја земав ми рекоа потопло да ја облекувам пошто им стигнало известување да не се пуштаат клими а зимоска на 20 степени (арно им текна после три дена да ми кажат). Мојава беше во комплетче и џемпер со термо чорапи. Ми рече исто дека она е во креветче па може да и биде поладно пошто демек не била активна. Кога ја земав имаше мрсулчиња а се оправивме пред една недела. Во петокот вечерта ми качи температура 38, мрсули зелени, денеска нема температура ама почнаа очињата да и се улепуваат, дали затнати канали или конјуктевит не знам. Сабајле сме на доктор Можеби ли е толку да настанала од ладното или пак одма се закачиле нешто? Не бев спремна за волку брзо слетување
Ок, супер таман ќе се адаптираме до прваче И најдете ми кокаин кој има пошто мама не е спиена 48 часа и осеќам дека ќе има плус 24.
Моето на 3 дена се разболуваше кога почна да оди во градинка. Сега и помалото покрај него се си прифаќа, со маж ми сме како зомби кога се болни двајцата, а тоа е многу често.
Жени, во градинка на почеток на месец носиме 2 пакувања влажни од тие што ги користиме и за дома ама кога и да ми останат во ранче влажни пошто си го земаме секој ден или ако ставам намерно за после градинка да не ми затребаат, ми ги собираат учителките обавезно. Дали му се има на некој вакво нешто случено или овие кај нас се специјални нешто, испаѓа околу 4-5 пакувања месечно да носиме... Незгодно ми беше да им речам ама што е претерано, претерано е. Неделава имам родителска па секако ќе го спомнам ова.
Јас однесов 2 паковања и плус едно ми стои цело време во ранче, тие што се во ранче не се ни отворени така да кај нас освен памперс што зимаат од ранче друго ништо не чепкаат. Носам по 4 памперси, 3 ги зимаат 1 оставаат во ранче или ако од претходно им останал памперс кај нив ќе земат 2 другите си стојат .
Јас оставам едно на почеток на месец и им кажувам ако се потроши да ми кажат. Многу нели се 4-5 пакувања месечно...
Мене ми имаат неколку пати собрано шмукалчиња што му оставав во ранче за да имам за после градинка за ужинка. Прашав зошто и ми рекоа па неќеше да јаде ужинка и тоа му дадовме. Едноставно престанав да ставам и "пројаде" ужинка. И јас мислам дека е многу, ако има потреба да се однесе дополнително ваљда треба да кажат, а не да земаат сами. Башка што апсолутно не верувам дека ги трошат туку дека за некое друго дете носам и јас. Јас сум изиритира а најмногу пошто во тие моменти сум рачунала дека имам влажни и и кога ќе тргнам да вадам гледам дека нема а дете укашкано/со валкани рачиња.
Во септември одеше вкупно 15 дена во градинка, од кои 5 одеше од 8 до 10, уште 5 денс од 8 до 11 15, а само 5 дена одеше од 8 до 2 часот. Не ми е верно дека за толку краток период потрошија вкупно 80 парчиња марамици. А ми го враќаа стандард со неизбришано носе и црни рачиња.
Мојата на 1 септември почна, сè фино, на танане, јас користев одмор за да се навикне, остануваше по саат, два уште првата недела, втората недела веќе почна со јадење, третата почна носот да и тече, ама гледав на сите дечиња во групата нејзина така, носе им тече и поткашлуваат, но ја избуткавме и таа недела цела. И ми качи тт минатиот викенд. Крвна слика укажува на бактериска инфекција и матичната кажа антибиотик. Боледување ми отвори и оваа недела така малце обелев во косава, два дена не сакаше да јаде, па со ноќниот термин на давање антибиотик ни беше весело, цела зграда нè слушна, за да на крај откријам дека може и без да ја будам со шприц да и го давам пополека Важно сега е подобра, носот не тече, ама од шлајм што не знае како да го плукне знае уште да поткашла. Утре планирам да ја носам, ама пократко, да не и дојде нагло