1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Здраво мајки
    Дали некоја го носи детето во градинката, т.е. во бубамара /бубамара 1 кај улицата на Тоше Проески што се и како сте задоволни?
    Јас планирам бебо таму да го носам па како сте задоволни? :)
     
  2. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Дали за 9 месеци бебе за во градинка треба топлинки? До сега дома не сум и ставала, не ни имаме купено. Ако да од каде препорачувате кеги цицибан?:)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.125
    Пол:
    Женски
    Ако оди, лази, да.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.841
    Пол:
    Женски
    Ангелче како може бебе на 9 м да оди? :)
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Може, внука моја на 9 месеци веќе одеше. И мојава лази од 6 месеци, сега веќе сама се исправа по кревети, столици и знае да направи неколку чекори. Сеа не оди сама сеуште, ама веќе се пушта по троседот. :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.125
    Пол:
    Женски
    Не одат, ама знаат да се фатат за креветчиња и да се прошетаат, од мака сироти и ќе проодат.
     
    На marija99992, LucyLu и fana им се допаѓа ова.
  7. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    еве од мене еден рапорт за почетокот на нашата адаптација во државна градинка:

    прв ден: пола саат. кога ја оставав не ни се сврте по мене. одлично прошла, воопшто не заплакала.

    втор ден: 45 минути. ми ја предадоа расплакана, само уста на неа. иначе додека чекав неколку минути да ми ја донесат, не се слушаше никакво плачење, буквално 10 секунди пред да ми ја извадат слушнав вресок, како да паднала во моментот или да се удрила од нешто, ама не ми го кажаа тоа.

    трет ден: 45 минути. цел ден била плачлива, задрхтана беше кога ми ја дадоа.

    четврти ден: 50 минути. помалку плачела. малце борба воделе со неа за ужинка (чајче/сокче даваат). на земање беше покакана и ми побараа пелена и влажни, јас влажни немав ставено во ранчето, па си добив список со потребни средства за хигиена што треба да ги набавам и однесам. кога дојдов дома, веднаш отворив пелена да ја измијам со вода затоа што дома не користиме влажни за пеленска регија, а и газето уште ѝ мирисаше преку облека и што да видам… воопшто не беше добро избришана, имаше каки и во препоните и во дудето. си велам сега седи кратко и не е страшно, јас ќе си ја досредам дома, ама кога ќе стигне да седи таму по 3-4, па и 6-7 часа, што тогаш со вакво површно бришење.

    петти ден: саат ипол. добро прошла, почнала да плаче во последните 10 минути пред да ја земам. им замерив за пелената од претходниот ден, одговор добив “се случува, или било во брзање, или многу претала.” никакво оправдување, ама ајде, јас битно им дадов до знаење, па ќе следам ситуација понатаму.

    шести ден: саат и 45мин. супер прошла, овој ден ѝ дале и ручек. јадела.

    седми ден: саат и 45мин. поплачлива била, ама очекував денес да не пројде нај нај затоа што ноќта не спиеше добро, будна ми беше од 4 до 7 и сабајлето морав јас да ја разбудам за да не задоцниме во градинка. не стигнале да ѝ дадат ручек затоа што каснеле од кујна.

    генерално сум задоволна од напредокот, ќе видиме како ќе биде наредна недела. :) јас цело време сум параноична дека ќе се разболи, нонстоп влечам течни шлајмови преку носе, ваљда се собираат од расплакување.
     
    На Klara91, dromka, Ema.Sk и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Мама фала за рефератов :hug: секое дете си е своја приказна ама вака кога читам други, психички се спремам за што ме чека и помирна сум. Дај боже ептен лесно да си поминете и да не се разболува. Туку сакав да те прашам, досега како бевте со јадење? На доење, на ад? Сама јаде или ти ја раниш дома? Во градинка како ги хранат? Ги оставаат сами да јадат ако јадат сами?
     
    На IRBBB и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  9. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    фала мами, и вам да ви биде лесна адаптацијата. :l: моето е на доење ама цица само за заспивање и во текот на ноќта, па така немаме утрински подој, веднаш ѝ давам доручек. во градинка ми рекоа да ја носам околу 9ипол за да бидат завршени со доручекот таму и да можат повеќе време да им посветат на бебињата што се адаптираат. првите денови кога ќе стигневме дома веднаш ја успивав па кога ќе станеше ѝ давав ручек. а од вчера стигнавме до ручек време, само денес го утнавме. и покрај тоа што вчера јадела таму, после дремка јас повторно ѝ дадов ручек. инаку сме на комбинирана дохрана, и каши, и блв. во јасли не практикуваат блв, па затоа се одлучив вака да тераме.
     
    На dromka, CareTee, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Супер. Ние сега уште малце ќе почнуваме со немлечна дохрана и сакам по блв да тераме. Затоа и те прашувам. А млеко молзено има шанси да и дадат во градинка или тешко?
     
  11. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    немам прашано такво нешто ама искрено не верувам. со воведување дохрана и додека стигнете до градинка би требало да имате веќе скратено на подои, така што не би имало ни потреба од такво нешто. а и првиот месец кратко престојуваат, ќе си ја доиш пред и после.
     
    На dromka и kostovaivana им се допаѓа ова.
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mene prijateli mi rekoa ne, pred i posle se doi
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Забрането е во градинка млеко да се носи, because fuck logic. Поапсурдно нешто, здравје.

    Има ли некое детенце околу годинка што успева да преседи цел ден во градинка од 8 до 4, или тешко?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mene ova mi e nejasno kolku trae toj period na adaptacija dodeka bebeto pocne da sedi cel den? Jas planirav posle porodilno da zemam odmor,pa babite ke go doniraat nivniot odmor za cuvanje i posle ke treba pak da zemam dur e taa adaptacija ama ne znam kolku da ostavam za togas....nedela 2,3?
     
  15. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    барем 3 недели по мене. но секое бебе си е свое, на некое ќе му треба 2 недели, на некое цел месец. плус ако се разболи за брзо, после седење дома пак јово на ново. може нема да се вратиш на пола саат престој како за прв ден, но очекувано е да отидете некој чекор поназад во однос на тоа до кај сте стигнале со адаптација.
     
    На IRBBB и Pacient srna им се допаѓа ова.
  16. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Сите се различни. Јас почнав да ја носам две недели пред да ми заврши породилно, па потоа земав одмор уште недела дена. И требаше некаде 3 недели за адаптација, со тоа што мојава сама заспива ама не е некој јадач, па имав мака со тоа додека не се навикна да јаде таму. Исто зависи од градинката. Првата недела до 2 часа стигнавме максимум да останува. По месец дена настина, мислев ќе прави проблем после бидејќи не одеше цела недела со викенд 10 дена фати, ама немаше проблем после тоа.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Секое бебе е приказна за себе, моето 1 месец беше на адаптација, сите почнуваа со пола саат па секој ден се повеќе, моето првиот ден пола саат, вториот 15 минути и секој ден по 10 минути плус, едвај се навикна, почна да седи од 7 до 15ч, ама цело време е болен, 3 дена во градинка, 2 недели дома, ќе се опраи, здрав прав оди и пак истото во круг. Не знам колку боледувања имам земено до сега.
     
  18. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    A del od periodot na adaptacija da pokriva tatkoto neli moze?
     
  19. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    секако дека може, јас кога ќе тргнам на работа, мм ќе земе 2 недели одмор у случај да не не е уште адаптирана за целодневен престој. со тоа ќе ни се фатат вкупно 5 недели во секој момент некој да е веднаш достапен. понатаму ќе видиме, ќе се искача порано од работа, баби, дедовци, кој како може.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    И тоа го потрошивме:rofl: