Mom's Ви спомнале во вашите градинки за очекуваната епидемија на морбили зимава? Другарка вчера во градинка во Аеродром негувателката и кажала да се внимава многу и да го вакцинира малиот пред да го пушти. Никако да не го пушти зимава без вакцина. Мене ми е во план во јануари да ја ставиме мрп, некаде пред 14 месеци.
Ние сме во општина Гази Баба, до сега немаат ништо вакво спомнато. Ние сме поголеми 19 месеци сега на 18 месеци ја ставивме мрп вакцината и поминавме доста лесно според мене. Само со три дена темп од 10 до 12 ден.
И ние сме гази баба. Од тие три дена што бевме во градинка не спомнаа ништо. Сега сум на мисла дали да ја пуштам пак или да оставам за во февруари
Како ги облакате бњбињата за во градинка? Секое сабајле мака мачам боди на долги + комплетче и чорапчиња има сега, ама се се мислам да не и е топло таму, греење имаат ли? Ги глеам секој ден по кратки ракави
За да ги притиснат родителите да ја стават затоа така зборат. Мојот е 14 месеци и оди но не планирам толку мал да ја прими.
Насабајле боди на долги, дебела блуза и тренерки надоле + дебел дуксер и полнето палто или елек. За таму носам потенки блуза и тренерки и го пресоблекуваат. Некогаш и само по боди е нагоре кога одам да го земам.
Насабајле боди на кратки ракави и блуза и панталони + јакна. Ама од утре ќе облечеме и дуксер , веќе е посвежо
И тука ја пресоблакаат ама јас носев само боди на долги + хеланки ова зборам пред некој 10тина дена кога не беше свежо волку па ми посочија и за блузи на долги е сега ако тогаш бараа плус уште нешто сега немам појма како да ја пратам. И облеков по дебело комплетче боди на долги и јакна а за таму ставив бодиња и плус комплетчиња на долги. Па тоа и јас гледам од сабајле е некако ладно а после е топло а таму ако ги облекуваат на горе две ракавчиња има да се свари моево по дома е уште на еден ракав и хулахопки пошто чорапки не трпи.
Јас ја однесов накај 8 и нешто и не беше нешто ептен ладно ама беше свежичко. За капа уште де мољакаме денес ми успеа прв пат да и облечам патики и да не ги извади 10 пати.
Мајки може линда ми кажете на која финта се рачуна колку ќе се плати месецот? Мојава пр за месец октомври има идено вторник,среда и четврток на уплатницата ми пишува дека треба да платам 1300 и нешто сонобразложение дека не била за медец октомври само 2 дена? успат ако има некој да ме утњши дека не е само мојава што за 3 дена одење успева да се разболи, од септември тргна и еве ја 4 пат дома болна...
Во нашата градинка пример почеток на месец ги даваат уплатниците за тековниот месец, но се однесуваат за присутноста на детето во претходниот месец. Сега до 10 ми ја дадоа уплатницата за месец Октомври така пишува на неа, но цената се однесува за присутноста на детето во месец Септември. Во септември одеше само една недела и треба да платам 840 денари. Се што не ти е јасно за плаќањето прашувај, бидејќи може и да се случи да направат грешка.