Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Ние за некој ден полниме 1 година, прашањето ми е тие што носеле за деца у јасли да частат што носеле? прво дете и не ми е јасно на толку мали бебушки што да ставам фала
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Toa sto jade tvoeto toa ke stavis. Smukalce kasicka mozda bebi smoki biskviti...zavisi kolkavo.paketce planiras
     
    На Noranora и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Смоки и сокче носат кај нас.
     
    На Noranora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Мајки, колку оброци имаат вашите деца после градинка? Таму имаат појадок, ручек и две ужинки. Дали дома им давате пак ручек и секако нели вечера или им давате само ужинка после градинка и вечера?
    Каков убав ред имавме со јадењето, сега со градинката се' ни се измести. Мислам дека цел ден само нешто се јаде. Дали и кај вашите дечиња е вака?
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде веднаш руча, после тоа има вечера, а некогаш и измеѓу може да грицне нешто. Цел пат до дома, њами њами прави, влегува дома се собува, соблака алишта, мие раци и седнува на маса да јаде. Но не само кога е во градинка дека јаде и кога е дома за викенд само нешто меле. Ќефови се бабите кога им оди на гости, не одбива ништо да си грицне.
     
    На Lilijan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    да исто и нас ни се поремети се... иначе ја кога ќе дојдеме и давам одма ручек, после и вечера
     
    На Lilijan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    @Tiny Love @Anaroz1 ви благодарам мајки. И моето дома има и ручек и вечера па си мислев да не го прејадувам детево затоа што кога го земам од градинка секогаш ми викаат дека убаво јадел(facepalm). Изгледа јадењето од градинка не ги држи сити долго време. :)
     
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    и мене ми викаат дека се јадела, а кога ќе дојдеме дома едвај чека да руча, ама кај мене мислам проблемот е што они мн рано ручаат во 11 ипол, а ние дома доаѓаме во 5, иако имаат уште една ужинка накај 2 мислам
     
    На Lilijan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    20.378
    Пол:
    Женски
    Убаво јадат и во градинка ама ручекот им е во 11:30, кај ќе издржи без да јаде пак дома... Јас пример дома ко ќе се вратиме во 15:00 и давам нешто полесно, ама пак ручек е. Накај 18:00 вечера па млеко
     
    На Lilijan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    17.133
    Мајки искуство во 13 ноември со 9месечно бебе? На први ќе ја пуштам уште ни 9 нема да ина, веќе почна да ме фаќа паника.
    Дали ги оставаат цело време ви креветче да лежат или ги ставаат и на земја да седат да си играат? Дали ги ранат, оти моево само не знае, некогаш само ќе фати лажица од 3 пати дали 1 ќе погоди во уста :worried:
    Ќе имаме нешто помалку од 20 дена за адаптација, мислам таман ќе е, да не е малку?
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    4.625
    Во кој клон? И јас за таму се мислам.
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    мојата оди во друга градинка, ама еве ќе ти кажам тргна исто на неполни 9, не знаеш колку ја мислев пред да тргнеме, ја имав две недели време за адаптација, она се адаптираше уште првата недела, не се цело време во креветче, ги оставаат и на земја, кога плаче ми кажуваат дека ја држат во раце да ја смират, секако дека они ги ранат, мојата дома јаде по блв, таму јаде каши, јасли се , немој да се потпираш на се што читаш, ја лично сум презадоволна, детето кога ќе го земам ми е најадено, наспано, пресоблечено, чисто, негователките се префини, секој ден ми кажуваат како прошле, а пред да тргне шо читав се ми идеше отказ да си дадам и да ја чувам дома, иначе ја оставам во 8, до 4 е таму
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Брзо ја запишавте или одсмна фативте ред?
     
  14. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    И моето тргна во 13 ноември, во Матичниот објект, на 9 месеци. Многу бргу се адаптираше, добар е пристапот на учителките. На почетокот ги оставаат „по настрана“ за да се адаптираат на средината во креветче или лулашка, па дури потоа на под со другите деца. Моево само знае да јаде, јас затоа имав малку мака :) - им ја земало лажицата на учителките првите две недели, ама после сфати дека дома јаде сам, а во градинка го хранат. Мислам дека 20 дена се таман, она што не можеш да го предвидиш е дали и ако да колку ќе се разболува, но и на тоа се навикнуваш :).
     
    На nevermet18 и pamelche им се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    17.133
    Од август имам аплицирано, а сега ја примија 'со препорака' што би се рекло:tmi:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Isto i mojata ne mozes da ja najades.posle gradinka....rucekot so nas pa mozda neso izmegu biskvitce ili taka neso i vecera i sise mleko za zaspivanje
     
    На Tea SK, nevermet18 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    17.133
    Мајки, дали до пред да почне во градинка, од јадење се треба да имам воведено?
    Го гледам менито за овој месец, има јуфки/тарана тоа не е со цело јајце правено? Белка нели се воведува покасно? Бисквити и млеко за појадок, кравјо млеко им даваат? Сирење солено има даваат или несолено?
     
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас цело јајце воцедов од таа причина и бисквити и дадов да проба со млеко обично пред да тргне и чоколино, дома тоа не јаде ама таму да затоа и и дадов прво дома.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Јас се' воведов до 9 м. Освен мед.
    Дури и јагоди и кикирики.
    Фала богу немаше реакција. Јајце за 2 дена воведов. Изматив белка го намачкав на лице, ок беше другиот ден цела ја дадов на 8м.
     
    На TeddyGrey и pamelche им се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    да знаеш дека скоро секој ден имаат каша со кравјо, мојата тргна исто како твојата немав дома дадено кравјо, немав ни белка, ни гравче, ни зелка, тоа се во градинка проба, на 10 месеци и воведов дома белка, а и знам веќе и каша да и направам со кравјо, да пие не сум и дала
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.