Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Кан бебе, денес ми кажаа
     
    На Madam S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за пелениве
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Почна бебе на 1ви во градинка и вака адаптација супер. Уште втор ден си седеше 3 саати без проблем. Плачела малку ама викаат тоа не е ни плачење, одма се смирувала. Два дена еве си јадела и доручек и ручек што е супер, дома не јаде така.
    Е сега проблем.
    Таа е навикната сабајле рано околу 9ипол,10 и е прва дремка и таму така си заспива, сега дали сама дали ја успиваат не знам. Таму редот бил после ручек прва дремка. Вчера ми се јавија во 12ипол дојди земи ја, се одспа сабајле и сега не сака да спие, другите деца спијат. Ми вика дома ќе ја учиш првата дремка да и е покасно :^)
    Кога да ја учам кога е во градинка одсабајле, а од другата недела тргам на работа:^) За викенд за два дена ќе ја навикнам?
    Денес ја оставив и ми рече воспитувачката ако заспие сабајле ќе ти ѕвонам во 12 да ја земеш:|
    Значи бебе си седе, си јаде, не плаче не прави проблеми, и сега поради спиењето дали може да ми прават проблем да не сакаат да ја држат после 12, оти немам решение кога ќе појдам на работа, нема кој да ја зима пред 4.
    Како ги навикнавте децата веднаш да фатат нов ред?
     
    На Freckles., converse.brown и sani99 им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    39.729
    Пол:
    Женски
    Нема што ти да ја навикнеш да фаќа ред во градинката. Тоа треба негувателките да го прават. Мало ти е бебето и затоа порано заспива. И мојата спиеше порано, ама не правеа никаков проблем. Дури сами рекоа втората недела да остане цел ден. Со текот на времето се научи да заспива тогаш кога таму ги успиваат. Ако ти се јават ќе им кажеш дека мора до 4 да останува и нема кој да ја земе. Не е во ред да ти се јавуваат оти не спиела во времето предвидено за тоа. Господе боже. Вакви глупости што ги прават негувателките кај нас е немало.
     
    На converse.brown, Jordanovska-K, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.930
    Допаѓања:
    20.383
    Пол:
    Женски
    Мојата 3 месеци оди во градинка, кога спие кога не, па ја зимам после предвидената дремка. И не ми ни ѕвонат освен ако не се изнадеси нешто (додуша еднаш ми ѕвонеа само оти качи тт и била малаксана). А прва се буди кога спие па пак седи до периодот "предвиден" за сите бебиња да спијат.
    Ред неможеш да и фатиш како во градинка оти е дома, дома не е исто како во градинка. Тие таму според мене треба да ја занимаваат или да ја успијат. Друго нема.
    Мојата и ко не е во градинка, си тера по ред дома. Спиење кога сака, станување кога сака. А таму си знае кога се спие, кога се јаде.
    И со тоа ѕвонењето кога сакаат, на крај треба да испаднеш безобразна и да им кажеш шо знаат да и прават, неможеш да ја земеш пред 4. Не знам стварно како би ја навикнала ти..
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Па и јас тоа се чудам што ми рече дома ќе гледаш дремките да и се покасно, барем околу 11ипол:o кога дома жено:D
    Нема врска, ќе и кажам денес од наредна недела да гледаат тие покасно да и дремката оти после секако ќе нема кој да ја зима порано :)
    Инаку мала е да, нема 9месеци уште што според мене е нормално и порано да е научена да заспива:)
    Јас ќе разберев да е проблемот дека плаче или нешто, ама баш се зачудив ова за спиењето па затоа пишав:D
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Малецка е, мора да спие. Мојот 2 пати дремнуваше некогаш. И година направи и не издржува до 12.
    Ќе кажеш дека спие 2 пати и тоа е тоа. Нема што да учиш или не. Бебе е.
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ве молам доколку има некој што оди во градинките во Центар, конкретно 13 ноември кај кафич Круг во Д.маало,или во Кочо Рацин позади универзална, да сподели искуство, малиот би тргнал со неполни 9м....
    Почна да ме фаќа нервоза како ќе му биде, дали ќе се грижат, да не го задеваат поголеми дечиња... А немаме избор за чување - државна градинка, приватна или крајно жена што нит знам нит би сакала тоа...
     
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.731
    мојата оди во кочо рацин позади универзална, од неполни 9 месеци, сеа има годинка , ја бев исто како тебе преплашена, а немавме избор, искрено негователките ми се ептен погодени и сум презадоволна од тоа како ги чуваат дечињата, е сеа лошата страна е честото разболување, ама тоа сегде мора да го помине само шо во градинка е поинтензивно, пред еден месец бевме со бронхит, еве не сега пак со бронхит :( ако те интересира нешто повеќе можеш да ми пишеш и лп
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Ги сликаа вашите дечиња во градинка? Добија пакетчиња? :D
    Ја не знам зошто мислев дека ќе добијат пакетче, ама само ги сликале тука.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка ми првата нова година во јасли исто само се сликаа, веројатно оти се многу мали за пакетче и не разбираат баш. Потоа секоја наредна нова година добиваа пакетче кое уствари сами си го купуваме и може внатре да има што сакаме, само нели детето не знае дека е од нас, го носиме во градинката тајно :D.
    А инаку така од самата градинка да даваат без да платите не верувам. Обично за сѐ се собираат пари.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Da se slikaa so dedo mraz sekoj posebno i site zardno i im delea paketcinja. Se ova si plativme dopolnitelno
     
    На nevermet18 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Ги сликаа групно и посебно, пакетчиња на 28ми ќе им даваат, со чоколади:|
    Си плативме секако, ама немаат логика пакетчињата:D
     
    На Madam S, nevermet18 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.355
    Допаѓања:
    1.357
    Ги сликаа групно и посебно, пакетчиња вчера им дадоа, задоволна сум од пакетчето
    од Тримакс е , со боенки , пластенил итн без чоколадца
     
    На IRBBB и nevermet18 им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.930
    Допаѓања:
    20.383
    Пол:
    Женски
    Ги сликаа и групно и сами. И има пакетче од Тримакс :D Ама за поголемко, не за мојава. Пластелин, боенка, боички
     
    На nevermet18 и sani99 им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    39.729
    Пол:
    Женски
    Ние ги плаќаме пакетчињата. Лани имаше картички меморија, јаже за скокање и музички инструмент пластичен. Ова кај големата беше, кај малата не се сеќавам
     
    На IRBBB и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Мене ми побараа 200 ден, ваљда само за сликите. :D
    Туку, има зимски распуст во градинките или постојано ќе работат? Се знае нешто? Ја малку неупатена, сабајлево не беше таму неговата негувателка да ја прашам.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.355
    Допаѓања:
    1.357
    Нема , освен може за празници да спојат ма да не ми се верува
    Ќе прашам и јас
     
  19. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    Нема зимски распуст ама првата недела од новата година, каде се работни три дена, секоја година напнуваат со убедување да се снајдеме, како детето ќе било само, како сите пријавиле дека таа недела нема да ги носат децата, како во друга градинка тррбало таа недела да ја носиме.
    Всушност целта им е што помалку деца да дојдат и да спојат групи за што помалку воспитувачки да дојдат на работа тие денови.
    Можи не е така во другите градинки, ова кај нас е редовно.
    Битно нема никаво спојување за празници ниту пак распусти.
     
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Isto i kaj nas. Za nekoi od rabotite e mala ama generalno bolje nego cokoladi da e
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.