И јас очекував пакетче со сликовници, боенки дека ќе има. Реално за тоа и да се мали, се чуваат ќе се користат кога ќе разбираат повеќе. Јас чоколадите да и ги чувам ќе се расипатмора да се изеде тоа
Мајки им облекувате хулахопки на децата во градинка? Многу сум во дилема за облекувањето. Мојов не е прооден нон стоп е на земја. Е сега јас периодов му облекувам термо тренерки боди на кратки и чорапки термо и таму му облекуваат топлинки. Прашав една од учителките ми рекоа нека има во ранчето ако има потреба ќе му облечеме. Петокот на термо тренерки му облекле хулахопки оцениле дека треба. Инаку со кола го носиме и враќаме. А кога ми го носат учителките се по тенки блузи дури некогаш и по униформа на кратки, значи претпоставувам топло им е во занимална.
исто и ја ја носам со кола, а кога искачаат да ја земат ми искачат со маица со кратки ракави, иначе ја кога прашав ми рекоа да не и облакам хулахопки дека е топло, дури еднаш само ја облеков во термо тренерки и одма ја имаа пресоблечено во тенка блузичка и хеланчиња и веќе не сум и облекла. приметувам дека кога ја зимам им викаат на други родители да не ги облакаат толку пошо им се потат и дека внатре е доста топло
Претполо е во градинките. Не ставај хулахопки, ниту пак термо чорапи со топлинки, ноџето ќе му се спури. Тенки чорапчиња и тенка маичка врз бодито со нормални тренерчиња, зошто термо и тие, не е надвор. Ептен ако е зимурливо па да го наоблекуваш.
И кај нас цела зима воспитувачките се по кратки и кажуваат дека е претопло. Кај нас дома е 22° па не носи хулахопки, во градинка е сигурно уште потопло. Хулахопки носи само за надвор во количка сега овај период, ако не е во тенок скафандер. Нормални тренерки и чорапи се доволни кога веќе носи топлинки.
Еве денес пак во хулахопки ми го дадоа, а го однесов без. Тренерките не се баш термо туку малку фатирани, не е зимурлија детето. А за топлинките инсистираат да носи зошто ги слекува чорапите и им седеше бис па заради тоа. Не знам дали им работи парното или само на клима се греат (приватна градинка). А сум им нагласила дека е склетчија да не ги облекуваат многу ама еве два дена го облркуваат, без чорапчиња со хулахопки, оценале дека треба.
Јас и облакам хулахопки зашто ги соблака топлинките и чорапите. Тренерки подебелки и боди на долги. Со бодиво на долги идам на логика, јас одам со кошула и сако на работа, па и она да е во два слоја.
Негувателките се постојано по кратки. Јас му облекувам хулахопки и потенки тренерки, не премногу дебели. Ако го пратам ви подебели тренерки, во ранче обавезно имам тенки и таму одма го пресоблечат. Ми рекоа и чорапки со кожичка да му носам, дека на подот е ладно, да не се боси, а онака им е многу топло. Нагоре го праќам по боди на долги и дебела или средна дебелина блуза, а тие го преслекуваат во боди на кратки и тенка блуза. Значи во ранец обавезно има тенки тренерки, тенка блуза и боди на кратки + чорапки со гумичка и резерва чорапки (знаат да му ги соблечат хулахопките).
Какви топлинки им облекувате за во градинка на проодени дечиња ? Јас му облекував од оние со кожичка доле ама ме нервираат му се искривуваат, сега е тазе прооден па сакам да му земам обични топлинки со тврд ѓон, од кои сте задоволни ?
Јас го облекувам во хулакопки и тренерки , боди на кратки и некоја дебела или тенка блуза.. до сега секогаш ми го враќаат во иста облека , во ранец секако има и тенки тренерки и една блуза тенка и чорапи
хеланки обични, тенки чорапи и боди по долги, од горе дуксер на раскопчување и топлинки секој пат дуксерот и го облекуваат пред земање и ми имаат кажано дека е претопло внатре со 18 деца и 2 учителки и дека така е најдобро облечена, и кога спие не се поти...
Негувателката ни кажа да не купуваме топлинки за џабе, нема да им ги облакаат баш ради тоа што се тазе проодени и многу паѓале во нив. И мојот го имам забележано дека му е потешко да оди во топлинки. Ни кажаа да си носи чорапки со кожичка. И дома такви си носи, само поубаво натргнати нагоре.
Топлинки на Де Фонсека ги има во Сити Мол и Веро Џамбо на штандовите кај што се продава Ипанема. Предобри се за тазе проодени, лесни се, се превиткуваат лесно и немаат анатомска влошка. Ќерка ми такви носи од септември, супер се.
Јас пред да се одлучам за државна ја имав и таа мисла на ум. 16.000 беше во јули 2022 во црвенкапа во аеродром