Здраво Син ми има 7 месеци и размислувам од 9 месеци да го пуштам во градинка. Од која градинка сте најзадоволни во Кисела Вода? И дали во јасли ги анимираат, дали си играат едно со друго? Не би сакала да седи цел ден на страна и да плаче
Искуство со бебиња што преферираат млеко место каши, гладни ли седат цел ден ако не изедат каша? Млеко претпоставувам не им даваат?
Каков ви е распоредот за јадење после градинка? Јас во 4 кога доаѓа и давам ужинка смуди/бисквити/шмукалче за додека да завршам со работа, после накај 6 некаде цица, па после 7 и давам вечера и за заспивање пак цица. Се мислам да не е многу за 10 месеци да има две ужини и тоа една по друга, ама па од друга страна гладна е секогаш, па така ли да ја оставам А вечера во 4 да и дадам ми нема логика Многу е чуден распоредот за храна во градинка, 8:30 појадок, 11 ручек, 2 ужинка. Зошто не им даваат во 11 ужинка, во 2 ручек ?? Така и повеќе логика има и нема во 4 да бидат прегладнети.
Моето е поголемко,19 месеци ама пак е во јасли Откако почна да останува до 4 кога го земаме е мртов гладен,сепак ужинка е пудинг или сок/чај,мислам секако е гладно кога во 11 ручало,по пат накај дома му давам бисквитка,дома заедно ручаме,па нешто ќе поткасне успат смоки или плазма па вечера па млеко и на спиење и ваков распоред тераме од септември,значи од година и два месеци Може на некој му се чини многу ама каши не јаде од 9 месеци така да тоа во градинка и не го ни броиме
Мојата јаде 2 пати таму, по цели оброци, затоа не знам дали во 4 пракса и дадам оброк цел да јаде или да терам вака само ужинка. Плус по пат и таа јаде смоки/бисквити оти ни е многу далеку градинката+гужви, и онака не седи во седиште мирна.
Kojznae kolku jade tamu a i porciite vo gradinka se mali zatoa se gladni. Ako mu se jade daj my ne se misli
Дај и да јаде. Сите се ко мртви гладни од градинка. Ќерка ми е поголема ама од сам старт кога тргна во градинка на 11 мес, руча со нас после градинка, па мезнува нешто, па вечера. Дека пасирано им даваат таму, ко нејадена е. Инаку ужинката во 2 им е оброк, гриз, бисквити со млеко, пудинг, ориз со млеко и сл.
Фала ви за одговорите. Што ручек им давате после градинка обично? Оти таму скоро секој ден имаат месо, нешто посно да и правам?
Isto jade sto i nie....ako ne i se sviga toa moze da i napraam jajca palenta ili neso mackano da jade...banana i biskviti...zavisi od denot. Imase period samo oves i jogurt barase i samo toa jadese
Јас обично му правам нешто без месо затоа што во градинка јадат скоро секој ден месо и ми е страв да не му е премногу. Често му давам и јајце во комбинација со нешто друго ако тој ден немало јајце на менито во градинка. Некогаш знам да му дадам и риба затоа што во градинка баш ретко ја има на мени. Е за време на викенд, ручекот задолжително е со месо. Инаку и моето руча кога ќе дојде од градинка, па вечера и пие шише млеко пред спиење.
Извинете да се надоврзам на муабетот и да прашам тогаш која им е опцијата? Да седи бебе гладно толку часа?? Бидејќи имам бебе кое за брзо ќе треба да тргне во градинка а има денови каде преферира млеко место каша...
Најдобро да си прашате во градинката. Мојата дома послабо јадеше и си цицаше цело време, ама откако појде нема проблем убаво си јаде таму. Претпоставувам дека ќе се навикне да јаде.
Таму нема избор Ќе гледа дека другите дечиња јадат и ќе јаде. И ќерка ми беше таква, живееше на млеко. Сега во градинка има 2 оброка без проблем. Ќе се навикне
Мами ај едно прашање. Летово кога беа бебињата два месеци поднесовме документи за во градинка ( со време нели иако со врски треба). Денес се јавивме на човекот што ни вети дека ќе ни помогне да ги примаат но ни рече дека ќе мора електронски да се аплицира (од лани тоа не се важело). Отварам на градинката кај што треба да одат ми дава барање пополнувам но не се испраќа (има и меил- да пратам на меил но дали самото барање треба да го симнам па пополнети да ги пратам или директно да пишам, податоци?) Ако знае некоја нека ме упати
За во која градинка? Јас така аплицирав, го симнав барањето од веб страната и пополнето го пратив на меил. Ова за 13 Ноември