Мене прво ми рекоа дека треба нели и крема да има во ранец, и јас ставив Павловичева, начната беше но сепак полна. Секогаш стоеше во ранец и никогаш не ја проверував, на крај на месец отварам гледам исто толку како што ја ставив. Не праќав 1 недела и ми прокоментираа зошто нема крема, немале со што да ја мачкаат од тогаш ја оставиле таму најверојатно, па дали и мачкаат или не којзнае
I jas ostavam krema paket peleni vlazni i sl ama se glea koa ke ja soblecam dali e mackano ili ne. Jas so weleda ja mackam belo ostava. Mozda nekad i dr krema da i turaat ko sto i so drugi peleni se vraka ama se glea deka e mackano
Мојата среќа гајле нема од ниедна пелена Летото имавме многу гости странци со поголеми бебиња и сите различни пелени оставија што им остана, па пробавме и памперс актив, и премиум и слипи и кан бебе и уште какви не.
За прв роденден што да се спрема за децата од градинка? Еднаш доби животинско царство, балон и крем бананка. Ама некако благо за бебиња не ми се носи, пред се оти јас не и давам. Јас се мислев дали по едно шмукалче ама да не е малку или свежо овошје со нешто плус ама што Ве молам за идеја
Исто и ја не давам благо (20 месеци е сега). Јас за првиот роденден babylove шмукалчиња однесов само, мислам дека е доволно.
Јас ставив животински и шмукалче. И мојава не јадеше благо ама имаше дечиња во група поголеми од неа.
Здраво мајки, ми треба мислење, а и совет. Вчера бев да ја запишам малата во градинка и да почне да ја посетува со полни 8 месеци. Но, тоа што ме збуни е пастеризирано млеко. Јас треба сега да и дадам дома да проба (на 7 месеци) за да може во градинка да си јаде слободно млеко.(без нус појави). Како правевте вие со пастеризирано млеко? И дали да почекам до месец 9 за млекото? Воведени се 3 оброци и кога цица кога е на АД.
Мене во градинка ми кажаа да и го воведам кравјото во смисла како каша со гриз, јогурт со овошје/овесни снегулки, бисквити со млеко, пире и сл. Како за идеја прашај го распоредот за храна за месецот и ќе видиш точно како им го даваат
Пробај дома да дадеш , во некоја кашичка. Тие не им даваат да пијат туку во нешто. Не треба да се откажеш од АД или мајчино само пробај. Мојава во градинка јаде од тие кашички, но дома не и давам, дома тераме уште со АД без разлика што има 2 год. Мој совет пробајте и јајце , жочка на 8 месеци и дадов , на 9,5 веќе и белка во консултација со педијатар, заради градинката, да бидам сигурна. Има манџички со јајца што им ги прават.
Ееј Супер совети девојки што се друго им воведовте порано за спремање во градинка и дали ви бараа картонче со сите вакцини по ред?
Копија од книшка за вакцините. За храна тоа е тоа млеко и јајце најбитно. Многу работи првпат и таму ги има пробано, пример зелка , не се мафтав дома со тоа, или чоколино и фрутолино. Ти и онака првите две недели ќе има адаптација, нема да јаде таму, ќе го носиш меѓу доручек и ручек и ќе го видиш менито. Ако сметаш дека треба нешто дома да проба ќе пробаш.
Каква е атмосферата во градинките кога сте ги носеле на адаптација? Дали им повишуваат тон? Откако почнав, цела недела децава вриштат постојано, не е едно или две туку се слуша дека се повеќе. Воспитувачката (не знам дали се две пошто само една гледам) нон стоп повишува тон и им пушта прегласна музика. Не можам да сфатам и да се помирам дек сегде е вака, мм упорен дека исто било сегде. Детево заоѓа од плачење веќе 7 дена (освен првиот) и абер нема за подобрување.
Не се обесхрабрувај. Стварно е исто секаде. Деновите кога ја чекав таму ги жалев дечињата. Дерења како што ти е на тебе ма, ајде сега 10 минути да седиш да не си мрднал. Едино позитивно е што слушнав свирење на клавир и дечиња пеат. Среќа малите се некаде позади па нив ме ги слушам а и тоа како им се обраќаат. Ќе има напредок веќе следната недела ќе видиш. И само упорност. Јас не бев упорна ми беше жал па ја чував дома.
Леле души се бе ама да јас вака што знам и од внуциве дал во Аеродром дал ѓорче исто е… само трепние и живци и упорност мајка… а по колки минути ти викаат да оставаш на почеток 15 па 30 па саат или?