Јас во нашата градинка не сум слушнала до сега дерење,стварно плачат тоа е нормално ама лани цела година ќерка ми беше во јасли и претходната, негователките предобри,трпеливи,мојава каква плачка беше два месеци рикаше,после сама раце подаваше не се ни врти да ме види,а на земање со гушкање ми ја даваа. Исто и од другите групи што ги гледам воспитувачките сите се фини,културни,љубезни со смирен тон и децава ги сакаат,се гледа одма по нив. Исто и на земање,бидејќи јас касно ја земам накај 17 часот, мојава е меѓу последните и уште некое детенце останато тие што се дежурни секогаш ми ја давале насмеани иако понекогаш седат само со неа. И во другите теми сум пишувала за персоналот кај нас дека е ептен прфи,ама не знам може дека таа е матична градинка тука е директорката,управа сите па нема никакви пропусти,многу се организирани и професионални. А има сигурно некаде такви искомлексирани,тоа е факт.
Јас не сум слушнала дерење кај нас. Мислам од негувателките. Деца си вриштат, едната баш ја слушнав пред некој ден на едно дете му кажа "ама зашо не си расположен денес, ај да играме, ќе ти пуштам музика" И ми ја враќаат со смеење, со бацување, со гушкање ...
Да не сте во Карпош 3 во градинка?! Постов како јас да сум го пишувала од збор до збор за градинката на ќерка ми
Како поминувате со адаптација периодов со 9 месечни беблаци? Набрзо ќе почнуваме со адаптација и мозокот ми е хаос. Ме плаши моментот дека прво спиење го водат од 12:30 а ќерка ми е многу мала за да издржи без спиење. Обавезно има една дремка до тогаш Па кога ќе размислам се ме плаши и си ја преиспитувам одлуката да тргне во градинка....
И јас вчера си размислувам исто. Моево спие 5 пати во ден, како ќе ја успиваат, нема да ја успиваат, ќе им плаче дека не е наспана Ќе си почека до Септември, се надевам до тогаш ќе скрати на една до две дремки
Уф ја немам опцијата за до септември никако. Ајде си велам тие се навикнуваат полесно на промени отколку ние што анализаме
Мојта почна на 9 месеци и беше исто спанка. Со тек на време се навикна. Не се секирај Ќе се адаптирате
Или ќе се навикне на тој ред, или како мојата нема да спие во градинка Ќе си доаѓа претепана, мислиш 8 саати на работа на норма била Мојата почна на 8ипол месеци, сега веќе и се одвикна толку рано да и е дремката и кога е дома, а заспиваше накај 9. Сите кажуваат дека колку е помало, толку полесно ќе биде за адаптација, и јас имам исто искуство Иако моето никогаш не правела проблем кај непознати, социјална е и друштвена од мала Сега во градинка е атракција, сите од воспитувачки до хигиеничарки ја знаат по име
Мојата кога почна прв пат беше скоро 10 месеци. Ја носевме на адаптација од 9:30 а баш тогаш и беше првата дремка. Мислам дека и заради тоа малце имаше отпор. Па среќен или несреќа закачи бактериска инфекција па се седевме дома цела зима. Еве тераме сега втора недела адаптација и веќе втор ден подава раце кон негувателките да ја земат.Нажалена ама оди.
Во сите градинки ли е толку касно спиењето? Туу ја па си мислев се порано дека идат… ај ни први ни последни како бикаат ама шок е дефинитивно на почеток и јас уште сега се спремам ама со живци и нерви кузнае како ќе сме
Во сите државни мислам дека е истиот ред. Имам разговарано со мајки од различни градови и секаде кажуваат дека спиењето е во 12,12:30
Аха а пред да почнете во градинка се по менито и имавте воведено од храна гледам на 8ипол сте почнале мене тоа со храната највеќе ме секира…
Мислам дека ги држат до тогаш да бидат поуморни и полесно да заспијат, да немаат многу драма. Ние на пауза од понеделникот, веројатно некоја бактерија, чекаме брисеви…жолт секрет еден куп Некоја превентива, спрејче за полесно да пројдеме? Хрчи ептен, диши на уста…
Можеш да ставаш спреј од диво оригано и јас ставам и хлорофеникол може да имаш подобрување од него посекако веќе брисеви се земени
Кај ќерка ми во јасли не го држат толку. Поголемкиве, година и некој месец, година ипол си спијат тоа време. Ама бебињава што се во иста група што се 8,9 мес кога им се спие тогаш ги легнуваат. Ни имаат пуштано слики на вибер во група накај 10 10 ипол, 3 бебиња спиеја на сликите.