Ќе се разминат, ќерка ми ќе оди во поголема група од септември. На 11 мес тргна, супер и се погоди. Дур да се адаптира во раце ја држеа. Супер се, млади учителки и се трудат многу. Мојава им се џитка да ги гушка кога ќе ги види. Занималните се големи, играчки имаат еден куп, супер им е, ич да не се секираш. И многу напредок има кај дечиња што одат во градинка. Кај ќерка ми се приметува многу, како независно станува детенцето од мало.
Да стварно многу разновидно и обемно дури и авокадо и сладок конпир има хах, за разлика од ова од карпош.. ако имате и други споделете па да се спремаме по нив најубави со комбинации да видиме што се врти
Се носи потврда и зависи за кој производ станува збор. Пример бидејќи се уште сме во испитувања за алергија/интолеранција на јајце, ми кажаа дека во денови кога имаат продукт со јајце (тарана,макарони и сл.), ќе и даваат палента. Е доколку е алергија на млеко не знам, бидејќи многу од оброците им се на база на млечно.
Супер што ви се нафатиле така во градинказнам на некои не им се нафаќаат да отстапуваат од менијата за јасли туку сами да си носат…
ќерка ми оди во истата градинка и баш ми кажуваат дека има јогурт во секој ручек кога ја зимам, ама ни мене не ми е јасно зошто и мојата тргна на неполни 9, си викав не е ни прва ни последна, како сите така и она. еден куп работи јаде само таму, тоа е тоа, ништо страшно, искрено многу работи што се случува внатре во градинките ме мачат, јадењето ми е најмал проблем
Обично во самата каша им ставаат јогурт, обично на покрупно им блендираат, или не им блендираат како месо мелено и мешан зеленчук, па им ставаат јогурт да биде покашесто.
Ништо не им е од храната. Битно јајце и млеко да имаат пробано дома, друго не се замарав за храната. Ако јаде таму еднаш неделно чоколино ништо нема да и биде, и онака дома никад не сум купила, нека се почасти таму
Ахахах, па добро грашок со павлака и јас јадам, убаво ми е. Е сега со зелка не ми оди, ама ако јаде моево така нека јаде. Можда е убаво треба да се проба.
Mojata kako ja vidoa deka e lapacka pocnaa da i davaat od hranata za golemite ama pak e gladna doma stigame 4.30-5 a taa od 2 e so uzinka samo Eve im ja hranata i za do 2 i nad 2 https://www.gradinkakocoracin.mk/ishrana/
Од понеделник ќе тргнеме во градинка 10+ ќе сме. Арно ама моиве бебиња не сакаат нови средини, рикаат без престан, многу сум исплашена и загрижена како ли ќе биде... Колку време им требаше на вашите бебиња да се адаптираат? Мислам дека они ќе плачат внатре а јас бетер надвор, дајте некој совет ако сте имале плачковци како моите