Ние сме скоро 13 месеци. Планирам април да тргне во градинка. Проблем е што заспива на града и спие само со мене. Стварно ми е страв како ќе се привикне , дали ќе спие таму. Има ли некој сличен со проблемов?
Сок , компот , чај не е ни ужина. Ние пази ги дома што јадат , што пијат а по градинкиве глупости им бутаат.
Да, мојата и ден денес заспива дома само над мене легната а во градинка од прв ден си заспива без проблем. Не се секирај таму е сосема др приказна и др дете што се вика
Леле дај Боже. Многу сум во паника поради тоа спиење. Малку и тежок карактер е и не сака да е одвоена ниту 5 секунди.
Има ли други бебиња што кога почнале цело време плачеле. Втора недела како одиме и 80% од времето плачат....
Денес нас ни беше втор ден и исто со плачење цело време и за еден саат само го носиме морало така за адаптација и воспитачката си кажа дека сите во јасли плачат подолг период Со липање го земам и цел ден ми е лепенка овие два дена , а од следен вторник сум на работа не знам како ќе биде под стрес сум
И ние по еден саат остануваме, дома неможам до вц да идам одма и двајцата во хор плачат. Само се тешам дека побрзо ќе помине ова и дека ќе се навикнат дур се вратам на работа....
Знам дека многу ги имам фалено учителките кај ќерка ми во јасли ама вчера мислам дека се надмина едната. Се сретнавме случајно, кај се испогушкаа, жената трчаше до дома за да и дала јајце и чоколадо на ќерка ми . Не се секирајте кога ги праќате во јасли има и жени што си ја обожаваат работата.
Само што ќе испиеме антибиотик нова бактерија или вирус, веќе не знам што да направам, 11месеци има,со градинка почнавме пред околу 2 месеци но постојано болни Како се справувате со настинки, болести???
и нашиот почеток беше таков, сега после 8 месеци градинка е подобро, не е болна секој трет ден... градинка и настинки одат заедно помири се, нема друг начин на справување
Zdravo majki, Se vklucuvam nova kako majka na nepolni 9 meseci bebe i sakam da ve prasham za iskustvo: Kako se prilagodivte so spienje vo gradinka koga prva dremka i e vo 12h? A stanuva vo 6-7h nautro... Mnogu chasa se nekako, koga ja zemam doma izgubeno od umorno e(bidejki seuste sme na adaptacija)...
Што мислите за тоа да појде на 8-9 месеци? Подобро ми е таму него ли со моите или неговите, да се социјализира. Тргам на работа од јуни и е пробаме ние сами да ја гледаме.
Ијас сакав тоа да прашам полека треба да се спремаме а само со цуцла заспиваме.. :/ само една дремка или повеќе…
Нема што да се спремате, мојата заспива и ден денес дома само со мене а во градинка сама заспива. Ќе си фати ред...