Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Како сте мама? Продолживте со градинка?
     
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    8.960
    Искрено, мала е, 90% од тоа што го видов и слушнав не проаѓа добро, децава сите плачат, внимание за нив не стига на ред.
    Од прашани 10, 1 имаше со добро искуство од 9 месеци.
    Ние почнавме на 9, ај што беше болна 1.5 месец, 90% од времето таму плачеше и беше крајно вознемирена.

    Се помирив и сега ја чува баба дома, едноставно сметам дека на година ипол, 2 ќе биде поспремна за таму.
     
    На GoldLeo и VirgoStar им се допаѓа ова.
  3. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Колку време ви беше адаптација во јасли на 9 и дали воопшто стигнавте да преспиете или не одма болни? офф знам секој со свое искуство ама кога нема кој јас се сум повеќе за градинка него жена сега бар сум на тој став здравје ќе видиме
     
    На Srcka28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    8.960
    Па одма се разболе чим почна, втората недела оздраве, почнавме пак со тоа што беше 2 - 3 саати и имаше дремка и се разболе пак.
    Воспитувачките беа исто нервозни зошто немаа можност да ги смират сите бебиња, не можеле да ги пуштат доле, нит да ги држат во раце.
    Во една градинка слушнав дека и во дубак ги ставале.:?:
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Супер сме мама,
    Што би рекле старите да не ја подречам 1 месец скоро без ни ден прекин иде. Нос и тече само.
    Фала ти на прашање пуно.
    Како сте вие? :inlove:
     
    На BambyLove и VirgoStar им се допаѓа ова.
  6. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Мајки ве молам за совет. Во нашата градинка не информираа дека не примаат нови деца преку лето, и бебе ќе мора да тргне од 01.09. Мене породилното ми завршува средина на јули, па ова ни е голем проблем.. :( Дали знаете дали во сите градинки им е иста политиката?
     
  7. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Тоа што треба да си го исплачат ќе си го исплачат и на 9, 11.12 месеци и на 2,3 години.
    Нема бебе/ дете што не плачело кога тргнало во градинка независно од возраста.
    Ги пуштив моите на 10 месеци иако породилно имам 15, за да има време да се навикнат/адаптираат/ прилагодат. И да плачеа, рикаат без престан, но не се одкажав и не се помирив за баби и дедовци да ги чуваат. Самите учителки ми викаат само упорност и редовност и ќе се навикнат (нормално ако не се болни), а ради плачење да не ги носам е не, и мене ми се плаче што ќе треба на работа да се вратам ама мора тоа е сакала неќела, и јас првата недела плачев надвор кога тргнаа во градинка. Еден месец одиме од сабајле до 12, не дека многу сме адаптирани ама не плачат веќе, јадат таму, е за спиење не спијат уште се враќаме и кома и двајцата. Ама ако дур се вратам на работа ќе си бидат до крај со спиење со сите салтанати :)
    Они плачеа по мене не дека у градинка се, и да се чуваат со баба и дедо пак по мене ќе плачат, вака барем со другарчиња нека плачат и растат.
    Извини мила што ти реплицирав на тебе ;)
     
    На Anaroz1, IRBBB, Pham и 3 други им се допаѓа ова.
  8. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Аа супер. Ние уште тргни застани со бактериите, ама така е по протокол нели. :?:
    Замисли прва била за јадење :D.
    А дома уста не отвара.
     
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Го јадев јас стапот со тоа, мислам дека сите знаат више колку беше мојава болна. Кога тргнав на работа се тресев буквално за што ќе праам ако ми се разболи пошто немам кој да ми помогне. Па еве ја изненадуе на 10ти праи месец дена полни во градинка без 1 ден пауза. А поише од растечен нос нема. Такада се надевам и кај тебе ќе се раздени за брзо :inlove:
    Мојава јадела 2 порции и после трчала се пентарела по маси па доаѓала и јадела на др деца јадењето :D
    Воспитувачката фасцинирана е од тоа колку ќерка ми јаде.
    Ама тоа е за у друга тема.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не сакаат да примаат нови деца поради тоа што на лето користат одмори и спојуваат групи. Мислам дека во сите градинки е така.
    И јас имав проблем со запишување во Јуни, но неколку пати одев во дирекција и ја примија.
     
    На Jana7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Фала ти. Да, јасно ми е дека сите се на куп преку лето сигурно е хаос.. ама не е во ред, што да правиме ние што баш во тој период се враќаме на работа а немаме друг избор. Ќе разговарам пак за секој случај, ако не ќе се снаоѓаме :|
     
  12. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И јас се враќав на работа тогаш, затоа и неколку пати одев во дирекција и тоа прашував. Па викаа нема да ти биде згрижено детето како што треба, ќе се менуваат воспитувачки, ќе има многу деца. Ама немав избор, морав на работа и на крај прифатија.
     
  13. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    И како поминавте, се адаптираше лесно бебе?
     
  14. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Многу лесно, дури првиот ден требаше по пола час да ја земам но до 12ч остана зошто плачела само првите 5 минути и толку. За неколку дена остана со спиење. Немаше никаков проблем.
     
    На VirgoStar, Srcka28 и Jana7 им се допаѓа ова.
  15. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Колку убаво, браво :)
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cuculicka

    cuculicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Малата моја почна на 8,5 месеци и искрено задоволна сум од целокупниот процес, малата супер прифати (бидејќи не ни знае каде е), среќна е дека е со дециња, веќе и почна со преспивање. Немој да се грижиш, подобро порано :)
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PomPom7

    PomPom7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!
    Ќе може ли да ми споделите искуство со јасли во Срничка и Лале во Аеродром.
    Се спремаме за градинка па ме интересира да слушнам мислење како сте задоволни од персоналот и од адаптацијата
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Моето не е тазе, ама мислам во јасли нема промена. Мојот одеше во Лале 2019 година. Супер беа негувателките и со добар пристап. Тога син ми веќе третата недела остануваше со спиење. Инаку генерално сум задоволна од Лале зошто е помала и некако поинтимна. Еве мојот поголемиот сега завршува и имам одлично искуство. Ми е криво што малото од логистички причини ќе мора да оди во друг клон.
     
    На PomPom7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    сакам да прашам за во Карпош дали има некој искуство со јасли?
    Која градинка? Која возраст? Задолжителна вакцинација?
    По колку бебиња се во група? Кога се аплицира? Дали се чека за место?

    Буквално секоја информација би ми била од корист.
    Фала.
     
  20. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    103
    Добар ден мајки имам едно прашање до вас. Моето бебе оди во јасли 6месеци и најкасно до сега сме го земале во 15ч. Денес не можевме никако да се огранизираме и го оставивме до 16ч. Сите негови воспитувачки си отишле и го оставиле кај некоја што прв пат ја гледа која ми се јави да дојдам одма да си го земам и го слушам во позадина како плаче на цел глас. Дали ова е вообичаена пракса да си отидат сите ако ги оставате до покасно? Он обично сака да оди во градинка а денес беше потечен од плачење.