@Tea SK Твоето те читав дека јаде само. Како се прилагоди во градинка во однос на хранењево? Колку што ми кажувале, во јасли не ги оставаат сами да јадат. Мојов почна скроз сам да јаде (претходно нешто сам јадеше, ама повеќе јас му давав). Сега ако му дадав јас или некој друг, не отвара уста.
Во градинка не им прави проблем, они ја хранат. Летово жена ми ја чува и нејзе и дозволува да ја храни. Други деца се во градинка, со нас се пекмезат.
Некој да сподели искуство со 9месечно бебе во јасли како е? Хранење, дремки? Има ли многу плачки? Немам друга опција, морам така мал да го пуштам.
И мене ме интересира истото. Особено искуство со пуштање бебе во јасли во зима. Многу ми е страв дека ќе е премала, сезона на сите вируси и не знам како ги чуваат, колку деца се во група. Имаме преубава државна градинка многу близу до дома, ќе бараме упис таму ама може да размислам и за првите месеци да биде приватна ако се помали групите. Некој да има искуство со Little me? Има во Аеродром и Кисела Вода, многу ми се свиѓа вака од слики каков концепт на работа имаат. За жена исто размислував ама немам препораки од блиски или веќе се зафатени со други деца, не ми се остава така со скроз непознат. На самата помисла се препотувам, си викам подобро градинка па макар и во зима. Или можеби грешам. Баба-дедо сервис исто така не ни е опција.
И мене ме интересира истото, ќе мора да го пуштам ноември декември кај и да е, немаме друга опција, баба ќе го почува 2,3 недели ама пак мора да го пуштам зимно време на 10тина месеци. Ептен и мене ме фаќа нервоза и страв од вируси. вака е мирен иначе иде кај сите нема гајле, мислам дека мене ќе ми биде потешко отколку на него...
@Secret-Angel7 @Giovanna Мојот тргна на година ама еве на блиска тргна на 9 месеци и слично искуство имаме. Плачки немаше воопшто на почеток, јадењето супер, дремки исто дури и го научија сам да заспива во креветче. Е со болести беше страшно. Тргна во мај и од 2 месеци он беше присутен некои 6-10 дена, не се сеќавам добро. Така почнаа и плачките, ноќните терори, после секое оздравување враќањето во градинка беше стресно. Не знам што да кажам освен можеби да тргнат децата, да почекате вие со работа ако ви е опција додека да помине тој првичен период на разболување. Моето второ дете во октомври ќе почнува на година, ќе видиме.
@Skyler јас морав порано да го отворам породилното така што сите вишок денови, одмори и мои и на маж ми ќе ги искористиме барем малку да потпркне до кај 9-10 месеци па да ја пуштиме тогаш во градинка. Инаку вака на неполни 8 месеци кога ќе биде ќе ни заврши отсуството. Договорени сме кога ќе се разболува двајцата да земаме боледување, не само едниот да отсуствува од работа, па се надевам некако ќе истераме со сите неизбежни разболувања во првите месеци Ко што гледам дали мај или декември нема бегање од тоа...ќе треба да се распрашам и за вакцини што точно треба пред градинка да се прими. И за храна што треба се да се воведе. Искрено кога размислувам на темава шашма ми е во глава
@Secret-Angel7 @Giovanna мојата тргна лани почеток на септември, на неполни 9 месеци, плачки немавме воопшто, премала беше за да разбере било што, за јадење си зависи од детето, кај нас имаат океј мени, го објавуваат на страната на секои две недели, колку што ми кажуваат си јаде се и си спие без проблем, а и дома си јаде се, од мое искуство помало дете побрзо се адаптира затоа што не разбира, ние буквално имавме адаптација една недела, втората недела веќе преспиваше таму, јас сум многу задоволна и она веќе иде скоро година, пресреќна е, сабајле станува се спрмаме става ранче, жива среќна иде во градинка... е сега за рљзболување можам да ви кажам дека зимата е најлош период, буквално цела зима сите деца цела градинка се со растчени носеви, кашлање, бувтање, ние декември, јануари дома ги преседовме приморани бевме, цело време со плевмонии, бактерии... со лесно
Керка ми оди од девет месеци. Јадење супер од сам старт. Дури и дома кога забушава, таму јаде. За спиење имаше малку проблем од почеток,но од бебе што без цицка не заспива, се научи сама секаде да спие. Е сега учи и без веза работи, посебно летово од кога ги измешаа со поголемките. Да се брише со ракав, да се качува на се и сешто.. Ама воглавно супер е. Ова за Велес.
Мојата почна пред извесен период да оди на неполни 10 месеци. На почетокот пола саат, плачење без престан. Секој нареден ден зголемувавме прво пола саат па саат, два итн. Сега седи некаде до кај 14:00, уште плаче на оставање, плаче и во текот на денот, кога ја зимам некогаш е лута као демек зошто ме оставаш тука… Не јаде сеуште, можеби затоа што дома јаде сама и јаде парчиња а таму им даваат они и плус блендирано и одбива. Се надевам дека ќе се навикне за скоро, воспитувачките викаат дека е нормално и дека така оди адаптацијата, кај некои полесно кај некои потешко. Почна и да спие некаде втора недела, значи за две и кусур недели се прилагоди со спиење само со јадењето е проблем што не мора да значи дека ќе е и кај вас така.
Здраво, колку месеци имаа вашите бебиња кога аплициравте за во градинка? Моментално има 1 месец, сакам да почне на 9 да иде. Кога е најдобро да го запишам, со оглед на тоа дека се чека многу.
Мајки што им облекувате на нозе за во градинка на непроодени бебиња? Гледав во кеги не знам дали е подобро патичиња за породување или топлинки
Во babycentar има едни како чорапчиња, предобри се за непроодени бебиња. На овие мислам: https://www.babycenter.mk/obuvki/se-od-obuvki?brand=33617
Мојата кога тргна веќе одеше и со толинчиња, а дечињата што не одеа беа со чорапчиња, кое со обични кое со чорапчиња со гумички. Ми нема поента на дете што не оди да се облака толинка, а особено во градинка.