Мајки, многу работи од листата за јадење во јасли, нема да бидат воведени ( почеток на 8 ми месец ). Да споделите како ќе го поминете тој период..
Како да проба цело јајце, нели на година се воведува белка? Со педијатарот баш вчера дискутиравме дека не се усогласени градинките со нивните препораки. Јас гледам кравјо млеко и мед имаат исто на мени, што воопшто не се препорачуваат под една година. Не знам дали има опција да се договорам со негователките да не даваат тоа, пример да се даде чајот ама не медот. Ми се чини тешко...
Да ама ако го праќаш во градинка, принудена си порано да дадеш. Тоа е Препораките не се усогласени, факт..
Само мк после година се воведува... Јас му дадов жолчка на 6 месеци белка на 8 месеци. На првото. За бебево нека е живо и здраво исто ќе биде.
Според новите препораки од 6+ се воведува цело јајце. Тука најчесто педијатрите се водат према некои стари препораки. Јас му дадов на 8 месеци и жолчка и белка. Од менито во градинка само зелка и грав немам дадено. Може деновиве ако му направи баба му па да проба, ако не таму ќе си проба. И пудинзите и соковите ги немам дадено, немам ни намера дома да ги давам. Мед на менито за јасли нема кај нас.
Ништо не им е усогласено..без потреба да се брза со воведување порано од што е препорачано. Кравјо млеко..а они на адаптирано..
Така е, не се усогласени. Дека ќе се согласат да пазат не верувам, така да најпаметно порано. Јас на 8 м дадов белка, жолчка на 7. Млеко проба исто тој период , ама тоа само проба и толку дома не давав веќе. Мед јас на година дадов , а можеби така во чај прпбала и таму мада не пиеше чај тогаш, не го сакаше.
Кај нас во градинка пишува дека мед не даваат под година. А кравјо користат само во оброк. Така да прашајте си, ама мислам дека секаде е исто.
Здраво, дали би сакале да ми помогнете. Бидејќи ми е прво детенце, пробувам да аплицирам онлајн за во градинка/ јасли ( Скопје- Аеродром), не ми дава опција кај година на раѓање на детето 2023. Би можела ли некоја да ме упати како оди процедурата со аплицирање? Дали прво да земам документи од градинката или прво онлајн?
Не може онлајн, не им е решено. И моето е родено 2023година и ни рекоа дирекно таму во централата да одиме да дадеме пријава. Наводно ќе го менувале тоа, ама еве ние пред пола година аплициравме, уште не им е решено очигледно
Кај мојата во градинка во менито прочитав дека и печурки има во некои оброци. Пример ориз, морков, кромид, брокула, карфиол и ПЕЧУРКИ. Ми дојде чудно зошто мислам дека печурките одат после 2 год, ама изумив да прашам
Бебе 11м на адаптација во градинка веќе скоро две недели, по два саати едвај, со плачење, но најголем проблем ми е што одбива јадење. И дома периодов само со молење неколку лажички каснува. И претходно беше нејадач, ама сега многу поизразено. Инаку е весела си игра нормално ама со јадењето ќе полудам. Некое искуство, совет?
10ипол месеци е моето, 4-та недела на адаптација. Храна максимално одбива. Уста не им отвара, вришти и ако успеат да му бутнат некоја лажица плука. Пред 12 го земам, прегладнет е, ама таму не попушта. Дома после 3 пати јаде без проблем. Не знам што ќе се прави...
Nekoja da me utesi deka bebinja vo jasli ne se razboluvaat cesto? znam deka mora da pominat ama malku da si se utesam..pocnuvame za Eden mesec. Trebase od oktomvri Sega,vo ponedelnik ama nema da sme tuka cel mesec I ke odi od noemvri po 2 sati.
Да не се подречам ама ќе те утешам. Не се сите деца исти. Големата поредовна беше од учителките. Малава еве ја месец дена тера