Ќерче од 9 месеци до година и 10 месеци скоро се има разболено 2-3 пати. Само еднаш качи тт. Повеќе има седено дома од вакцините
Еве јас ќе те утешам . Ќерка ми нема отсуствувано од градинка ни ЕДЕН ден, освен кога ја примаше МРП вакцината. Почна на 9 месеци, сега е прваче. Се случило да поткашла, растечен нос минимално, температура која после испиен парацетамол на 38.5 не се качила повеќе, и еднаш повратила до сега . Има и такви .
И јас да те утешам. Мојава во прва јасли тргна од 8 месеци и таа година 2 пати се разболе, еднаш стомачен еднаш вирус. Втора јасли почесто беше болна. Мислам дека бебињата немаат којзнае колку контакт меѓу себе , па не така лесно пренесуваат вируси и бактерии.
Ист проблем имаме, јас тргнав на работа, бебе веќе цел медец на адаптација и несака ништо да јаде, едвај неколку саати седи. Ќе полудам
6 недела веќе како иде, уште не јаде ништо. Се можно одбива, протестира. Му нудат и лепче со нешто намачкано ама и тоа не сака. Почнав дома да му давам да јаде пред да го однесам. До кога мисли да тера вака не знам...
Моето почна по малку да јаде таму едвај со молење, ама фати стомачен и сега пак беше дома една недела..кога ќе тргне пак ќе видиме како ќе биде.
Можеш смути од јаболко пример, некое ако има некое алергично дете. Сокчиња, бисквитки, крем бананче..
Здраво Моето бебе има 8.5 месеци и денес ни беше втор ден адаптација. И вчера и денес беше од 9:30, 45 минути. За утре ни кажаа исто. Дали е ова вообичаено, три дена исто, без зголемување на време? И напоменав на негувателката дека се враќам на работа за две недели ама ми остави впечаток како да не ме сфаќа сериозно
Ок е. Другата недела можеш да го зголемиш престојот. А негователката да не те чуди. На нив им одговара помалку деца да имаат.
Кај мојава негователките после неколку дена бараа да ја оставам со ручек, па после 2 недели почна и со спиење. И они си гледаат колку брзо се одвива адаптацијата. Мене за моево ми изгледаше пребрзо, ама си се навикна. Така да некои од нив навистина го следат процесот на адаптација, ама секако има и незаинтересирани па мора сам родителот да инсистира за подолг престој
Се мислам да им кажам да зголемиме од задутре. Бебето плаче и на оставање и на зимање многу, ама лесно си смирувала ми рече. Многу деца се, за жал не можат да се посветат на секое дете на адаптација. Не знам како ќе се адаптира до следниот петок, ама мислам доволно се две недели за адаптација. Сепак треба да почнам со работа
Kazi mi bebeto dali sedi dali lazi kolku zabcinja ima dali vo gradinka ke pie bitolsko mleko? Moeto e 8 meseci cisto za komparacija jas sum doma do 9 ipol meseci uste nemam smisleno koj ke go cuva
Кај нас пак, со полни 9 викаат, па не од сред недела, па не од сред месец, па адаптацијата ќе трае недели и недели. Уште не е почната, имам кој привремено да ја зема ама ако слушам учителки, директорки, кај да е до 3 години може ќе почне. Наредно ќе испадни, да чекаме први да е во понеделник, работава.