1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Во приватната остана со спиење третиот ден, без проблем. Почна да се разболува и после секое разболување оставањето во градинка ми беше огромен стрес. Плачеше и кога го зимав од таму.
    Во државната траеше две недели. Мислам он немаше проблем, ќе останеше и таму на преспивање многу порано ама не сакаа да го брзаат. Инаку, стварно е подобро да го остава било кој друг освен мајката. Маж ми го оставаше додека траеше адаптацијата и сега нема проблем ни со мене.
    Адаптацијата зависи прво од детето, а после од политиката на градинката.
     
    На Fatalnata, Chuchanov, Pacient srna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да. Ама и ако веќе давам толку пари поарно жена ќе плаќам.

    А јас апсолутно сакам да си оди во градинка ама барем од година а не од 9 месеци. Се надевам ќе успееме со одмори и баба сервис да стигнеме до година.
     
    На Oneo и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  3. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Може
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Да и јас сум за да оди ама поголем малце. Сега сум принудена да го носам на 9 месеци. :whew:
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Епа да изгласаа породилно 1 година друго ќе беше (wtf)
     
    На Oneo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Како ги чуваат бебињата 9 месечни во јасли? Од постариве добивам коментари дека ги ставале во креветчиња и таму седеле цел ден. :(
     
  7. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    И во хранилка. На почетокот во раце ја носеа кога ја фаќало криза. Рече ја зимам ама да не ја навикнуваме...
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Не седат таму по цел ден, имаат активности кога ги оставаат на под да играат со играчки, а во хранилка за јадење и пак за активности. Пример, во приватната ги ставаа во хранилките и им даваа камчиња да редат, цевки во чаши да боцкаат, да спојуваат фигури итн. ама пак добивавме слики и како си играат на под. Зависи што е предвидено за денот.
    Сега во државната по цел ден се разиграни низ цела занимална, додека им читаат приказни седат сите доле на перничиња, им пуштаат музика и денсаат проодените, а помалечките седат покрај нив доле и ги гледаат, ги ставаат и во креветчињата кога менуваат пелени на другите на пример или некое се уморило, па си прилегнало во креветче ама не е тоа долго.
     
    На CareTee, Klara91 и Oneo им се допаѓа ова.
  9. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Големиот таму беше, а и малово таму ќе биде.
    Јас сум многу задоволна
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Од 1 декември почнавме еве денес веќе со температура и затнат нос.:(

    Првите денови убаво одеше насмеана ја остававме насмеана ја зимавме. Ама сега последниве два три дена плачки големи беше. Неможам сеуште да добијам убава слика за негователките, едната е многу млада и ми изгледа поангажирана некако а другава доста постара.

    Била многу захтевна според нив, само во раце сакала и несакала ич сама. Што ми е пречудно бидејќи дома скоро никогаш не ми е во раце.

    Оваа недела сигурно седиме дома, понатака ќе видиме како ќе биде. Немам надежи искрејно. И сега максимум што има седено е до 11 часот. Вака ако оди адаптацијава ќе поминат месеци и месеци додека почне да седи цел ден .:^)
     
    На IRBBB, kostovaivana и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  11. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Колкаво е? 9 месеци беше твоето ?
    Немам искуство ама нормално изгледа да сака во раце. Нова средина, нови луѓе, сака внимание.
     
    На Klara91, IRBBB и CareTee им се допаѓа ова.
  12. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @Oneo И мене не ме чуди сепак нова средина и е не се чувствува сигурно, и бара сигурност во нив верувам. Повеќе го кажав во смисла дека они нагласуваат дека многу захтевно дете била.:| Едвај чекам за неколку месеци да прооди си викам полесно ќе биде откако ќе почне да оди, барем ќе шета и ќе си игра низ собата.
     
    На Oneo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.572
    Пол:
    Женски
    @CareTee не разбирам, захтевно дете е. Океј, и? Сака в раце? Не е нормално бебе од 9 месеци шо прв пат се одделува од мајката да сака в раце? Шо е захтевно?
    Шо треба, да воспиташ дома бебе дека кога ќе оди во градинка не смее да сака в раце да го држат?
     
    На dromka, Oneo и CareTee им се допаѓа ова.
  14. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Захтевно им е дека не им се работи. Сакаат кафиња да си пијат |(
     
    На Teo2020, Nikolina35, dromka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ke odneses po nekoe poklonce i bonbona bebe ke bide posle. Vo nasava drzava se taka se zavrsuva
     
    На Oneo, CareTee, i13dk и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Не сакам да се расправам а и рано е можеби погрешна слика добивам, ќе видам како ќе биде понатака. Не викам дека им е лесна работата, ама претпоставувам не им почнуваат многу деца во исто време. Период е додека се навикне после полесно ќе биде. За сега мое видување е дека некако не се нешто многу ангажирани….

    Добив коментари и за доењето, бидејќи слабо јадела. Ама кажав нема шанси не одбивам дете. И мене дома слабо ми јаде уште да не цица фали….

    Да имав кој да ми ја чува што ќе ја дадев во градинка.:x
     
    На kostovaivana, lovely91, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Ич не се замарај со тоа што зборуваат дека е захтевна. Првите три недели и мојава беше со плачки, не јадеше, сега одма се подава. Почна да лази и ја оставаат во занимална и цел ден игра. Јаде повеќе во градинка отколку дома, со мене си игра со јадењето одма врти глава, таму седнува јаде и продолжува со играње. Мора упорни само да бидете и да ја носите секој ден кога е здраво, без разлика на дожд, снег, ветер и слично. Во врнежливи денови најмногу имаат време да им посветат на новите, бидејќи не доаѓаат сите.
     
    На Klara91, lovely91, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.572
    Пол:
    Женски
    Не за расправање, јас гласно размислувам само. Знаеш, со мувата на капата. :D
    Еве син ми е бебе што од ко е родено е в раце, плачи поинаку. Не треба да го запишам в градинка оти е захтевен? Или за да јадат да ги одбиеме од доење? :shake:

    Никој од мерак не носи 9 месечно бебе в градинка, ама ај, им се може.
     
    На sani99, Oneo, kostovaivana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @Cherry79 Ќе ја носиме обавезно, немам друга опција мора да се навикне. Само очекував поголема ангажираност од страна на негователките, сигурно имаат колку толку искуство како да ги привикнат полесно. Ќе видиме со тек на време како ќе биде.

    @IRBBB Се согласувам со тебе, би требало да знаат како да се справат со децата. Кое дете седи во креветче и ќути, моево нема шанси. Активна е многу и воопшто не сака така да е затворена во креветче. Сака да се исправа. Да се надевам дека откако ќе прооди ќе има поголема флексибилност и нема да зависи од нив.

    Оф колку е тешко додека се навикне дете во градинка.:( Имам голема грижа на совест што ја оставам таму. Ама нема како поинаку финансиски да опстанеме за жал.
     
    На kostovaivana, lovely91, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се слагам, иста песна беше и моето почнавме со градинка на неполни 9 месеци, плачки невидени, цел ден сакал во раце и по еден месец се се смени, сега не можат да се нафалат како е најмирно дете, си игра, јаде, спие. Само да бидете упорни, без откажување и редовно носење.
     
    На lovely91, Oneo и CareTee им се допаѓа ова.