Истото и нас не чека Мојот на 8 ипол треба да почне, заспива само со цице, шише не ми фати никакво. Оф ептен ми е на мисла..
јас морам од 8 да го пуштам ден два заради место мислам дека не сум психички спремна Пробај од некапачките чашки или тие со клунче,ќерками шише фати на година ипол од градинка пиела од на бебињата
Ќе се адаптира, повеќе размисли околу храната да имаш се воведено за да може таму да јаде. Иначе ќе се навикне и да спие и се. Моето едвај и во раце заспиваше, а во градинка уште од прв ден сам во креветче заспиваше и јадеше буквално се. И стално кога го земав беше насмеан од 8ца до 8ца
Kako gi oblekuvate bebencata za vo gradinka? Prv pat ke go nosam, dali im stavate hulahopki dali treba da nosat toplinki?
И во нашата градинка е многу топло. По боди на долги и долни тренерчиња тенки седи. Топлинки бараат да носат, ама со мојот за чорапите борба водат, а не па и топлинки да носи.
Мојава фрла чорапи и без разлика што е топло веќе не беше време за да седи и лази скроз боса. Така да во договор со учителката и ставам хулахопки и тенки пантолончиња, па доколку и е топло таму ја оставаат само по хулахопки. Инаку носи и боди со кратки ракави или на прерамки и тенка блуза за горе. Или фустанче и хулахопки, како втора опција.
Не пишав за топлинки. Кај нас во јасли не бараат. Поголемките дечиња што се околу 2 години, на слики ги гледам носат повеќето. Помаливе не носат. Моето плус и не оди сеуште. Инаку за во лето што ставате? Сандалчиња некои или летни топлинки има? До тогаш сигурно би одела, па да видам што да купуваме.
Топлинки да, али хулахопки не. Претопло е по градинкиве и не преферираат негователките хулахопки зошто плус работа им е да ги соблечат па да ги преоблечат. Облечи тренерчиња и нека тера.
@LiquidLuna ,ако не сум грешка ти имаше пишано дека сте правеле пауза пред примање на Мрп, од градинка. Последно кога земав потврда од таму ми кажаа бар 10 дена после вакцина да не оди. Е сега веројатно и барем 10тина пред. Дали нешто најавувавте во градинка, дека еден месец пример не оди?
Мајки дали има некоја чие бебче било или сега е во јасли во 13ти ноември - матичен објект? Го запишавме таму ама денеска кога прашав ми кажаа дека имало само една група јасли и од април почнувала гужвата и биле по 35-40 деца во група, ама не прашав на колку негователки. Се шокирав, па дали им обрнуваат внимание, ако се три како постигаат со толку деца, некако испаничив дека нема ич внимание да му се посветува Дали е сегде толкав бројот на групите во јасли и во другиве градинки? Се мислев дали за таму или за Кочо Рацин кај универзална ама за таму успеавме да не примат побрзо за од март... Пишете искуство ако има некоја...
Мајки. Уште еден месец почнуваме во градинка па ме интересира дали вие им воведовме ред на спиење или во градинка се навикнаа? Пробувам ама тешко ни оди. Немаме никаков ред на спиење. Станува во 6 и прва дремка е од 9 до 11 секогаш различно и прилично не спие многу,најмногу по пола саат. Ве молам за искуства.
Не сум воведувала искрено они ќе им воведат таму обично ги заспиваат во 12 саат, но ако некое дете порано му се спие го оставаат малце да дремне додека се адаптира на тоа време. Зошто имаат во 8 доручек па ужинка во 10 во 11 и пол ручек и ги легнуваат во 14 веќе се станати и следи уште една ужинка. Барем кај нас вака е редоследот.