Нееее Мојава од септември оди таму си го тера нивниот ред, дома неможеме крајот да и го најдеме. Страшна работа колку ние ги мислиме и им се тресеме, а они колку се флексибилни и прилагодливи
Најверојатно ќе ти го пуштаат дома покакано, коса ми се крева од помисла дека на 9 месеци ќе треба да го пушам в градинка (ако го примат оти кај нас 20 примале, 23ти е мојот) првото на 2 год и 2 месеци заоди в градинка скоро секој ден какан беше во пелена, среќа на 2 и пол години фрливме пелени...
Како бе вака. Јас сум чекала да го пресоблакаат, ама какан никогаш не ми го вратиле. Дури и ми кажуваа негувателките дека не смеат несредено бебе/дете да го вратат. @strelec231992 и мојот големиот кога почнуваше толку беа на список, ама повеќе од 15 никогаш не беа присутни. Дел од нив чуваа место, а остатокот се ротираа со болести. Се зависи и од градинка и од негувателки (со оваа градинка немам искуство), ама начелно ваму многу ок се снаоѓаа.
Кај нас во јасли се 15 деца со тоа што ради вируси никогаш не се сите присутни така да најчесто се околу 10тина. Секогаш ни ја враќаат со сменет памперс, дури и се случило од кога ќе ми ја предадат додека ја облечам во ходник, да се покака и да се понудат повторно да ја вратат внатре да и сменат памперс повторно. Е сега настинки има куп, се случило и со гребаници на раце/лице да си ја земиме ама не кревам многу паники околу тоа. Дома една е, сама, се случува да се удри со играчка, да се удри на креветче. Таму 10-15 сигурно нема без прекин само моето да го држат во раце, за да не се удри некаде.
Можеби е до негователките.. До градинката... Кај нас така беше, не сум од Скопје. Имало случај ми кажуваше другарка за нејзиното дете, се покакло в гаќи и само ставени гаќите во најлонче со се измет внатре....
Што е со ужинкиве во градинка,што ли си мислеа кога го правеа менито Милиброд со мармалад ,торта со кокос,бомбица...а и другите оброци не им се како што треба, директорката се замислува дека е нутриционист па сама го прави менито Искрено се надевам дека ќе го зимам после дремка и дека нема да има кога да му дадат од ужинкиве
До некаде можеби подобро и тоа би пробало дете. Кај нас даваат житна плочка искрено мене ми е одвратна и не би ја јадела. И доручек имаат овес со чиа семе и млеко... во ред е здраво да се хранат ама подобро иакрено леб кришка со абц намаз или хумус одколку овес со чиа бар ќе знам најадено дека е.
Мами, ќе треба да одам до градинката за документи и слично, но сакав вас да ве прашам што ќе треба да праќам во ранче за синко кога трга во јасли освен нели резервна облека памперс влажни крема? Ахх како лета време :/
Не знам како е во Ск, ако сте од таму. Во мојот град стававме, резерва облека, памперси по 4-5, влажни, крема за пеленска регија што си користи. 2 шишиња, едно за млеко, едно за вода, цуцла ако користи, може и некое ситно играче ако си има. Топлинки остануваат таму во шкафче макар што не бараат кај нас во јасли задолжително. Е по некое време се договоривме, влажни да се носат еднаш во месец, така да носам на почеток на месец и не праќам секојдневно во ранче. И обавезно ставам јас и ќеса чиста, затоа што на почеток додека се навикна на храната таму имаше течна столица околу недела/две и обавезно прокиснуваше по цел грб, така да можат да ги спакуваат алиштата за перење. Сега веќе не се случило тоа ама сепак оставам сеуште ќеса.
Во Скопје нема шишиња носење. Во ранче само за пресоблакање иако е ладно не облекувај хулахопки итн. Влажни 3, пелени 10-15 за цела недела , крема за газе доколку користи. И плус ќе ти бараат бришачи,пластични чаши, тоалетна хартија и сапун да носиш 2 пати годишно.
Кај нас во градинка не даваат. Од пластични чаши ги учат да пијат и брзо се учат искрено. Бебињата уште од раѓање знаат да пијат од чашка не се плаши
Не за друго,јас давам дома во чаша за вода ама си викам зар ќе имаат "време" за давање на секое (иако моево слабо со водава некако) ... сепак благодарам на споделеното искуство
Кај нас може шишиња со вода да си носат (во Ск сме). Кога ги оставаме секогаш бараат и шишето да си го земе детето внатре. Во ранче резервна облека и пелени, а еднаш месечно оставаме влажни и бришачи.
Секако не им даваат кој знае колку вода. Знам дека ужинката една пред ручек кај нас им е сок или чај.
Ај малку хелп. Се спремам да го пуштам бебе во градинка. Освен млеко за во каши што морам да му воведам, какви чаеви им даваат во градинка. Се сум заборавила од првото, а овој освен вода, цице и ад нема пробано друга течност, па да дадам од ова тревки чаевиве чисто да сум раат. До сега не покажал реакција на ништо, а воведени му се и јатки и јајце и зрнести. Дури и јагода во готова каша му дадов денес. Ама со ова тревкиве сме назад па да му дадам и од нив.