Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    45.149
    Пол:
    Женски
    Луѓе бебо се мачи со заспивање во последно време, дали скок, дали регресија.10++ е.
    Има две дремки за сега, ама еве денес ми јавија дека не спиел воопшто во градинка. Ми рекоа се обиделе да го успијат, не сакал и тоа било тоа.
    Значи буден е 10 часа, што е премногу за бебе од 10м.
    За жал не се случува прв пат. Минатава недела беше болен и беше дома. Но претходно цела недела ми кажуваа дека спиел едвај 10мин.
    Не знам што да се прави, дали тие не се трудат доволно, дали тој е тежок, а може и двете.
    Не знам како да се справам со ова. :(
     
  2. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    34.562
    Пол:
    Женски
    Од двете, преморен ќе биде, кажи им дека мора да најдат начин....

    Разговарај со нив слободно и замоли ги иако свесна си дека мора да спие бар половина час... сподели им како дома "заспива" некоја "фора" за да пробаат(пс. Мислам дека може да се и заби и регресија и не сум сигг со скокот како беше на 10+)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    На тема јасли - како би реагирале кога воспитувачките прикажуваат постојан антагонизам кон неколку деца, вклучувајќи го и моето. Значи не е моето ни златно, ни посебно нешто, туку е како сите 1,5 годишници. Знае и да плачи во градинка, знае и со денови без проблем да седи.

    Поентата е што на секое земање добивам коментари, ваква е или таква е ќерка ти. Демек инает, па ни заспа порано, па некако и е затнато носето утре не ја носи итн.
    Пред некој ден ја земам и и се обраќам ајде сонце мое, добивам коментар дека ќе се разгалува ако и викам така. Ок, мое право како му се обраќам на детето.
    И за неколку други деца често во групите на Вибер се споменува со име вака или така правеле, што не е случај со тие кои се блиски на воспитувачките.

    Туку да прашам некој ден директно што имаат против нас или да не се замарам, секако уште месец ќе е во таа група?
     
  4. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Јас би игнорирала ако се само глупави коментари. Ама многу без врска, искрено не сум слушнала кај нас вакви коментари ни па во група да пишуваат за децата поединечно и баш чудно. Ќе се разгалеле ако ги викаме сонце.. no comment
     
    На H.VAGA и Miss_S им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.367
    Пишува со име за твоето дете во група? Групите не смее да се користат за да се споделуваат лични информации за однесување или здравствена состојба на одредено дете. Реагирај за тоа. Ако ве прозве, одговори пред сите пример 'ако имате нешто да кажете за моето дете, јавете ми се, зошто не смеете во група да давате лични информации. Следен пат, ќе ве пријавам кај надредени.'
    Во однос на коментарите, не се замарај премногу зошто ќе оди веројатно уште малку во поголема група, ама префрли им 'на шала на смеа' кога ќе ти кажат нешто.

    Пример кога ќе ти кажат не и кажувај сонце ќе биде разгалена, кажи, да, ќе биде. Или, сакано дете е галено...
     
    На LiquidLuna, LizzyGrant и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    Не конкретно за моето дете во групата, за друго беше случајот баш со име пример Мартин (не е тоа името) денес удри по Мартина со играчка. Мартина (повторно друго име) е дете на воспитувачка во друга група.
    Моето си доаѓало и изгребано и удрено, ни нешто виделе, ни слушнале.
    Меѓутоа знаат кај мене дека сме пофлексибилни за земање, па имаш како што пишав нешто и е затнато носето, нека не иди. Или на пола ден да се јават, нешто многу вознемирено е детето, бара мајка, не знаеме што е, земето го и такви баналности. Од друга страна дете од блиски на воспитувачката (помал град, повеќе се знаеме) е со секрет до гуша и седи секој ден, ни сме изреагирале, ни ништо.
     
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    21.223
    Пол:
    Женски
    Јас ич не се замарав. Групите на вибер кај нас се непостоечки освен за нешто ако треба да се плати, инаку на секојдневна основа никогаш немаат пишано кој што прави.
    Ќерка е сега во поголемите, ама кога беше во јасли едната негувателка ми беше "чудна" спрема детето. Се нешто и фалеше на Софија, а таа жива здрава пресреќна искача од градинка. И пропратни коментари како "денес нешто не и е беше погодено", "не знам што и е, плаче", "малку ми е сомнителна, ко да ќе качи тт", "ич не е мирна" бла бла бла и врвот беше месец дена пред да оди кај големите ми рекоа Бедоксинче да сум и давала, дека не била мирна и не сакала да спие. И реков само уште месец дена да издржи и нема да ја види веќе и сите среќни ќе сме :D
    И на крај чоколадо и купив и и кажав "еве ова е оти ми ја истрпи немирната ќерка без Бедоксинче" :D

    Игнор и сарказам кога нема реална причина :nod:
    Разгалена ќе била оти сонце ја викаш? :rofl: (facepalm)
     
    На Tea SK, princess5, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.367
    Не може да те вика зошто е вознемирена. Сигурно има листа со правила кога се јавува на родител, кај нас е ако има пролив, температура, пребоен обилен секрет или нон стоп да кашла.
    Повикај се на тоа, и враќај им културно да не биде дека си наивна и ајде ќе те зезаат.

    Затнато и е носето? Кажи да, посетен доктор рекоа може да оди во градинка. На све ставај им капаче.
     
    На H.VAGA, LiquidLuna и Miss_S им се допаѓа ова.
  9. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    75
    Здраво мајки споделете искуство за јасли во било кој клон на Срничка во Аеродром. Дали поднесовте електронска пријава или во дирекција поднесовте барање? Колку време чекавте од поднесувањето на пријавата?
     
  10. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Sega nesto me strefi misla pa da si prasam i tuka daleku e ponedelnik dodeka se javam vo gradinka :Dima li nekoja da znae dali primaat pred polni 9 meseci v gradinka imeno sega gledav na spisokot sto im e od lani imale 2 deca primeno vo septemvri koi se rodeni vo januari isto kako i kaj mene beba imeno 10tina dena pred da napolni 9 jas moram na rabota plus i da koristam odmor pak ke treba da trgnime vo isto vreme i ona i jas, pa se cudev kako da pravam, jas si planirav od septemvri odma da ja ucam deka neli po pola saat saat 2 ama vajda ke treba soprugot da zima odmor i on da ja nosi se raboti konkretno kavadarci
     
  11. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Да примаат, барем кај мене во скопје и двете на точно 8 ипол месеци почнувале да одат во градинка. Секако се на адаптација додека се навикнат ќе помине време.
     
    На karak и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    Мене не ми дозволи управителката во градинка каде што беше примена, не е за Кавадарци ова. Со полни 9 месеци мораше да тргне.
    По темиве што имам читано и помали деца во други градинки примиле.
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Во Скопје, Карпош поточно може да тргне од 8ми месец за адаптација. Порано не може
     
    На karak и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  14. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    34.562
    Пол:
    Женски
    Моево појде недела дена пред 9м да наполни
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Што очекуваат од 1.5 година дете? Нокти да не сакаат да им лакираат? Едно ќе ѕи кажам скоро сите енгователки за да си намалат товар за гледање на деца одма кажуваат денес кивна, друго дете ќе му кажат поврати, трето малце е топол. И така они сите ги врбуваат да си ги земат децата и да се маткаат по лекари со што е нормално дека во ординација би закачило нешто.

    Од мое искуство ќе ти кажам дека ова секојдневно ќе е после ќе ти викаат немирна е, не слуша, не сака да црта, не соработува да јаде сама и да се облекува итн. Од едно уво влегло од друго излегло. И мене ми викаа носот му тече јас им викам еве го дома не му тече сабајле кога ви го носам исто така или плаже внатре па му тече носот или нешто го иритира што имате внатре и толку беше. Да напоменам дека на секое земање додека го земаа други имаше коментари нос дека му тече почнавме ние да си го земаме од кога им кажав така прекинаа.

    Бидејќи има некои со зелени мрсули до земја што ги носат, а они знаат кој нема баба сервис и ништо не им викаат.
     
    На BellaBibi и Miss_S им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp , за оставање ја оставам јас секогаш наутро, за земање кој како ќе стаса. Е тука направивме грешка. Маж е во смени на работа, скоро никогаш не зема дете. Јас додека стасам е после 16:30 демек да не е последна. Не дека не останала и толку.
    Ама увидоа дека има кој и изведуваат.

    Инаку сум видела и деца со зелени мрсули до гуша. И такви што се дават од кашлање и се и сешто. Не сум изреагирала, не е моја работа за туѓо дете да давам мислење.

    Пак ќе пишам, моето дете ниту е најмирно, дури и има моменти каде што мене знае да ме доведе до крајни граници на нервите. Меѓутоа не дека останатите 15+ деца само седат мирни и ништо не прават.

    Во мојов град си прават што сакаат. И во други градинки ги има следните коментари блиски што ми ги кажале, дека ги добиле.

    - Сите деца што кашлаат од утре се враќаат од на врата
    - Како не ти е жал детето да седи последно до 17:00 часот
    - Не сака да јади во градинка, гревота е да седи гладно, земајте го
    - Не сака да спие во градинка, не може да седи после пладне, кога сите спијат
    Примери само ова, инаку долга е листата.
     
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Истото е и во Скопје ништо поразлично не е. :) Затоа од едно влегло од друго излегло.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Бебе со полни 8 месеци е во градинка. 2 недели на адаптација, па после тоа целодневна ќе биде. Се надевам ќе немаме проблем. Немам опција за користење одмор. Болка ми е за исхраната, ама тоа е.
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    i nasata taka bese...eve ja za nedela dena ke pravi 1 rodenden...vo gradinka i e super,jade spie si igra si kaka super
     
    На Kikikikiri0405 и Bannana им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Од бебе што заспиваше во раце со саати нишкање и буквално да не дишеш да не го разбудиш и јадеше строго мазно блендирано таму од прв ден сам спиеше и јадеше по 2 тањира. :)
     
    На A.V.S 91, l-a-d-y-di, Bannana и 1 друга личност им се допаѓа ова.