Здраво мајки. Бебе е 8 м. и е на адаптација во градинка. На ум сум да носам АД да му дават измеѓу оброци. Со каква вода го спремате АД?! флаширана на собна тт, или со млака вода како што пишува во упатство за припрема? Дали да носам вода во термос или ...?! Искуства?
Ако е државна нема шанси да ти дадат ад. Кај нас ни шишиња не даваат да се носат ги учат од чаши да пијат. Рачунај они 15 деца имаат за чување на кого попрво ад да му спремат?
Само да те потсетам дека во 8 сабајле имаат доручек, во 10 им е ужинка во 11 и 30 ручек во 14 и 30 им е ужинка. За што му е ад? Подобро после градинка вечно нема да пие ад лесно се адаптираат децата. Плус знаат да им дадат бисквита и леб измеѓу оброци ако некое дете сака. Вода и сокче исто така им даваат, не знам каби би го вметнала ад. Доколку се одлучиш имаш во дм добар термос и дозерки. Во термос ќе ставиш врела вода флаширана до степен на вриење до горе одприлика 500мл собира. Во дозеркте стави ад колку треба да пие. Во шишето стави ладна флаширана вода, не мора да ја вриеш и они само ќе дополнат од термосот со врела вода до која милитража треба.
Мајки Можно е да треба да го носам беби во градинка Ќе го чуваа свекорот и свекрвата ама во последно се предимислија мн се стари 70 со 75 години На што да обрнам внимание Давајте совети паника ме фаќа Најмногу ми е страв што мн се разболуваат и мн јадења нема пробано
Ќе тргнува од 8-9 месеци? Или веќе е поголемо. Нас ни рекоа да има пробано јајце во главно. Кравјо млеко. За разболување немам одговор затоа што нема што не фатила кај мене. Дали зима, дали лето не и менува. И не дозволувај привикнувањето да трае со месеци. Од старт кажи, за недела, две треба да е привикнато, нема кој да го чува/зема.
Значи алергени работи за храна јајце,млечни производи,глутен, сок од портокал(пробај на би фрут 100% обично таков им даваат). Мојот немаше пробано грав таму прв пат пробал и тоа 2 чинивчиња изеде. Друга работа пелени дали има проблем со исфрлање или не бидејќи они бараат креми, влажни и пелени ама што им е при рака шљакаат. Затоа и ти викам ако има проблем нагласи им. Друго за спиењето можеби спие повеќе твоето т.е. во 9 па во 12 пак кажи им да не го малтретираат, кажи им како заспива самостојно или со помош. Значи прв месец ќе си ја следиш како ќе биде и како би се разболувала има некои цело време само нос им е растечен и одат, а има некои бебиња како моето за 3 саати гнојна да фати и 15 дена темп да има.
Ти благодарам @Brpbrp Јас сум носени во градинка од 8 месеци и само болна сум била А исто што слушам од други мајки дека мн се разболуваат, од друга страна си имаат и ред што не верувам дека со свекрва ми би го имал тоа Се мислам дали да го пуштам сега или да одложувам до пролет што знам дека ако е дома ќе се мачиме сите
jas ja pustiv na 8ipol meseci....eve ja sega napolni godinka,fala mu na boga brzo se navikna vo gradinka i samo ednas do sega mi se ima razboleno...taka da ne se slagam so toa,odat vo gradinka i non stop se bolni
Се зависи од дете до дете различен имунитет. Првото почна на година надвор ништо во градинка за 3 саати мртов болен. Бебево до сега фала богу еднаш пиеше антибиотик само ни варичела фати од брат и ни ништо и тоа на само 1м кога имаше.
Здраво мајки, ве молам за совет на што да обратам внимание кога бирам градинка за малата? Се работи за 10 месеци бебе и имаме неколку градинки во околината ама искрено не знам ни што да прашам и како да се решам за која, сите ни се близу ако е тој критериум.
До 2 години се јасли. Бебињата кои полнат 2 години до декември во тековната година се префрлаат во прва мала група. Значи најрано на 20м може да оди во прва мала. Во јасли нема воспитувач, само негуватели и мед сестра, а од прва мала се со воспитувач и организирани активности.
Меѓу чување од баба и дедо на 70+ години и градинка, без лутиш, ама секогаш ќе изберам градинка. Се разболуваат да, ама секако тоа мора некогаш да го пројдете. Малото дете ми е 10м, не е тргнато во градинка, па до сега 6 пати бил болен... брат му ќе кивне, он 2 недели мрсули. Големиот е 5г и откако прележа се шо може до 3/4г, сега мн поретко се разболува и проаѓа на нога. А бебево.. тетка ми како вика, воспитувач е. Вторите деца многу малку минуси имаат, редовно доаѓаат тоа зошто се префатиле од големите дур тргнат
@Ano , ќе те означам тебе, не се сеќавам кој друг имаше јануарски деца. Се консултирав во нашава градинка и на јануарските барем за кај нас пак им се паѓало во јасли да одат. Фактички ги префрлаат во годината кога полнат две, во прва мала. Е сега може некаде се и други правила. Е, па викам нека ви е со среќа со ќерка, кога ќе е најголема и нема ама воопшто да сака да е во креветче пола ден.