1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Ќе ја префрлат набрзина ако видат дека и е досадно, мислам?
    Или, не идат така работите?

    Ќерка на година и 9 мес тргна во прва мала.
     
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Немам ништо официјално, уште се расправаме за климата (facepalm). Ама мислам дека ќе останат во јасли. Ако ме прашаат да бирам за сега сум на став да остане зошто мојов уште не е прооден (до септември верувам ќе се пушти) ама уште е бебе реално.
     
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    Дека ќе и е досадно сигурно. Од септември повеќето ќе бидат баш бебиња, таа голема дада. Може и само јас се плашам, па да ја оставаат неа на земја и со играчки, другите помали и непроодени по креветчиња.
    Генерално сега во топло играат повеќе надвор, инаку за внатре освен играчки нешто ситно, па и немаат.
    Воспитувачките кога како зависи се расположени, за смислување екстра активности.

    Дефинитивно мислам и јас дека не е спремна за во поголемите, макар што ги гледа и копира, дури и одредени активности ги совладува побрзо, баш од поголемите.

    За префрлање по групи во конкретната градинка нема, само во септември како ќе стартуваат така. Во тековнава година имавме неколку случаи родителите да префрлаат деца во други градинки каде има место и јаслите се на 2 групи поделени. Или со полни две години, па во прва мала, во друга градинка.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, син ми по ова што читав би требало да почне со адаптација во градинка некаде Октомври месец (тогаш би правел 8 месеци). Јас сум на породилно до декември, немаме нигде прашано до сега околу градинка, со живеење сме во Карпош. Може ли да ми кажете дали имате препораки за градинки низ населбава, како да се запишеме дали има листа за чекање?
     
  5. Dzes88

    Dzes88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ние аплициравме во градинка уште кога синко имаше 2 месеци. Сега е официјално примен, а групите ќе се формираат во август, а он би почнал со адаптација од септември на 9 месеци. Би ти препорачала побрзо да аплицираш зошто местата во јасли се скоро полни. Ние сме исто од општина Карпош. За Карпош таа градинка што ви е најблиску до адреса, во таа треба да аплицирате.
     
  6. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мајка и ние сме од Карпош, ни кажаа дека ќе се јавуваат дали се примени или не. Од каде информацијава дека е примен?
     
  7. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Majki po licna karta sum vo aerodrom moze da biram koja sakam gradinka vo aerodrom ili mora taa sto e najblisku po licna karta?
     
  8. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Значи пред да тргне треба да и дадам кравјо млеко... Јас не сакав пред година дена да и дадам кравјо млеко. И што е ова бисквити и пудинзи?! Што ако не сакам да ми јаде детето бисквити ?
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Ќе си го чуваш дома тогаш :) и во приватни слично е менито.

    Моето дете е алергично на млеко и нема да му даваат млеко.
     
    На Mother of 2boys, Tea SK и princess5 им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    За аеродром кај ти најдат место искрено. Хаос е со места. Ако имаш врски ептен, бирај.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Па нема да можам да си го чувам дома. Видов погоре имаш напишано да се бунат за милиброд и бајадера, ко божем бисквити и пудинг поздраво е...
    Нели нутриционисти им ги правеа мениата за градинките?
     
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Мхм... Сметководителката е потпишана на нашето мени.
    Заедно со главната готвачка, ама сметководителка бе шо врска има со јадењата еве не знам..
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Во Срничка менито го прави медицинска сестра. И не е лошо. Син ми оди 5 години, и верувај дека одлично готват и ги хранат децата. Бебето ќе почне да оди од септември, и воопшто не се секирам за храната.

    Не е исто да спредуваш бајадера со кашичка со бисквити кога имаш хип каша со бисквити од 6м, бисквити бебешки грицка скоро секое дете од 8м нагоре. Пудингот не е инстант во кеса туку е сварено млеко со чоколадо.

    Не знам само што очекувате за 1500 мкд денари. Чиа семе? Авокадо? Палачинки од хељда? Храна која не расте во оваа земја?
     
    На Mother of 2boys, sencuk, Skyler81 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    Во приватна градинка од вработен имам инфо дека и покрај тоа што во менито пишува пример Киноа со ваков, таков зеленчук ако одредено дете не го јади тоа може да добие замена чоколино, бисквити со млеко, леб и маргарин, било што да не е гладно. Ако во менито стои киноа.

    За нашата градинка за ужинки пак на лето вака имаат 2 дена свежо овошје.
    Почесто е Винчини тортица или нешто слично. Во јасли и шише со млеко знае да е ужината. Не дека е најсјајно ама рековме за 1500 денари и нема подобро.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Ниеден ден нема винчини во Срничка, менито е сосема ок и ова е мислење на 90% од родителите меѓу кои баш кај син ми во група има и доктори, вклучително и педијатар. Ставот од погоре е малку повеќе претеран.

    А киноа, баш киноа е така алергена, може само проблем да направат со киноа во мени.
     
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk , нели киноа, авокадо, чиа пудинг и слично, така фенси на мени делува. Поентата ми беше и во приватната градинка е едно пишано, скроз друго може некое дете да јаде.

    Кај нас се случува некое дете ако не јаде одреден тип на манџа, да јаде само леб или леб и кашкавал пример ама се трудат да не е гладно.

    Конкретно за јасли, во нашава градинка (не во Ск) лично сметам дека ужинките не се прилагодени за возраста. Барем тие што ги праќаа дома додека ќерка ми ја земавме пред спиење. Е сега дали праќале рандом, колку да ни биде дадена ужинка, никогаш не прашав. Само за млеко ни беше кажано дека се нуди, Ад, кравјо, по потреба без лактоза по избор на родителот. Е сега за комплетна нетолеранција не знам дали имаме случај во група и што прават во таков случај.
    За алергени ми беше напоменато да напишам во пријавниот лист и дека тоа нема да му се дава на детето. Пример јајце да речеме, ако не смее да јади.
     
  17. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Не сум за чиа семе авокадо и киноа, ако те интересира. Детето ми почна со вкусови авокадо нема да проба ни манго ни амарант...Ниту го јадеме дома ниту го има асално во Македонија. Сум за храна што расте на наше поднебје. 1500 денари градинка е друга тема, накратко треба да ни наплатат процентуално по семејни примања, неможе 1500 да плаќа некој што зима плата 1500€ и некој 25.000 денари. Не ми беше поентата да се расправам или слично, само прашав бидејќи така знам дека мениата ги правеле нутриционисти, а и зошто се разликуваат од една до друга државна градинка тоа не ми беше јасно.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Уште да плаќаа редовно. Има многу родители кои должат.

    1500 се малку за некој, а за други многу. Ако имаш 3 деца кои одат во градинка, ете ти 4500 денари.

    Храната е скоро иста во секоја градинка. За децата во јасли има кашички. Сигурно дека нема манџи да им даваат.

    Кај ќе одлучат они, таму. Ако сакаш ти да бираш, фаќај врски.
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    7.951
    Пол:
    Женски
    Кај нас готвачот, докторот и директорката.
    Ама па директоркава има скоро 60, а е презгодна и личи ко 40, па ваљда се разбира во здрава храна :D
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Зошто се под надлежност на општината. Побогата општина ќе дава повеќе пари за градинките, другите ќе се снаоѓаат.

    А тој со поголема плата секако дал многу повеќе пари во буџет од тој со помала. Ги добива истите услуги како тој на минимец што зема може кеш плис непријавен.
    Зошто да плаќа повеќе тој што и онака многу плаќа?

    Друга тема е плаќањето секако.
     
    На Mother of 2boys и Лалина им се допаѓа ова.