Се надевам се шегуваш.. Таа може да си биде згодна за неа колку сака тоа не ја прави компетентна да прави мени за деца.Да сме земја ко што треба, нутриционист по струка, тој што учел школо за тоа треба да направи мени и тоа да биде за сите градинки. Ама пошто сме вакви какви што сме, ќе ни ги ранат децата со бисквити и бајадери.
Ако мислите кашички дека се како на Хип пример сигурно не се такви. Некој за јасли да вари и блендира/пасира зеленчук не верувам. Јас кога ја земам ќерка знаат да речат денес јадеше леќа. Е јас тоа го сфаќам дека има манџа/чорба или како сакате кажете ја леќата зготвена комплет со зачини, со се. За овие во јасли може само со леб да блендираат заедно. Не мислам дека некој посебно и по посебен рецепт варел за нивната група. Лаички ова, не сум видела лично.
Нормално дека се шегува Јас да ја видам сметководителката па ќе ви кажам дали се храни со чиа пудинзи или бајадери
Не знам кај даваат бајадерки, кај нас згоднава смислила овесни и оризови галети . Шала на страна, топ е менито кај нас, нема глупости.
Во градинка надвор од СК им даваат манџи. Менито за бебе и дете од предшколска возраст е исто, само пасирано. На почеток ми кажаа дека за бебињата нема зачини и запршки, а на крај излезе дека е потполно истата храна како за големите, само пасирана ... а јас се чудам зошто бебе не сака дома да јаде без сол ... Ама тоа е, немаме избор. Инако колку што се сеќавам пред неколку години имаше иницијатива за промена на менито во градинките, и се правеа работни групи со учество на нутриционисти, ама најверојатно ништо не излезе од тоа. Менито е исто години наназад и е различно во секоја градинка. Кај нас на пример на бебе му дават и поп-кек тортици ...
По мое, немора посебно да варат, само може на крај да одделат за бебињата, па да додават зачини и запршки за поголемите. Не е комплицирано ако се сака. Само се чудам здравството како тоа го дозволува, нели педијатрите не советуваат никако кравјо млеко, сол и шеќер пред годинката. Ама кај нас се е можно, никаква усогласеност меѓу институциите.
Кога најрано може од јасли да се премине во прва мала? Дали може од година ипол возраст? Има некое правило,критериуми кои треба да ги исполнува детето,или зависи од градинка до градинка? Не знам како ќе терам уште една година со овие негователки,живци искинав.
И во прва мала се истите негователки, се ротираат 3 или 4 се, во јасли кај нас ги водат така, фактички прва мала е 2 група јасли, до 2 годину е 2 група јасли, после 2-2ипол е веќе во голема група од 2 до 3 год. Барем кај нас е така, сега од сеп ќе почне и малиот во големата група од 2 до 3, он има 2 ипол, до сега беше во прва мала или втора група јасли.
Не ,јас ќе го префрлам во друг објект. Секако планирав од прва мала,зошто другава градинка пред врата ми е, ама тука нема јасли.
Во нашава градинка е со навршени 2 години, но прават исклучок во зависност од развојот на детето. Кај нас големата така во септември кога почна со новата група имаше 1г и 6м, и на родителската одма ме повикаа да ме прашаат за дозвола дали може да ја префрлат во поголемата група бидејќи она беше многу напредна. Зборуваше, сама јадеше на таа возраст, се разбираше соработуваше со учителките, самите ми рекоа греота е да ја држиме со бебињава буквално беше како да има над 2 години. И ја префрлија со наша дозвола. Е за малово има да се изначекам, таа родена во јуни има уште година дена да оди во јасли, до следен сетптември....што ми е многу криво и жал ама тоа е, малава и поразлична е од големата, големата очигледно отстапувала понапред во се, а малово си е таман со возраста да речеме.
Кај нас е спрема годината на раѓање. Годинава т.е од септември сите со ќерка што беа во група, а се родени 2022 одат во прва мала. Останатите од 2023та остануваат јасли.
Би требало е да според година на раѓање. Кај нас најмалите деца правеа роденден во декември, значи најрано на 1г и 9м тргнаа во прва мала. Мислам дека дете родено во јули нема да префрлат, ама прашај.
За сега од септември не очекувам,знам рано е. Ама си правам планови за од јануари ,на 1 година и 6 месеци.
Кај нас во некои градинки даваат опција околу март/април да премине во поголема група. Очекувам тогаш ќерка да ја префрлат бидејќи ќе е 2 полни години. Во други градинки само во септември се прават групи, така да се случува тек на 2 и пол години да одат во 1ва мала.
Generaciski gi raspredeluvaat i za vo prva mala uslov e deteto da e odviknato od peleni, barem taka e vo Ohrid
Добро за Охрид и пелените имаме многу читано на форумов Инаку поголемото дете во прва мала уште носеше пелени (тогаш имаше 2год без 1 месец) па во текот на годината се одвикна и од пелени,почна и сам да се облекува се научи и сам да јаде.
Taka e ispravno, bez forsiranje, retko koe dete na 2 godini ili porano e spremno da se odvikne. No ete tuka polesno im e taka po 30+ deca se vo grupa i polesno im e da recat donesetegi odviknati. Pa uste luti nekoe dete ako zgesese da se izmocka vo gakicki.
Дали некоја има искуство со јасли во Сончогледи - Влае? Планирам здравје да го пуштам кога ќе ми заврши породилното и ми е во мисла дека ќе е мало.