Најголем дел од нас се соочуваме со истото за жал. И мене така ми изгледаше кога ми викаа на почеток оставај го по пола час, каква е таа адаптација или оставено само во креветче да седи, кога не знаеше да лази.... Ама верувај се поминува и ќе се адаптира и ќе биде добро. Еве сега посреќен е кога е во градинка отколку дома. Таму јаде се дома се мршти...
Другарки, Искуство некоја со јасли во објект ,,Јасмин,, т.е градинката кај Беко во Центар? Ја запишавме цуци па што да очекувам?
Жени, ај ве молам некоја нека ме просветли.. Менито што го даваат две недели во месецот кај што ќе оди бебуш во градинка содржи јадења со кравјо млеко, сирење, бисквити и други јадења што не би ги давала пред 12+, така и ми се во табелата што си ја следам. Пошто во менито пишува за деца ДО 24 месеци, дали некоја знае дали нешто менуваат во храната во зависност од тоа дали е бебе од 9 месеци или дете од 20 месеци? И како да влијаам да не му ги даваат овие храни, евентуално со потврда од матичен дека не смее млечни производи пред година?! Ќе ми пројде ли такво нешто?
Нема врска дали е 9м или 20,тоа што го пишува на менито го даваат на сите. За другото не знам да ти одговорам
Како бе така, па не е тоа мала разлика бе, ваљда на поголемите не треба блендирано да им даваат, тешко нас ако до 2 години лапни голтни ги учиме
Ние кај што сме ручекот од поголемите кој е во нормална форма го пасираат за помалите. Значи од манџи се си јаде пасирано само претпоставувам салатата не. Леб ми рекле дека дробат ако е многу течно, јас немам ништо против. Доручекот и ужината се во кашеста форма, гриз, фрутолино, пире банана, овошна каша од хипп.
Кога аплициравме за во градинка прво нешто што ни кажаа пред да појде во градинка да има пробано што повеќе намирници меѓу кои задожително кравјо млеко. Е сега мојава тоа што јаде во градинка , јас дома не и давам. Тоа што мислам дека треба да јаде тоа и давам, за во градинка што и даваат нека и даваат само да јаде. Во однос на блендирано, не им е се блендирано, имаат и пасирано. Јас и давав пред да појде во градинка само блендирано таму научи да јаде и парчиња, реткост е што одело во градинка, а што не научило да јаде. Пред да појдете во градинка ќе ви дадат да пополните формулар каде има дел за алергии и исхрана. Но внимавај градинката може да одговори дека немаат персонал за деца со посебна исхрана и да не го примат, така да распрашај се што можеш да постигнеш со потврда од матичен.
Почнавте со адаптација генерациски бебиња 8-9 месеци ? Јас многу се исплашив од големите бројки на заразени и одлучив да не го пуштам сега. Породилното ми е до крај на месецов, после ќе работам од дома. Нека се смири малце вирусов и ќе го носам.
Јас немам опција да работам од дома така што земав одмор за да почнеме со адаптација во февруари. Се надевам дека ќе се потсмири малку бранов.
Од колку може да ја запишам за да си држам место, иначе сега сме 3 месеци а морам д аја пуштам во градинка на 8 месеци... Дали сега да се запише или тогаш, секако ќе бараме човек за место...
И мене ова ме интересира. Порано ли треба да се запише? Плаќа ли се местото и дали истата цена се плаќа за држење место како и за идење во градинка? Шо се носи во градинка освен памперсо, марамици? Од 9 мес ли се иде у градинка? Ако планирам да барам работа, колку време отприлика треба порано да појде за да свикне таму?
Јас сум во Аеродром. Јуни е родена во јули поднесов барање за во градинка. Ми рекоа дека не може така да го запишеш и да плаќаш а да не оди. Таквите ги отпишувале за да се ослободи место. Кога ќе му дојде времето за одење месец два предходно да одам да средам што треба. Мојата треба да тегне од Април. Бев во градинката и таа ми кажа нема место а и тешко да има, имај си план б. Барав врски ми рекоа за кај сакаш ќе завршиме работа само за Аеродром не барај, премногу е гужва. Јас ќе си ја пуштам во приватна градинка. Ама верувам дека со врски во државна може да се заврши работата.
Во која приватна ќе ја праќаш и како се цени? И јас притискам за државна ама ако не бива мора во приватна бебо да оди