Луѓе како е со место во Ѓорче? Иако во Карпош ни се ептен поблиску градинките, сепак се води под Ѓорче зградата и најверојатно ќе треба таму за градинка. Дали аплицирате веднаш штом се роди? Бидејќи слушам негативни искуства полно за во Ѓорче... Искрено се мислиме државна ли приватна ли... Ама си викам да ги инвестирам тие пари во име на детето наместо да плаќам приватна градинка е поисплатливо. Не знам што да правиме. Толку треба врски за во Ѓорче? Или да земам да се пишам на адреса во Центар, просторот за канцеларијата кај што работам е на мое име секако изнајмен... Ама па не знам ни таму како е за градинка.
На нас без врски ни го запишаа во градинката во Хром, иако претходно ни рекоа дека нема место и дека нема да го примат (сплет на околности, не сме веќе таму и во друга градинка го запишавме). Па после ни рекоа да поднесеме во таа кај Мирче, па во прва мала кога ќе дојде време да го префрлиме во таа во Хром. Во Центар (посебно во таа кај полициска Беко) примаат без проблем ако се водиш на адреса или ако барем еден родител работи во Центар. Аплициравме одма кога ни го дадоа изводот.
Јас не се водам на адреса во Центар, ама фирмата на која сум си јас управител и работам и канцеларијата ми е во Центар. Значи можам да аплицирам само со адреса на работење/канцеларија во Центар, така? А можам да аплицирам во исто време во градинките во Центар и во Ѓорче?
Да, да. Штом таму се водиш дека работиш, можеш да си аплицираш, нема да те одбијат. А инаку можеш во повеќе градинки одеднаш да си аплицираш, ние од неколку чекавме одговор во исто време, на крај од сите добивме позитивен одговор
И јас поднесов за таму за од февруари. Ќе ни се дружат малите изгледа До душа уште не ми кажаа дали е примена битно на список ја има. Ми рекоа многу дечиња имало во јасли па било многу тешко.
Запиши го во Корчагин, кај ФЗО ако си со работа во Центар. Одлична градинка е, плус ако работиш таму, ќе ти биде полесно за земање, порано ќе си го земаш бебето.
Во Карпош од "Пролет" за колку време имавте потврда дека се примени децата? Поднесов уште во септември во клон "Сончогледи" и на маж ми му рекле 2 недели пред тргање ќе знаеме дали е примен? Некако ми е лудо тек тогаш да дознаам... @Tea SK гледам ти имаш искуство со Карпош, ако може да споделиш дали беше така и во главниот објект
Цената зависи од општината, во некои општини е покачена цената на 2.000,00 денари месечно, во дел е останата 1.490,00 денари.
Скроз сум на др страна од кај Центар, спроти Дукат и Интермецо. Најблиски ми се Кочо Рацин и 13-ти Ноември. Не знам како е во овие градинки. Ама ќе аплицираме во повеќе секако. Каде ќе не примат, таму. На маж ми му доаѓа некако поуспат кај Корчагин, во Кисела Вода оди на работа. Ама пак само два дена неделно оди од канцеларија, и тоа и тие два не оди секогаш.
Како аплицирате? Мене ми кажаа само онлајн да пополнам апликација и кога ќе сакам да тргне да одам лично да прашам дали се ослободило место.