Аплицирав за градинка кога беше бебето 4ри месеци. Дали ќе ми се јават да ме известат дали е примена и кога ќе ми се јават? За Аеродром прашувам
За неполн месец бебе тргнува во градинка. 8 месеци ќе има. Кажете ми што им треба за таму да има во ранчето? Да знам на време да купувам ако нешто немаме.
Секој ден во ранче една промена за пресоблекување и три пелени. Тековно на нас ни бараат влажни марамици, павловичева, чашки, подлоги за пресоблекување за една употреба и бришачи (за ова дадоа списоче на почетокот кога почна, па сега следно кога пак ќе треба ќе кажат). За шишиња за пиење ќе ти кажат негувателките, во некои градинки не е дозволено.
Здраво Мајки, сакам да пршам дали после градинка бебињата ви имаат уште една дремка или не, конкретно за 9-10 месечни бебиња. Во градинка ги заспиваат накај 12- и зависност до колку ќе спие, макс 14:30, но многу е да издржи до успивање, а пак со дремка испаѓа многу касно да си легне..кое е вашето искуство?
Зависи како и колку спиел, ама обавезно дремнува. После тоа најкасно до 21 сака да е заспан, не издржува повеќе, преморен е.
Да,на таа возраст спиеше и дома. Околу 17ч едно 40мин. Гледав најдоцна до 18ч. Да стане,ако не станеше сам го будев. После во 21:30 во кревет
Мајки споделете искуство од градинката Срничка-Калинка како сте задоволни од јасли, колку деца се и од колку до колку е прием
@KuklickaSk здраво, да не мислиш на градинката Корчагин во пролече до социјално што е? Има таму јасли?
Дали некој носи бебо во Росица - Калинка Хром во јасли? Како сте задоволни? Колку дрчиња има? Ние се запишавме па чекам за да се јават..
Само барање потполнуваш, па откако ќе примат бебе, ќе ти кажат што треба. Ние само што земавме извод ја запишавме.
Од таму слушам многу негативни искуства. Јасли биле 30 деца. Знам зашто и другарка ми и братучетка ми ги носи таму. Процесот на адаптација им траел и по 3 месеца.
Аууу ... јас слушнав дека се 22 деца. Што ли ќе се прави 3 месеца адаптација .. па тие таму 2 со 30 деца како се справуваат
Ваљда е таа ,таа ? Кај Наја Маркетот ? Таа е нема која друга мислам...братучетка ми ги носи оф септември ,мислам дека до пред две недели кога последно се видовме уште ги враќаа во 12 дома .Под кој изговор, незнам. Ваљда приметија дека имаат тука баби и дедовци за чување ,па може заради тоа. Е сега ,не мора да значи ама ако е таа градинка ,слушам дека се премногу деца. Реално и 22 се многу. Кај нас кога беше во јасли никогаш не беа повеке од 15,16. Не ме факај за збор ,не е за да те уплашам Едит - е сега, ако се 22 во оваа група ,рачунај некои од нив нема да доагаат ,како кај нас што се случува па нема да бидат ни толку . Што е секако за утеха.
Па се додека знаат дека има кој да земе бебе/дете, ќе кажуваат спора адаптација. Инаку една е таму. А деца има премногу. Кога бевме да поднесеме барање за малата, збореа меѓу себе, дека имаат 280 деца во цела градинка. Внук ми иде таму, многууу деца се во група.