Незнам ама веќе ми е смачено од повиците на негувателката....тече носот барам потврда од доктор. Докторката ми вика не ја носи овде со децава може да се зарази за затнат нос неможе да ти бараат потврда. Дали само кај нас е вака?
На 8ипол ќе почнуваме адаптација .. така ни доаѓа .. мене одма за хром кога однесов документи таа ми рече нема шанса за овде има што чекаат дечиња на листа веќе 2год. иначе спомнавме на едни за градинка дали таа или таа рекоа ќе видиме што како ќе ве известиме не се јавија туку ми се јавија од градинка да ми кажат дека сме примеби и од кога ни доаѓа да почнеме .. и кажав се што како ни рече најмали ќе сте да разговарам со педијатарот за кравјото млеко дека им давале и да идам 1февруари да ми дале листи за педијатар и се остало што треба да се пополнува. Така да неветувам дека завршуле работа зашто ќе се јавеа одма да кажат за частовка а го нема веќе 4дена така да не е завршено од него сигурно мм рече ќе му пише дента кога се јавија дека имаме завршено раб па искрено не го прашав дали му пишал и што како
Искрено да ти кажам, во јасли (не за Ск), си играа со нас како сакаат. Нос се растече, земете ја нека седи дома. Без потврда од доктор никако. Буквално да му објаснуваш секој чекор каде си за и 1 ден ако отсуствува дете да се објаснувам или да трчам на доктор. Следнава годинава во нова група, со нови воспитувачки, кога настина првиот пат, остана неколку дена дома. Ја вратив без потврда и ни некој нешто ми рече, ни ја врати пак. Истата градинка, истото раководство.
И моето треба да почне средина на март. Исто како тебе загрижена сум за менито, ама па што да правам од друга страна кога морам да се вратам на работа. Моево во Сончогледи - Влае треба да почне, нити ми се имаат јавено, нити знам дали е примен. Документи имаме поднесено од септември. И моето ќе е 8 и пол месеци. Гледам тука некаде се со возраст. Јас почнав телешко да давам од Систина ми препорачаа. И воведувам вкусови на 2 дена. Најголем проблем ми е што не знаеме дали е алергичен на кравји протеин дека пие хипоалергено млеко. Не знам за тој дел што ќе правиме...
Абе нашиве другарчиња ќе бидат. И ние за Детелинка ќе им кажеме. Ама кога ќе почнува незнам. Имам опција мајка ми да ја чува. А и мрп несакам да ја ставам одма, малце да ја одложам сакам.
Еве го менито за декември во јасли во 8ми Март во Кисела Вода. Се запрепастив. Тортици бе, тортици И сок. И тоа гарант од оној сок со цевчиња што го даваат по игротеки. Сами сме си криви што седиме и ќутиме. Ко демек тоа е нема избор. А ти дома ќе се трескаш од земја за да јаде здраво. Абе се е само за профит леле не го можам системов во државава
Јас би да почекам до 2 години, па би ја ставила. Ќе видиме како ќе биде. Нека ја примат само, па ќе мислам тогаш. А имам опција да не мора да тргне на 9 месеци. Ама дека ќе оди во градинка ќе оди. Мене ми е до 3 години да најдам место, после ја префрлам во градинката пред врата што ми е.
Јас мрп ќе ја одложувам додека можам. Ајде дај боже да сме другарчиња види појди прашај како е што е до кај е
Сите се исто. И моето почна на 9 месеци точно. Тоа е што е. Ќе се навикнеш . Кравјо млеко даваат со бисквити. На сите им даваат . Нема да и биде ништо. Кај нас не правеа никакви отстапки ниту за едно бебе. Мене педијатарот ми рече тоа што даваат кравјо таму не е проблем , го даваат во бисквити и сл. Не е за пиење секако. Ке се навикне тоа е тоа .
Некоја да не има бебе во Карпош 4? во бисерчиња? Како изгледа чувањето во јасли? Какви активности имаат? Здравје април може ќе почнеме, па да се спремам психички. Секој совет е добредојден
Im davaat med?? Med na deca pod edna godina ne smee da im se dava, ne e rabota za dali probale ili ne nitu pak da e alergen proizvod, se raboti za mozni seriozni zdravsveni posledici ne daj boze i fatalni... koj nutricionist go pravel toa meni???? Jas se nerviram za vo nasava gradinka sto im davaat mandzi, pudinzi i sutlijas kade sto 100% se praveni so shekjer i sol bidejki menito e za deca do 2 godini, a mojov vo jasli (9 meseci) seuste ne treba da jade shekjer i sol, gledam podole pisale vo 8mi Septemvri gradinkava im davaat i bajadera.... taa neli e so orasi ili gresam??
Луѓе не се паничете. Ова искрено само кај нас го гледам. Другарка ми во Англија , им даваа и јагоди и малини по 6 месеци. На сите опаковка од кашички им пишува дозволено за 6+. Мислам дека кај нас малку се претерува реално.
Za tie raboti ni jas ne se potresuvam, i mojov jade i jajca celi i malini, kapini, jagodi, kravjo mleko meshano vo hrana bez problem uste od sam start, ama medot ne e alergen nego bukvalno e toksicen za organizmot na bebe bidejki ne e sposobno da gi procesira bakteriite vo nego i moze da dovede do Botulism sto ne e zaebancija.