Zavisi kade i koj ke ti sredi. Nas ni cuvaat vo k voda ama sega na plakanje iskomentirale takvi otpisuvame. Inace 500ineso den e ako ne odi,koa odi ti racunaat sekoj mesec kplku dena bilo
За која градинка ова? И моето е запишано плаќам а не оди и бевме да прашаме да не е проблем рекле мал е ако нека поседи дома нешто без врска, а од март ќе го пуштам
Мојава е родена на јанури , само што извадивме извод во февруари аплициравме и ни кажаа дека ќе не известат во август дали е примена. Крај на август и почеток на септември ни кажаа дека од септември може да почне , но ако не ја носиме 2 месеци ќе ја отпишат. Ние почнавме во октомври на 8 месеци да ја носиме, а за септември плативме полна цена.
Zdravo majki Bebus mi e 6 meseci uste 3 meseci ke treba da trgnam na rabota za vo gradinka kako shto e potrebno dokumenti. Potochno za prilep ako ima nekoja majka. Fala ubav den.
Јас електронски во септември аплицирав па фала богу никој не ми се јави! Или треба во градинка да носам? Пишува дека може и електронски.
Јас сакам да прашам тие што почнувате на 8 месеци и порано дали имате воведено секаква храна кога ќе почне во градинка, млеко, јајца и сл, што се воведуваат покасно.
Групите ги формираат во август тогаш с Групите ги формираат во август само, барем така нас ни кажаа. Ни се јавија 7 месеци по апликација. Електронски аплициравме ама мислам дека и однесовме во градонка апликација.
Мајки еве не и нас со 8+ ќе мора да тргне во јасли. Многу грижи околу спиењето,( дома речиси цело време ми спие во раце) , околу јадење (тек од 6+ почнавме со храна која ако не е убаво изблендирана и полутечна не ја сака) со одвојување од мама (чии раце паднаа дома затоа што несака да го држи никој) , грижа околу тоа што не сака да лази и веројатно таму никој нема да го тинтри па ќе биде цело време во оградица или креветче... Да не збориме за болести со кои ќе биде тргни застани, боледување, непроспиени ноќи, плачки.... Многу грижа за нешто што би требало да биде убаво и значајно во нашите животи. Исчитав се наназад, како се снајдовте вие мајки кои веќе во ноември или декември ги пуштивте љубовчињата во градинка?
Не знам дали има дете кое поише било залепено за мајка од моево. Со 100 души дома, со деца за неа да си игра она била лепешка за менеи во вц кога одам. И уште е таква,буквално до кујна да одам да пијам вода она се мкне по мене. Никој ја нема никогаш чувано, само јас. И исто мислев дека тешко ќе оди адаптација, ама она се адаптираше за 3 дена. Имаше неполни 15 месеци кога почна. За јадење, ние обратна мака, она џвакаше од многу мала, на 8-9 месеци веќе одредена храна не блендирав, па таму неќела да јаде пасирано, ама и тоа се среди. Не даваше да ја хранат зошто јадеше сама. Никогаш со никој се нема успиено освен со мене, таму од 3 ден се успа сама. Нема некое правило како ќе биде. И нормално се е до кадарот. Кај нас ама апсолутно никаква поплака немам, по муабети што слушам а и гледам блиски примери, подобро е и од приватна. За разлика од некои приватни каде имам слушнато: е ако има тт де, донеси сируп ќе му дадеме. Во јасли е тоа, нема што посебно да прават. Еве мојата кога се погодило да неќе да спие, ја нишкале, имаа и лулашки како релаксатор па и на тоа некогаш заспивала. Јадена, спиена, чиста. Ако ја пратам до фризура, а и се растурила при спиење, пак е со фризура, каква таква, битно не ми го дале детето не средено. Ако се чукнало кажуваат, ако се скарало кажуваат. Еднаш едно дете у јасли ја гризна, жениве од 3 групи ми се извинуваа, криво им беше зошто била многу мирна и зошто баш неа и се случило, а детево се радуваше и покажуваше раче се фалеше, смешки. Надвор ги носат обавезно според условите. Малите во јасли и прва мала имаат тараси, големите во двор. Секоја занимална има свој тоалет. Е сега како е во другите не знам. Верувам дека има и спротивно на ова, зошто и на такво сум била сведок.
Тоа ништо не значи. Мојава сама заспива од кога е родена, не е залепена за мене ниту за никој друг па ни требаше 3 недели адаптација, исто од 8 месеци е во градинка. Дома се молиме за јадење таму јаде се без проблем. После тие три недели супер и беше, и спие и јаде и цел ден игра дома заспива во 19:30. Проблематично беше на почетокот додека не лазеше беше во креветче тек тук во рака, сега веќе цело време е на под, лази и игра. За болести мора да се поминат тоа е.
Јас да ти кажам ич да не се секираш. Се трескав јас не спиев што ќе јаде, дали ќе јаде, дали ќе спие и се по ред. Дете се адаптираше од мене побрзо. Најадена, наспана, чиста, весела секогаш. Воспитувачките рака на срце ептен се погодија јас ептен сум раат што оди во градинка.
@Цвет88 @LucyLu @Cherry79 ви благодарам од срце за искуствата, многу ми значи... Ви ги прочитав постовите и со насмевка ќе го почнам утрото со надеж дека и моето бебуле ќе се адаптира така брзо како вашите.
Ние сме 3 месеци, продадовме должкументи за во аеродром една позади тобако 2 и новата кај Елена Лука па сега ќе чекаме во јуни да ни се јават, јас сум па многу позитивна дека одма ќе се адаптира....
Јас имав, млеко тетрапак само во кашички и онака не им даваат да пијат и дома не и давам сеуште, на АД е и белка некаде на 9 воведов додека траеше период на адаптација и сок од портокал на 8 месеци