Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. NadjaJo

    NadjaJo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Имаш право, може сега дека е уште многу мала 4 месеци и во фаза на пискањето и немам претстава за на 8 месеци што ќе биде. Да не ни ја вратат хахаха
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    Мајки дајте ми предлог што да почастам во градинка за прв роденден? Нејќам крем банана, чоко бисквит, лижавче мали се нели нема да ги јадат. Шмукалче? ама па тоа големо е дали ке го собере во тие паковките...има ли бисквити некаде запаковани по една? што носевте вие?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.345
    Допаѓања:
    31.269
    Пол:
    Женски
    Има чоко бисквити у Стокомак, со Paw patrol ги имам гледано, по едно пакувано.

    Јас за прв роденден не частев ама тие шо частеа ставаа стварно глупости, јас затоа и одлучив да не частам пошо деца од година дена со шо благо да ги тровам, не гледав поента

    А тука низ темите се имаат вртено добри идеи
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    а барни чоколатче би јаделе? или животинско царство и плус мало играче нешто ситно? незнам...
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    1.455
    за месец дена ќе полни ќерками 1 год , јас мислам ништо нема да почастам ( веројатно ни тогаш нема да јадат сите, само бонбоњиера на учителките најверојатно ) а кога ќе се во прва мала група тогаш ќе е подруго, сепак ќе видам до тогаш..
     
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
    Кај нас пакетчињата ги праќаат за дома, не му отвораат таму.
    Имав спакувано сокче и крем банана. А плус пратено бебешки смоки и грицки за таму да им стават за ужина во времето.
    Реално кога ќе донесе дома ќерка, зависи што има внатре, па решавам што ќе дадам на дете да јаде.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Кај нас шмукалчиња носевме повеќето. Можеш да ги обложиш со нешто или машничка да им ставиш.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    во што ги ставате? да земам некоја корпа, нешто?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Прашај дали смееш овошје да однесеш, па можеш по едно шмукалче и една банана да врзеш со машничка. Секако за дома праќаат, па ќе им дадат дома родителите. Или па само едното или другото ако не сакаш 2 работи. А инаку во корпичка или послужавник нареди ги, па некако на тоа ќе боцнат свеќичка и ќе пеат песничка децата.
    Верувај малку им треба на дечињата, поважно им е да се соберат, да прослават, да пеат :inlove:
     
    На снежана2023 и sani99 им се допаѓа ова.
  10. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    1.455
    Убаво би било, да.. само што не знам дали и кај нас дозволуваат , треба да се праша секако а и слики не дозволуваат онака од мерак за спомен да си имаме, ама тоа е
    кај поголемите групи без гајле
     
    На снежана2023 и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Да, не смее слики ни кај нас. Во јасли за големиот не смеевме ни храна да носиме, ама тогаш ептен корона беше и имаше рестрикција за се. Тогаш имав купено хартиена една подлога како торта (2Д), капчиња за децата и свирчкиња такви што се отвараат кога ќе дувнеш. Пееле песна, кое играло, кое лазело околу, му се направило кеиф на славеников мој. Ниту разбира ниту памти ниту му е битно што сме носеле. Битно му беше што тој ден беше он во центар на внимание :D
     
    На Трагедијаупмм и sani99 им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
    Кај нас пак цели фешти се. Слики, снимки, во приватна група тоа пратени, не јавно.
    Последно имаа родителите и цели декорации со балони и торта донесено за сите деца.
    За некаква забрана засега не споменале.
    Инаку во поголемите групи сум видела и корпа со овошје врзано со машнички да се носи, место благо и грицки.
     
  13. Gummy bear

    Gummy bear Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2024
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Јас нема да давам мали се. А носат кај син ми за прв од дм тие бејбилов за шмукање. Со лепенка на нив среќен роденден
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    2.851
    Пол:
    Женски
    Не можам да најдам слика да ти опишам идеава. Значи најди нешто округло стиропор или од картон направи како торта округла, можеш и со украсна хартија да ја обвиеш. Одоколу стави шмукалчиња, врзи ги околу со лента и панделка. Во средина ќе боцнеш во картонот стапче со бројка 1, или напис: името полни една година. Ќе ти дојде како торта, а на децата ќе им ги дадат шмукалчињата.
     
    На Трагедијаупмм, снежана2023 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    Fala ti ubava ideja e moze taka da napravam samk na kakva hartija da napisam?
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
    Ако пишуваш рачно сигурно Џамбо или Офис плус и слични има подебела хартија, крафт или како картончиња.

    Евентуално да си направиш дизајн и да ти го отпечатат. На околу 250-300 грамска хартија. Во графичките студија им е познато.

    Пример хартија
    https://www.officeplus.mk/filterSea...=0&vid=0&q=136111&sid=true&isc=true&orderBy=0
     
    На Bubamaricka и снежана2023 им се допаѓа ова.
  17. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    2.851
    Пол:
    Женски
    Можеш на обична и да ја залепиш на картон, или еве ти дала Мисс убав предлог. Во Офис плус имаш избор и за украси самолепливи. Можеш и на секое шмукалче да врзеш картонче мало со коноп или конец со името и роденденот да знаат кој славел.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    можеш да ги ставиш во оние како цилиндар големите кутии како торта што се со капак.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.129
    Допаѓања:
    10.498
    Пол:
    Женски
    Жити се?! И во јасли ова?!

    Јас за големава не сум носела ништо кога правеше годинка, ни за мали сега планирам. За бебиња грицки, благо не иде, а и секако појма немаат од животот, роденден ќе знаеле дека им е. На учителките по едно рафаело бомбоњера и ајт.
    Кај нас во градинка има забрана за фешти за родендени кај сите групи. Смееме само крем банани да пратиме за децата, а они секако си слават, песнички им пуштаат, пеат Среќен роденден.
     
    На Izzy_0504, sani99 и Gummy bear им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
    Во јасли кога беше најчесто за деца имаа пакетчиња или хартиена торта. За воспитувачките кој само бомбоњера, кој цела торта. Битно за секое дете имаше по нешто донесено.
    Моето дека во помалите во група фативме 2-3, прв роденден и за останатите деца втор роденден.
    Фештиве сега се во прва мала група.