Мене ова ми е претеризам. Торта во градинка, декорации од балони.... Убаво си направиле кај нас во градинка со забранава. Баш од вакви работи инспирирана е. Си ги "мереле" родителите кој повеќе ќе донесе, па реагирале родители кои не можат да си дозволат многу, а деца бараат, гледа другите имаат, и капут забрана за се, на крем банани цела градинка.
Моите близначиња тргнаа во градинка пред 2 недели т.е оваа им е втора недела,до 11.30 се оваа недела. Во главно се ок,не плачат,само женското не сака да јаде,дали бунтува кој ја знае што мисли во главчето нејзино. Знам секое дете различно,секако зависи и од негователки,ама сакам да видам искуство ако некоја мајка е имала,дете што не сакало да јаде на почеток и колку време е трајал тој период.
Пред дремка го земав. Сабајле дома јадеше доручек, па го носев, таму ручек само да пробаат да му дадат. Им ги фрлаше чиниите дури. Преку ноќ реши да почне да јаде, ко ништо да не било пред тоа.
Моите годинка уште малку ќе бидат,сум пробала и да не ги дојам пред градинка,као нели гладна да биде,јок брате уста несакала да отвори. Штрајк со глад дефинотивно. До дремка ти така сакаше дека не јаде или негователките така налагаа? Прашувам бидејки ми е непознато,со поголемата ќерка немав таков проблем.
Моето 10 месеци имаше кога почна во градинка. Сите комбинации ги пробавме за јадење и пак одбиваше се додека сам не реши дека ќе јаде. Инаку во договор со негователките го земав пред 12, ама ни мене не ми се оставаше гладен да седи цел ден.
Дали и вашите се вознемирени кога ќе ја видат градинката, кога ги оставате и ги земате вознемирени? Знам дека сите плачат, ама еве 4 месец адаптација уште е така.
Здраво мајки. Синко веќе 3-4 месеци е во јасли и освен што поткашлува и нон-стоп е со растечен нос, други проблеми не сме имале. Изгледа дека му е интересно таму и сака да оди. Е сега доаѓа период на одмори, слушам спојувале групи па ме интересира кога од прилика почнува тоа, по колку деца смеат да стават максимум во група? Инаку во Кочо Рацин сме.
Кај нас јасли не спојуваат, прашај може и кај вас е така. Големата лани беа споени 60 деца со 4 учителки, во две големи занимални.
Здраво мајки, чаре со нејадење у градинка? 11 месеца сме, до 15:00 почна оваа недела да седе ама не сака ништо да јаде, само сокче кога им даат пие и водичка си пие. И лебче некогаш. Не знам гладничко како ми седе детето ама со надеж дека ке се науче..
Дали некој носи бебе во јасли во градинката во Ѓорче кај Мирче Ацев ?? Се носиме на адаптација од 25 март и немаме седено повеќе од 2ч .. има ли некој да каже искуство
Кажи им дека не можеш веќе да го зимаш за толку кратко, премногу време е тоа 3 месеци за адаптација ни до пола ден. Те мафтаат може имаат многу деца па да им олесни или ако работиш од дома да знаат дека можеш да го земеш порано.
Јаа идам меѓу смена .. нит гледам дете нит па јас можам да се видам сама себе .. им кажав дека неможам да се снаоѓам веќе ми викаат што е до нас остави ама цело време плаче ако фати од плачење ларингит немој после ние да сме криви .. а ја измесуваат цела липта неможе да се смири дури доаѓаме дома ја оставам за да идам на раб ја чува или мајка ми или свекрва ми и дури во спиење липта прва дремка ..
3 месеци адаптација премногу е тоа. Редовно одите секој ден по 2 саати или прекини има? Остави го во понеделник до 12 ќе го смират, сигурно нема 4 саати да го слушаат како плаче ќе најдат начин.
Нормално е да и е тешко дека ја оставаш ама до сега да сакале верувам ќе и нашле чаре, им одговара да седи помалку и тоа е тоа не се замараат. Остани си со став дека мора барем недела дена да седи пола ден дека нема кој да ја чува и земе порано, и после по цел ден да видиш како ќе можат. До сега требало и да пробаат да и дадат и да јаде и да ја заспијат, предолго е три месеци само по два саати адаптација какво дете и да е нека не те плашат со ларингити и чуда.
Мајка разбирам дека ТИ е тешко заради плачењето...ама немој...пробај еден ден остави до 12 барем...нека плаче...ке ја смират верувај ! Ке најдат начин....Едноставно кажи им немам веќе опција кој да ја чува и тоа е тоа. Па и они ке сватат посериозно работа. Имаат осетено дека има кој да ти ја чува и затоа не се ангажирани околу тоа да ја смират штом плаче .
Многу пати имам кажано и џабе неможеме повеќе од 2ч толку може да издржи плаче корне и тоа не дозволуваат порано од 9ч сабајле да ја носиме ..