Јас сега се мислам за да неиде мајка ми на раб веќе и онака е непријавена и и е тешка раб а има проблем со нозете па да ја чува до нареден септ ... и онака може од септ да ми ја бараат мрп за да иде градинка а јас немам план да ја ставам докај 3год а може нема ни тогаш. Несакам да остане жената дома и затоа удовлекувам со се ова ама веќе нерви немам.. не сум свртрна дома стани направи за јадеее нарано дете однеси градинка врати се дома посреди за 2ч иди земи донеси дома остави дете иди на раб од 12 до 19ч и цел ден на раб .. ни дома си средил ни дете си видел ни ти си се средил хаос ..
Види од мое искуство- нема подобро од дете во градинка. Да ке ги фати сите болештини ама подобро сега отколку покасно. Да не зборувам за делот социјализација.
Како и да е, не се секирај не е твоја вина НИВНА е. Затоа се таму , за да помагаат во адаптација. А не , не можеме, плаче.
Премногу е ова , оди и збори со директорот обавезно. Јас ја пуштив малата од 8 месеци во март и се до ден денес уште плаче премногу , ми спомнаа ама си останува на спиење до 16часот. јас им пререков во април дека демек морав да одам на работа а тогаш бев слободна ама морав за да ја навикнат додека бев дома. Сега малата повеќе плаче за разлика од син ми ама тоа е , мора да се навикне колку и да е тешко Од утре ќе се спојат групите
Буквално ме нервираат веќе во јасли искрено...ми рекоа најкасно до 15,50 да се земе малата од јасли , и замоливме за уште 5мин и ајде океј.. ама искрено мене ич не ми одговара, јас сум од 8 до 16часот и додека стигнам ќе ме фати 16,15. со мајками се договорив, она да излезе околу 15 и пол а јас да трчам да стасам барем да помагам дека и син ми го зимаме од градинка на работа замолив за разбирањето, ако доаѓам пред 8часот и да излезам барем пред 16часот и ми рекоа ќе се договориме соодветно за задачите Сепам трпам за да излезам за да ја зимам кога работното време им е до 17часот Каде да се пожалам?!
А што да правиме ние што сме на работа до 17 часот и немаме кој да го земе детето? До 18ч работат јас колку што знам градинките. Какво е тоа форсирање? Осеќам дека многу ќе се карам кога ќе тргне моево во градинка наскоро.
Nemoze da izdrzat do 17 gladni ke se..jas ja zemam vo 16 pregladneta e nakaj 2, 2 i nesto uzinka imaat i toa..samata negovatelka nas ni kazuva nie sme do 16:30tuka mali se gladni ke se a i vistina greota se do 17,18 so mala uzinka moeto samo saka nesto da grize, da jade
Буквално катастрофа, вчера ги замолив пак барем до 16.15 Рекоа дека неможе , овие 2 месеци ќе е така заради одморите што се почнати а од септември ќе видиме што како здравје ќе сме се договориле Се изнервирав еј , ја малтретирам мајками да трча од работа да стаса на време и да ги земе децата кај поголемото нема проблем, ама кај малата во јасли мора до 16часот.....
Да, гладни ќе се ама барем за 15-30 мин да ја почуваат додека стигнеме немаме сите исто работно време , нема секоја баба сервис искрено не е фер
Епа добро што да правиме еве решение? Мајка ми живее на 100 километри, свекор е во дом неподвижен, јас сум до 17, маж ми 16:30 завршува. Како да ја земам?
Кај моето во јасли преку лето заради намален број на персонал исто ни беше кажано, пред 16ч да бидат земени децата. Ако не стигнеш до тогаш, се префлаа со дежурна негователка заедно со поголемите деца од градинката во друг дел. Мојот еднаш остана 15 мин, премале од плачење, се тресеше кога го извадија. Непозната негователка, непознат простор, непознати деца. Па од работа ми излегоа во пресрет, порано да излегувам за да го земам. Комплицирано за нас, ама и негователките ги разбирам, им завршува работното време, не се должни да остануваат. Кај нас ете имаа организирано опција за тие што не можат да ги земат до 16ч, е сега, тоа што за мали мој не одгоараше е друг муабет.
Исто јас и сопругот сме до 4 на терен, треба 3 ипол да тргнам и 4 да сум влез скопје, од автокоманда до хром имам сат време во гужвите, сопругот исто. Мора да има можност, па и ако треба да се стави ужинка за детето. Лани кај колешката во аеродром даваа по кеса овошје, ја носеа дома вика неможам да дотрошам, џем правеше. Може некое овошје да се даде.
Знам и за тоа, колешката ми кажувала дека ги префрлаат кај поголемата група, сега дали ги закачаат и нејзиното плачеше, ама па со некое другарче што се дружи, родителиве се здружија и заедно ги оставаа. Незнам што ќе се прави...
Ви прават филмови лето не знам што. Баш заради персонал по одмори се споени групите. За да сепак си има и воспитувач и негувател попладне. Можеби после 4 ќе ги спојат сите останати деца заедно, ама дежурен мора да има. Трауматично е за децава, мојава обожава градинка, ама секое лето плачки беа за одење. И не знам како тоа гладни ги оставаат. Кај мојава секогаш имаат од ужинките во занимална за да си каснат кога остануваат покасно. Пријавете кај директор, па ако треба и во надлежната општина, вака не смее да биде.
Од септември до јуни нема ваков проблем, 4 негователки се на две групи, една остануваше после 16ч и не ги мешаа со поголемите. Ама преку лето се само две негователки за јасли, една иде во 7:30 за прием на деца, другата во 8:30 за да биде тука за доручек. И на двете им завршува работно време пред 16ч. И тоа се опциите, или ќе го земеш детето пред 16ч, или ќе иде во дежурна на куп со поголемите. А тоа со кесите овошје, проект на владата беше, во сите градинки даваа.
Здраво мајки, да прашам што треба за апликација во градинка? Освен онлине што се аплицира дали треба и некои документи физички да се достават? Исто сакав да прашам какво е вашето искуство во јасли низ градинките во Аеродром? Поточно таа кај тобако два не знам како се вика и Црвенкапа? Исто ќе прашав, колкав е периодот на привикнување? Или зависи од детето?