Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Мене таа градинка мн мала ми се гледа ни двор ни ништо нема.. а толку многу деца запишани. (facepalm) Комшивка тука од зграда нејзиното е поголемо вика 25 машки во група биле и неколку женски хаха лудо и незаборавно. Секако ќе бараме неделава што иде да се среди раб .
     
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.716
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Нас од Александрија не не примаат во Карпош 8) Стевче љут дека нови згради му направија он пари не зема и сега ќе си чекаме за градинкиве во Ѓорче. Калинка и мене најмногу ми одговара ама нема да биде секако со 230 деца на чекање. 90% ќе биде приватна во Карпош некоја, јас вероватно во септ 2026та ќе ја пуштам па ќе следам ситуација се мислам дали и да поддавам документи за државнава .воопшто.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.435
    Пол:
    Женски
    Да можев одма би ја пуштила во приватна без да се мислам, ама моментално финансиите воопшто не го дозволуваат тоа. А душа ме боли во државна градинка што ќе треба да оди на неполни 9 месеци.
     
    На MariaBouli и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    13.126
    Пол:
    Женски
    Мојава одеше во приватна еден период дека не ми ја примаа во државна одма.
    По некое време ја префрливме во државна, на 5 мин од дома.
    Не знам дали нас ни се погоди градинкава и учителките, ама многу позадоволна бев од државнава.
    Конкретно во Литл ми беше мојава и освен добра реклама ништо друго немаат. Ниту еднач не беа децата надвор изнесени, активности само за на слики, а за јадењето да не зборам. Органско, вакво такво, абе врска немаше. Млеко ќе и даваме какво ќе кажете вие. Аха, да.
    Болестите се исти, иста е фрекфенцијата на разболување
    Во државнава барем ги враќаа болните од врата, во приватнава оставам јас дете и уште еден татко доаѓа и вика "ноќеска имаше проливче и повраќаше, ама нема тт , дајте му ориз нека јаде денес"
    И во државнава имаше такви родители, реално нема што немаме поминато со детево, Козле и Систина за добро утро ни беа, ама прекрасна соработка имаше со учителките (со исклучок на една идиотка лани, ама со петиција ја тргнаа одма).
    Толку убаво ги научија децава, такви убави навики им створија не можам да опишам. Секаде ги шетаа. Пазарче, аеродром, по села со воз, плоштад, зоолошка....
    Е болештии куп имаше, ама каде нема. Се расправав со родители, малку осет да се има, за некој е само растечен нос, за моето е пнемонија. Ама тука е до свеста на луѓето, нема врска со установата.
    Па сега кога завршија сите колективно си поплакавме.

    Муабетот ми е не е се така волшебно во приватниве. На разговор ветуваат брда и долини, а реално врска нема. Едино дечињата од Колорес во Карпош се често во парк гледам.
    Пак ќе кажам, може нас ни се погоди државнава и учителките, ама во однос на педагогија ми беше класи над приватната, а во однос на хигиена и јадење на исто ниво.
     
    На karak, MariaBouli, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    10.643
    Пол:
    Женски
    А што им фали на државните?
    Еве моите две деца одат во државна во Карпош 3, едното од 9 мес, едното од 11 мес. Секогаш се најадени, пресоблечени, наиграни и среќни. Се радуваат кога одат во градинка, големата трча накај градинка. Малиов кога го земаме, се гушка со негователките, не сака да си оди.
    Не се сите државни градинки со искомплексирани негователки и без основни услови за деца.
     
    На ray111, karak, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.435
    Пол:
    Женски
    Од ова последново болдираново ми е најмногу страв. Во оваа градинка кај што поднесовме одел маж ми од годинка до прво одделение пред 30 години, свекрва ми од времето презадоволна е, ама сега немаме никој близок и не знаеме како се условите моментално. Буквално ја гледам од тераса, секој ден тодлери се во дворот под сенка, имаат активносри, пеат, цртаат.
    Да не имаш некој во градинкиве низ Аеродром да споделиш искуство?
    Инаку апсолутно тие пари што би ги дала на приватна ми е 200 пати подобро барем пола да и ги инвестирам на неа на депозитот што го има за утре да си купи нешто вредно.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    10.643
    Пол:
    Женски
    Уф не знам за Аеродром, нека пише некој како е.
    Кај нас е реновиран стариот дел целосно, а големата ми е во нов дел кој се отвори преклани и они беа прва група таму, импресионирани сме, Монтесори стил е тој дел. Јасливо каде што е мали, сум влега, големата кога беше бебе, огромна е занималната, реновиран под, прозори, лани покривот на цела градинка го менуваа, стварно не можам лош збор да кажам.
    Имаше една занимална нереновирана, се бунеа родители, за месец дена ја средија цела.
     
    На kozuf, Baby warrior и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.444
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Дворот е позади.
    Абе до три години ми треба само. После ќе ка префрлам кај нас пред врата имаме.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    ова е за таа кај Лептокарија? јас се мислам меѓу таа и другата во Карпош 2 кај Тинексот. Во Карпош 2 сто пати повеќе ми одговара, ама не знам некој да сподели искуство од таму.

    А за приватни... работев во една. Предавав англиски на сите групи така што сите знам како што беа. Искрено - до учителките е најмногу верувајте ми. Има такви што сакаат да го работат тоа и се залагаат и имаат и активности и се, а има други што одат за плата.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.463
    Багуфче сестра ми сите 3 ги носеше во Лале тука во Аеродром, последното уште оди. Имало ситуации ама генерално е супер задоволна. За таа кај тебе не знам да споделам искуство. Е сега она ниту едно нема пуштено толку рано како јас и ти што ќе ги носиме. Првата на 2 ипол години, втората на 2 и третото ако не се лажам на 15 месеци. Јас немам проблем со одење во градинка, сакам да оди ама не сакам од толку мала. Претрагично го доживувам тоа како да ја изневерувам се чувствувам. Дали прво дете дека стварно не знам како ќе се помирам. Ќе биде плачки и она и јас.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Јас исто размислувам еве летнаа 3 месеци, ама моево незнам ни до 8 вика ортопедов дали ќе седи стабилно, за храна пробување матичниот вика подле 6 месеци да и се развијат и тие сензори... така да ќе земам некои боледувања како прематурче ама не ми се остава во градинка ни од годинка. Ќе менувам работа сигурно... не ми се издава лиценца така и да седам дома има секакви будали...ќе мислам месециве.
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.463
    Моево е 36та родено тоа мислам не спаѓа во прематурче инаку и јас ќе барав такво нешто. Ама гледано по неа сите мајлстонс ги пофаќа еден месец подоцна од кога е родена.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    10.643
    Пол:
    Женски
    Да кај Лептокарија.
    Таа во Карпош 2, летно време децата кај нас ги носат, тоа може да е проблем за детенце на непознат терен. Не знам какви услови се внатре, сигурно ок е, зашто е под иста дирекција ама кај нас мислам дека највеќе ја одржуваат дирекцијата е тука.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.137
    Пол:
    Женски
    Од ортопед тогаш ќе си земеш боледување, мислам дека 3 месеци сигурно ќе добиеш.
     
    Последна измена: 18 јули 2025
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.435
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам, исто и јас. Плус никогаш досега не ми била ни болна ни настината, а треба да почне во есенско-зимна сезона во период на најголеми вируси и не знам како ќе успевам ако е болна да отсуствувам од работа за да ја чувам. Немаме кој да ја чува ни еден саат, не па подолго од тоа. Ем многу мала, ем работното време ми е до 17, она легнува рано, буквално ќе можам помалку од 2 саати во денот да и се посветам. Од тоа ме боли душа најмногу.
     
  16. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    552
    Каде можам да најдам список на градинки низ скопјево? државни и привати
     
  17. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Нашиве може заедно да учат, а и да не се заедно, сигурно се знаат, новиот дел си се знаат децата кој од која група е.
    Инаку со 2 раце потпишувам за Орце Николов Карпош 3 - од јасли, до учителки сега во големите групи, до храна, доктор, услови…
     
    На karak, Tea SK и MariaBouli им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    10.643
    Пол:
    Женски
    Во новиот дел летово се споени сите четири групи, сигурно се знаат :D
    Стварно е како приватна градинка, кога имавме приредба во мај, моите дојдоа да ја гледаат, татко ми не му се веруваше државна дека е градинката :)
     
    На karak и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  19. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Па и пред да ги спојат, со кој у да се видевме на фонтана или во Лептокарија одма се поздравува и вика мама ова Х од кај таа и таа учителка :whew: Сите 4 занимални ги знае кој кај учи, и си играат и надвор
     
    На karak и Tea SK им се допаѓа ова.
  20. mari30

    mari30 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Zdravo! Kolku vreme odnapred treba da se prijavime za jasli? Moevo kje pravi 4 meseci. Nema koj da go chuva kje mora jasli.
    Inaku prvo dete mi e i kako alisa sum. :)