Potvrdi deka rabotite, deka e zdravo bebeto od maticen,kopija od kniska kaj vakcinite i oni ke ti dadat tamu dogovor,prasalnik nekoj,valjda kopii od lk...taka nesto bese
2 дена во градинка, недела ипол дома. Незнам веќе кој ден кој ја чува, само се снаоѓаме некако, стринки, тетки, баби, ама сите работат и само кога се 2 смена по некој саат од сабајле ја чуваат, да сработам нешто јас. До кога ќе ме трпат и на работа вака незнам. Еве сега боледување отворив, и нема да ми е платено, немам 6 месеци стаж, незнаев за ова. Ми се плаче. Не замислував вака дека до волку ќе биде со настинки.
Во аеродром во која градинка има јасли? Јас електронски аплицирав, а случајно разбрав дека немало во секоја
Имаш во таа кај тобако 2,имаш кај црквата св илија и ќе има во новата кај Елена Лука зградата. За новата мора лично да однесеш документи во главната што им е. Иначе фаќај врски има 800 деца на ред, приоритет имаат тие што се со подолго време на живеење во населбата така ми кажаа.
Јас само електронски поднесов. Кога ќе ме контактираат тогаш треба документи да поднесам? Па се смени планот, се јавија кандидати за чување.Така да за сега не ја пуштам.
Јас односно мм отиде директ таму со се документи и гќпроврриле колки време живееме во аеродром иначе мм е 20 г до Аеродром и тетлицатс му рекла имате приоритет зашто имало многу што чекаат а биле со 1 до 2 г живеење во аеродром и секако врски бркаме, подобро да одиш лично
Си мислам и јас тоа. Ама не знам од кога ќе ја пуштам. И што да им кажам. Работава раѓајте деца а на крај не можеш во градинка да фатиш место.
Ужас... Можеш да плаќаш 500 денари по месец за да ти чуваат место а може од 8 м па понатака ние ќе почнеме од 8 со комбинирање и жена ќе си барам барем до годината, после нема чаре мора градинка....
Јас кога аплицирав електронски во јули, ми се јавија по неколку дена со општи прашања и ми рекоа да очекувам повик за 1 месец кога ќе бидат уписите т.е. крајот на август. Искрено, во градинките во Аеродром зборам за клоновите на Срничка работата е кој има поголеми врски, ова колку долго живееш во населбата прв пат слушам. Ние сме од друга населба ама живееме тука под кирија.
Епа добро е. Има надеж. Јас аплицирав септември. А нели групите ги прават август па за тоа може не ми се јавиле, шо знам.
Ај жени инфо, дали секаде во јасли се по максимум 15 деца? Се нема слободно место, детево на работа треба да си го носам очигледно...