Искуства со бебе во јасли

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 6 ноември 2021.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    3.527
    Пол:
    Женски
    Женски некоја искуство со јасли во Корчагин објкет Пинокио?
     
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Дали може да се запише детето во друга општина, а живеалиштето да е во друга? И на кој начин, врски или? Или па да се запише прво на едно место, после може да се премести?
    @LadyR ние сме во слична ситуација. Поблиску ми е градинка во Карпош ама зградава е под Ѓорче :/ Ја запишавме во Ѓорче кај мирче, каде ја запишавте вие?
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Можеш со врски само јаки да запишеш во друга општина, инаку за трансфер од една во друга се почнува процес од почеток, на листа на чекање
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Не можеш во Карпош да ја запишеш ако сте по ЛК во Ѓорче.
    Јас лично сум од Карпош ама другарка е од Ѓорче сакаше да го запише во Карпош, со врски на највисоко ниво, не успеавме да го запише. Инат е Стефчо, треба нешто од корист да си му, за да попушти.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.887
    Допаѓања:
    24.729
    Пол:
    Женски
    5 деца од Ѓорче ги знам, што се во вашата градинка. Со адреси во Ѓорче, ама со ,,мито” запишани се. Две ги знам и после градинка, што се во школо веќе, исто во Карпош.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Значи, дебели врски како и за секаде..
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Страшно, не сум била во овие работи запознаена.. пред да се роди џивџанов јас муабет за деца избегнував си викав ќе си мачам ум кога ќе дојде време. А сум слушала муабети незнаев дека треба врски за градинки... ама еве имам кума и кумашинка 40 год во градинка работеа двете, ова е заради пренаселување на Скопје, порано не било проблем толку за градинки како сега. А и многу родители знам во близина што фаќаат место и може буквално цела година да не пуштат дете значи дојде следна година уписи, незнам и тоа колку е фер да не навлагаме. Ќе се бара чаре некое.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    2.181
    Пол:
    Женски
    Јасли 1: 8-18 месеци
    Јасли 2: 18-24 месеци
    или мешано 8-24 месеци, зависи од градинката.
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.887
    Допаѓања:
    24.729
    Пол:
    Женски
    Дап…
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    3.527
    Пол:
    Женски
    Ама изгледа зависи од општина до општина и веројатно бројот на деца. Ние во центар двете деца без никаков проблем без врски ги примија во градинка во Корчагин.
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.887
    Допаѓања:
    24.729
    Пол:
    Женски
    Колку млади со мали деца има што живеат во Центар, а колку во Карпош, Аеродром, Ѓорче?
    И во една од центарските градинки, јасли е 15 деца, во Хром се 34.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    946
    Допаѓања:
    684
    9 месечно бебе цело време е во креветче или ги пуштаат да лазат на под?
     
  13. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    3.527
    Пол:
    Женски
    Ама затоа реков зависи од општина до општина, само споделив искуство. Корчагин јасли не знам колку ќе се точно ама се над 20 мислам.
     
  14. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    1.605
    Пол:
    Женски
    Moeto e vo korcagin prolet, 23 na spisok odat od 9 do kaj 13 deca otprilika
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    3.527
    Пол:
    Женски
    Адаптацијата во Пролет ви беше или? Мојов септември ќе почне во Пинокио, големиот е во Палешка.
     
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.916
    Допаѓања:
    178.249
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава и просто не можам и не можам да поверувам.
    Прво, да не се разбереме погрешно. Немам апсолутно ништо против врски.
    Ама ...
    Како бе мајки ?! Врски да се фаќа за детето да ви го запишат во градинка?!
    И добро , што ви велат кога ќе одите да го запишете?! Нема место ви кажуваат? Ви нудат ли барем друга градинка, некое решение ви понудуваат ли ?!
    Озбилно не ми е верно што читам дека има родители кои не можат детето да си го запишат во градинка.
    Па и дебели врски требало.
    И што испаѓа ова?! Нема место регулар, ама ако фатиш врски ќе најдат. И како го наоѓаат тоа место ?! Ставаат појќе деца во групата од што е регуларно , или како?!

    Пак да повторам, воопшто не ве осудувам вие што фаќате врски. Сигурно и јас ќе сум барала такво решение.
    Ама нели е жално бре да не можеш дете да запишеш у градинка.
    Ми се плаче, сериозно ми се плаче :(
     
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Да жално е ама нема избор, борба за опстанок буквално. Еве јас со врски ја запишав од денес за утре и веќе знам дека е примена. За сметка на мојата и на такви како мене ете биби е одбиена ама.. Што да правам, нема кој да ми ја чува треба отказ да си дадам. Никој не ми кажа нема место, знаев дека ми требаат врски се јавивме и толку беше.
     
    На Bubce38 и Tea SK им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Во Аеродром, Ѓорче и Кисела Вода баш така ти викаат, нема место, 100 деца на листа на чекање, барај си врски. И рачунај секој преку некого се знае и кој ја фати појаката врска, тоа дете го примаат.
    И да, ги полнат групите повеќе од дозволеното, затоа во јасли во Аеродром се 30 деца, а во Карпош се 15.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Во градинка кај нас хром 200 деца чекале на список и во ѓорче општо све е полно и мн чекаат. Од ѓорче идат во хром, од хром во карпош. Може да се запише дете во др оштина ако двајцата родители работат пример во центар или карпош.
    Катастрофа е жива. Сестрами и за аеродром врски фаќаше. Се реновираат некои па хаос нема све се напикани во една. Мора да се фаќаат врски затоа што приватните се мн скапи, жена да најдеш исто... а нема кој да чува дете.
     
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.916
    Допаѓања:
    178.249
    Пол:
    Женски
    А од тие 100 што се на листа на чекање ако некој родител е согласен детето да му оди во Карпош, а они се од Аеродром , ќе им дозволат ли ( без врски ) ?