Blaze si ti cim znaes jas na igli sum za 2 deca ne znam dali se primeni a ke pocnuvam na rabota a zena ne se naoga za 2 dena a ako dadam otkaz posle nema da mi gi primaat deka nevrabotena I taka vo krug...
Може со потврди дека двајцата родители работат пример во карпош, центар.. надвор од својата општина и детето да се запише таму, демек поблиску до работа да му е на родителот. Распрашај се.
Официјално без врски не. Пред 3 години изгласаа на совет во Карпош дека може само деца кои родителите се по лк во Карпош или со договор за ќирија постар од 18 месеци. Еден куп деца од Хром ги испоотпишаа тогаш.
Јас не сум од Скопје. Се натажив коа прочитав дека Не секој родител има право и можност д си го запише детето во градинка. Мене дури не ми се верува. И затоа се вклучив у дискусија. Ме интересира дали има алтернатива некоја. Јас не работам , можам да си го чувам дома . Ама син ми оди од 19м во градинка. Кај нас нема таков проблем , си има место во сите градинки ( 3 имаме). Многу жално ова за Скопје
Да не бидам сфатена погрешно, и мене да не ми ги примат децата градинка ќе нема кој да ми ги чува. Но од друга страна па искрено не знам што е "подобро" односно "полошо". Жално што не може секој да си го запише детето регуларно во градинка, ама па од друга страна и нема услови. Како 2 или 3 учитечки/негователки можат да се справат со 30 бебиња!? Физички невозможно е. Греота е за децата. Знам пример за Охрид каде негователката и рекла на мајката бирај дали сакаш детето да ти е нахрането или преслечено, двете не може да се постигне со толку деца. И ај сега што да се одбере? Најадено ама со спалено газе и водено од што е непреслечено или па стокмено чисто ама гладно. Ни едното ни другото не е ама ич во ред И сега од една страна родителите немоќни нема кој да им ги чува децата, не се живее со една плата, од друга страна па, не секаде децата се згрижени како што треба.
Општ хаос се градинкиве. Многу сум разочарана. Големата не ми ја примија кога ја запишував, па ја пуштивме во приватна, па стандард куп врски за градинката до нас. Прекрасно си помина детето. Е сега не ми е јасно, детево завршува, си оди од градинкава, а малово ќе треба да почнува. Нели олеснително беше за две деца од иста фамилија? Плус можам да кажам дека истото место е нели, малово го презема од големото. Ама не, врски, врски, врски. Преку глава ми е, нешто што најмногу мразам се врски. А како капак ме прашуваат дали сум нашла врски детето да ми се падне кај некоја си таму наставничка, најдобра била. Значи не, не сум барала. Каде се падне таму. И се осеќам вака како најлош родител. Го утепаа образованиево, од почеток до крај. Да се фати само усвет од играчкава наречена држава.
@Bubce38 , и јас во помал град ама со врски што е реалноста почна ќерка. За јасли многу деца, малку градинки во градов беа со простор за јасли. Во цел град дали 100тина деца или помалку се примаа. За поголеми групи може полесно да се најде место ама пак тек-тук, некој муабет од некаде да се пушти. Запишав дете малтене кога имаше 6 недели, ми рекоа ќе си чекаш да ти се јават. Дали ќе биде по 8 месеци или по 18 никој не знае. Во главно ни беше битно да е на список, а тек кога веќе баравме врски, беа за било кој дел од градот, макар и најдалечната градинка. Може ќе се менува натаму нешто во сето ова и ќе има место за сите ама засега е како што е. Плус фактот што групите се преголеми. Ретко која од помалите групи и помали простории ви градинката е со 20тина деца. Како растат така и до 30+ се, што реално нема простор каде да движат толку многу, а не 100 активности внатре да имаат.
Еве нас директ уште пред скоро година, кога ја запишувавме, ни рекоа да си фатиме врски, ако сакаме да почне во септември во градинка…
Имам другарка до гради ката во Хром живее. Две деца, година дена и се разлика. Едното го примаат во таа во Хром, другото во таа кај Мирче Ацев школото….
Ako ima mnogu deca a malku negovatelki ic ne gi gledaat, pogotovo jasli sigurna sum deka placat cel den zajduvaat, se plasam deka I so moeto dete taka ke bide
Кај нас групата почна со 13 деца ,прва мала. Наредната година се покачи на 16 . Овој септември не знам колку ќе има, ама не верувам да се повеќе од 20. Сум слушнала дека последната година, таа најголемата група може да достигне и до 30тина деца. Веројатно имаат место ,што знам Ама кај нас децата обично седат по 6ч. Обично од 8ипол до 14- 14:30. Мојот само( и уште еднондевојче ) најрано одат ,од 07ч и седат до 14ч. Кај нас после 15ч мислам дека нема ниедно дете
Дете може се запише во градинка и по адреса на работно место, знам неколку луѓе што така ги имаат запишано децата во други општини. За второво и јас се мислам така, мислам преку глава веќе од мољакање за ова.
Не сум знаела за ова, двајцата сме со работа во центар а во ѓорче/хром нема шанси да ја примат … мене што зборев со луѓе ми рекоа џабе и ќе поддавам документи, немаме врски за градинка . Во центар каква е ситуацијата со места знае некој?
Мајки има ли некоја искуство со бебе во јасли во Колорес во Карпош? Или со во Јахја Кемал градинката? Сега ве читам дека во Карпош и државните биле ок и имало место, јас некако од старт мислев дека се ужас и мора врски па бев на мисла во приватна да ја пуштам малава а и најблиску ми се Колорес и Јахја Кемал
Мајки дали може некое мајка да ми опише како е денот во јасли на едно бебе/дете 12м што има? Од-до колку ч? Што прават дали освен во креветче ги вадат надвор или штознам мојата не спие без да ја нишам што би правеле таму? Или едноставно во државни јасли што се прави?
Не знам за Ск, веројатно е слично секаде. Кај нас, до 8:15 прием. Додека се соберат сите деца ги ставаа во креветче, во 1-2 заедно, да си играат, затоа што постојано се отвора врата, тие продените да не излегуваат. Во 8:30 појадок. После појадок долу со играчки или ако е топло во двор, како заграден дел има градинката. На подлога седнати исто со играчки. Некоја лесна ужинка измеѓу. 11:30 ручек. После тоа успивање. На почеток додека фати ред може и да го нишаат ама долгорочно не. После тоа стануват ужина или млеко кај нас. И веќе од 14:30 па натаму почнуваа со земање на децата ама сепак додека се земи последното, пак играчки, музика пуштена итн. Немаат некоја конкретна програма за учење барем кај нас.