19900 е од месец. Има попусти ако уплатиш 3/6/12 месеци однапред, најевтино до кај 18500 може така да дојдеш од месец.
Од колку до колку часот се згрижени бебињата? Ако имаш повеќе инфо сподели за изглед на просториите/ колку воспотувачки на колку деца итн. Ние од јануари почнуваме со разгледување па да се спремам
Внатре во просториите каде шро се не сум влегла, од мајки што ми кажувале тоа на некоја родителска ќе биде најверојатно. Слики праќаат секој ден, добро изгледа. Ние заради работното време ја одбравме најмногу од 7 до 18:30, бидејќи некогаш ако заглавиме на работа да биде згрижена. Е сега колку се почитува тоа време не знам, не сум ја оставила до толку. Пред некој ден ме фати најкасно дп сега 17:10 тргнав натака да ја зимам, и во ист момент ми пишаа да осам да ја земам дека била кенкава. Стасав за некоја минута - 3 мин со кола ми е од дома. Гледам детето супер си е. А внатре и ламбите изгаснати. Дури ја местев во седиште во кола, гледам и учителката си заминува. Значи моево било последно останато, и не знам дали ми се јавија дека стварно била кенкава или дека последна е. Инаку во јасли се 2 воспитувачки на 15 деца. Си има мени за храна што ќе имаат, ако пие ад си носиш шишенце секој ден. Оставаш пелени, влажни, кремче, ад. Бебето мое не плачи кога ја носам или зимам, мислам дека и е океј таму. Навечер само многу вика во сон, ова почна после два дена од кога ја пратив на градинка. Дали деца плачат таму, и бучно и е и го сонува тоа, кој ја знае.
Срце ќе се прилагоди сигурно и нејзиното мозоче му треба време да сфати што се дешава…иначе за воспитувачката класика муабет … познато ми е од другарки
Сега ти го читам прашањето. Во центар те стават на листа на чекање. Предност имаат децата по адреса на живеење таму, па ако има место ги ставаат и по адреса на работење на родителите. Мене така ми кажаа, дека јас аплицирав во Центар со адреса на фирма моја.
Кога најрано може да се запише бебе во градинка, без да почне одма? Ми се јави директорката дека е примена, дека нема да биде проблем за од јануари да почне (со врски секако), ама некако не ми е сигурно само на збор, а списоци уште нема. На 4 месеци може да и оставам документи во градинка, па да си плаќам додека да почне?
Каде ги има? Ме интересира за Калинка објект, под Росица. Дека аплициравме во Хром, ама ништо од врски не фаќавме и веќе ја запишавме и во приватна, ама ме интересира дали случајно сме примени. Иако знам дека одговорот е не 99.99%. Без врски ни рекоа дека шанси нема.
Ако некоја од вас поминува од кај Калинка, ако не ви е тешко, сликнете ако има список истакнато и ставете го тука. Не ме носи патот натаму ич.
Тие што не ви се примени децата во државна, подобро запишете ги во приватна отколку да барате жена, па пробувајте во текот на годината да ги префрлите во државната. Многу деца почнуваат ама за жал се разболуваат или нема да се навикнат, па ги отпишуваат. Не знам за другите општини ама во Аеродром врски во министерство за труд се бараат, до толку е работата.
Па дека некои имаа пишано жена дека ќе викаат за чување, дали жена дали приватна, исто ти е. Крај краева, подобро приватна отколку работа да изгубиш. Секој со својот есап. Инаку, јас од државна сум позадоволна.
Edno dete e polesno ama jas sega imam 2 I ne znam sto ke Im pravam use malku pocnuvam so rabota a dve vo privatna kosta