Кај нас како рекоа, така и бидна. Не е примена ни во таа во Хром, ни во таа кај Мирче школото. Арно ни рекоа најдете си врски.
Ма да се плукнам искрено во државава. Некогаш ми доаѓа да соберам куферите и да ме нема. За основно право на градинка врски да фаќаш. Кој идиотизам човече. Јас уште веднаш се помирив, и затоа и веднаш ја запишав во приватна. Да ми беше финансиски терет, не знам што ќе правев. Премизерно ми е врски да фаќам за било што. Гледам на сајтот за уписи во Ѓорче 700 деца има што чекаат...
Е да, минимум 50.000 денари треба да ти е платата за да се исплати. Барај начин во други градинки кај што нема доволно деца, некаде по пат накај работа.
20000 е за едно дете во приватна. За две - 40000... Од 50000 ден плата само за патни трошкови ќе и останат плус за да ги носи до градинка. Цените се големи бо приватниве, а во некои општини место во градинка нема ни за лек. А други општини пак не примаат ако не си жител кај нив во општина.
Зачаран круг, го поминав. Сепак останав на работа, ги издржавме тие месеци кога работев што се вика за приватната да ја платам и успеавме да го префрлиме. Лично јас, во ниедна непозната жена немам доверба, а и за детето е подобро да е меѓу деца.
И јас сум со истиот став. Јас со бабите не сакам, не пак со непозната жена. За детето е најдобро во градинка со други деца, каде ќе биде еднакво. И за социјализација, и за интеракција, за имунитет и тн.
Ама битно ќе се фали по социјално мрежи градоначалник, што се направил. А што децава нема кај да си запишеме во градинка и во моја околина со 20 згради, што нема градинка ( една со две групи над 3 години и таму со врски) , е друг муабет.
А бе градоначалниците со се советници и што си вработуваат администрација како секта се некоја. Секоја чест на исклучоци ако има, не сум сретнала до сега. Се оградуваат од сите останати, не можеш да допреш до нив, и мачкаат очи на народов кој се лаже. Гледам направил вибер група градоначалникот на Ѓорче, викам чекај може има опција да се напише поплака, барање вака јавно. Топки, само тој си објавува и се фали како кој знае што да прави, и само може лајк да стискаме. Многу се нервирам. Милион пати е поднесено уредно сѐ за нашава улица да стават лежечи бидејќи се лета, многу често има сообраќајка. Годинава и тројца загинато има. И само некпј изговор - немало школо во близина, била едната половина на улицата на Ѓорче а другата на Карпош... Со количка ми е страв кога излегувам.
Не го разбирам прашањето. Јасли групи има и во државните и во приватните градинки во Карпош, секаде се викаат јасли, вообичаено до 18 или 24 месеци
Здраво, некоја да сподели искуство за градинката Пчелка 2 во Ново Лисиче? Вака некому што спомнавме дека сакаме таму да го носиме детето, ни рекоа дека слушнале дека не е добро таму, па затоа сакам да прашам некоја да сподели искуство
Во Карпош има повеќе приватни, сите имаат јасли. Јас што ги знам се Светот на Колорес, Јахја Кемал, Детско царство, IPS, Пиколини, Green house...
Мене ми рекоа супата што ја јадат таму е со јајце и треба да има пробано. Муабетов од пред 2 години е во секој случај. Може најдобро е во градинка да си прашате.